Вести
Во Србија заболени 1600 луѓе и 44 починати од Ковид 19
Во изминативе 24 часа во Србија се регистрирани пет нови смртни случаи со што вкупниот број на починати се искачи на 44 луѓе. Во изминатиов ден се регистрирани и 150 нови заболени со што бројот на заболени во Србија изнесува 1642 луѓе. Досега вкупно се хоспитализирани 1.046 пациенти, од кои 89 лица се водат како тешки случаи и ставени се на респиратор, изјави на прес конференција на владиниот кризен штаб лекарот Горан Стевановиќ.
Бројот на тестирани лица во Србија заклучно со денеска изнесува 6.401.
На прес конференцијата граѓаните беа потсетени на новите мерки за забрана за движење за денеска (40 часовен полициски час), која почна во 13 часот и ќе трае до 05 часот во понеделник.
Бендот на американски воени сили ја изведе химната на НАТО во чест на македонското членство
Бендот на американските воздухопловни сили во Европа, во чест на членството на Северна Македонија во НАТО, како и Денот на Алијансата во базата Рамстајн во Германија ја изведе химната на НАТО, во нивен
аранжман, соопшти денеска Министерството за одбрана. Во видео обраќањето што беше објавено командантката на бендот Кристина Мор Уритиа и посака на земјата добредојде во НАТО.
„Дел од нашата единица требаше овој викенд да биде во Скопје, но заради пандемијата со Ковид 19, настанот е откажан. Но, ние сакавме да го одбележиме Денот на НАТО и членството на Северна Македонија во Алијансата. Добредојдовте во НАТО!, изјави таа.
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на својот фејсбук профил денеска напиша дека прославата на Денот на НАТО, со гостување на воените оркестри на САД и Словенија, е одложена за подобри времиња.
Трамп го отпушти разузнавачот што го иницираше неговиот импичмент
Американскиот претседател Доналд Трамп го отпушти разузнавачот Мајкл Аткинсон кој што ја обработил информацијата од свиркач во врска со помошта за Украина, што иницираше процес за имичмент на Трамп. Претседателот Трамп го известил Комитетот за разузнавање во Сенатот за неговата одлука.
Аткинсон работеше како генералниот инспектор на разузнавачките служби и беше првиот што го извести Конресот за анонимна поплака од свиркач минатата година во која се опишани притисоците на Трамп врз Украина за да ги истражи демократите Џо Бајден и неговиот син. Неговата информација иницираше истрага, која на крајот резултираше со импичмент на Трамп кој во февруари не помина во Сенатот поради гласовите на републиканците.
Трамп ослободен од обвинувањата за импичмент
Трамп во писмото до Сенатот напишал дека е од „витално“ значење да има доверба од назначените лица и дека поради тоа тој повеќе не е во работен однос генерален инспектор во разузнавачките служби.
Писмото било адресирано до Претставничкиот дом и до шефот на Комитетот за разузнавање.
Пратеникот Адам Шиф го нарече отпуштањето „груб обид да се урне независноста на разузнавачките служби и одмазда против оние кои се осмелуваат да го изложат престапот на претседателот“.
Тој на твитер напиша дека со ова Трамп ја става националната безбедност во поголем рисик.
Нови 53 заразени од Ковид 19 и пет смртни случаи во Македонија
Нови 53 случаи на потврдени пациенти заразени со короноавирусот евидентира министерството за здравство во изминативе 24 часа. Со последните евидентирани денеска бројката на позитивни на Ковид 19 изнесува 483 луѓе. Во изминатиов ден се евидентирани и 5 нови смртни случаи, со што бројот на починати од оваа болест изнесува 17. На клиниката за инфективни болести починале една жена од Лабуништа на возраст од 71 година и еден маж од Куманово на возраст од 77 години кои беа хоспитализирани во исклучително тешка состојба.
Институтот за јавно здравје информира за уште два смртни случаи, жител на Велес кој почина пред неколку дена, а неговиот позитивен резултат е докажан постмортем и странски државјанин кој живеел во Скопје 4 месеци.
Министерството потсетува и дека пациентот од Куманово кој почина на 2 април на Инфективната клиника, а чиј позитивен резултат на Ковид – 19 беше потврден вчера попладне, како случај на позитивен и починат пациент, во статистиката на ИЈЗ ќе биде исто така евидентиран во денешниот извештај.
Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 61 пациент, од нив 11 се на механичка вентилација.
Од ново заболените најмногу доаѓаат од Струга - каде се евидентирани 14 заразени, потоа во Скопје 13 и во Куманово 8 новозаразени.
Министерството информира дека досега во земјава се направени вкупно 4.920 тестирања на Ковид-19.
ММФ ја поздрави одлуката за реформи на Украина
Меѓународниот монетарен фонд го поздрави потегот на украинскиот Парламент кој го усвои законот со кој им се овозможува преку одредени реформи да можат да отклучат милијарди долари за заем . Украина со месеци преговараше со ММФ за тригодишен заем во вредност од 5,5 милијарди долари, поврзан со реформи со кој ќе и се овозможи на земјата да отплати одредени долгови. Парламентот на 30 март гласашеза укинување на забраната за продажба на обработливо земјиште и го усвои законот за банки, но не успеа да донесе ревидиран буџет за 2020 година.
„Ја поздравуваме поддршката од украинскиот Парламент сорасправата зарегулативата насочена кон зајакнување на основите на преструктуирање на банки и очекуваме целосно усвојување на законите. Со нетрпение очекуваме да се усвојат измените на буџетот за 2020 година , што ќе им помогне на властите соодветно да одговорат на вонредните предизвици кои настанаа поради Ковид 19“ изјави претставникот на ММФ Гоеста Јунгман.
Се очекува дека со укинувањето на забраната за продажба на обработливо земјиште, ќе се отвори огромен инвестициски потенцијал во една од најдобрите светски извозници на жито.
Загина човек при експлозија на гас во зграда во Русија
Руското министерство за вонредни состојби соопшти дека при експлозија на гас во станбен блок во близина на главниот град загина најмалку еден човек а неколкумина се повредени. Уништени се неколку ката од зграда која се наоѓа во руската населба Орехово – Зујево на околу 85 километри од Москва. Експлозијата настанала откако на жителите им било наредено да останат дома како дел одстрогите мерки за карантин како превенција од ширењето на коронавирусот.
Медицинскиот персонал да носи заштитна опрема или ќе биде казнет
Медицинскиот персонал ќе биде казнет ако не ги почитува протоколите и редовното носење на заштитната опрема. Ова произлезе од состанокот на Главниот координативе кризен штаб, при што се апелира сите здравствени работници да ја носат редовно опремата со што ќе се заштитат себеси и луѓето околу нив. На состанокот беше препорачано Државниот санитарен здравствен инспекторат (ДСЗИ) да продолжи интензивно со контроли и санкционирање на непочитување на мерките од страна на здравствени работници кои не се придржуваат до протоколите за работа.
Тавилах – Брзите тестови за коронавирус сè уште не се препорачуваат од СЗО
На состанокот беше заклучено да им се препорача на сите донатори своите донации да ги пренасочат за потребите на здравствениот систем и здравствените работници кои деноноќно посветено работат на заштита и лекување на нашите граѓани.
Куманово викендов со забрана за движење
Во Куманово денеска важи забраната за движење, односно полицискиот час кој стартуваше вчера во 21 часот, а ќе трае до понеделник наутро. Владата вчера донесе одлуика со која се воведува посебен режин на движење на граѓаните спречување на ширењето на коронавирусот. Куманово, после Дебар е втор град по големнина на број на заболени по глава на жител.
Забраната за движење во работните денови, од понеделник до петок, ќе важи во периодот од 16:00 до 05:00 часот. За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.
Од општината Куманово во писмено соопштение апелираат до граѓаните при појава на било какви симптоми, кои можат да укажат на инфекција со корона вирус, веднаш да го исконтактираат својот матичен лекар и доколку бидат упатат до болница да не одбиваат хоспитализација ако тоа им е препорачано од дежурниот лекар.
„Согласно препораките на Владата и информацијата од МВР сите граѓани кои имаат потреба за итни излегувања од дома за време на полициски час (потреба од медицинска услуга, работно ангажирање и др.) да го најават своето излегување на телефонскиот број 192“ се вели во соопштението од кумановскиот кризен штаб .
Филипче: Сите информации за Ковид 19 на вашиот телефон
Веб страница и мобилна апликација „коронавирус мк “ е достапна на владината интернет страница со цел објавување на најновите информации за состојбите со пандемијата на едно место. Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот официјален фејсбук профил информира дека од денеска секој корисник на смарт телефон може да ја симне новата апликација и потребите информации ќе ги добива секојдневно на телефон.
„Преземете ја апликацијата од koronavirus.gov.mk/app – следете ги најновите вести, дневни статистики и совети за како да се заштитите од коронавирусот“напиша на својата фејсбук страница министерот Филипче.
При оружен напад во Кабул загина претседателски гардиста
Авганистанските власти соопштија дека при оружен напад загинал еден припадник на претседателската гарда во предградието на главниот град Кабул. Министерството за внатрешни работи соопшти дека друг припадник на претседателската заштитна служба бил ранет при истиот напад. Но, не соопшти дали и двајцата гардисти биле на служба кога се случил нападот.
Засега ниту една група не презеде одговорност, иако за слични напади во минатото одговорни беа Талибанците.
Припадниците на претседателската гарда се обучени од нивните американски колеги како елитна единици која се грижи за безбедноста на авганистанскиот претседател.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете