Вести
Министерот Филипче негативен на Ковид 19
Резултатот од тестирањето за Ковид 19 на министерот за здравство Венко Филипче е негативен. Тој на својот твитер профил напиша дека според проценката на епидемиолозите не бил во ризик, одлучи да остане во самоизолација.
„Негативниот резултат го добивам на осмиот ден од самоизолацијата во која останувам до истекот на инкубациониот период од 14 дена, напиша Филипче.
Тој додава дека сите негови активности и управувањето со кризата со коронавирусот во земјата и во изминатата недела се одвиваат непречено и дека ќе продолжи со он лајн прес конференции и состаноци со Комисијата за заразни болести.
Премиерот и градоначалникот на Куманово негативни на Ковид 19
Претходно техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за образование Арбр Адеми и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски објавија дека и нивните резултати се негативни, откако на 16 април по состанокот што го оддржаа во Куманово со оперативниот штаб, добија информација дека Димитриевски е позитивен на Ковид 19.
Премиерот и градоначалникот на Куманово негативни на Ковид 19
Резултатите од тестирањето за коронавирус на техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, и на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски се негативни. Тие оваа информација ја споделија на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук.Спасовски во својот пост напиша дека тестот е негативен што значи дека не е носител на коронавирусот.
„Согласно препораките на епидемиолозите, останувам и натаму во изолација во домашни услови. Се придржувам до препораките и советите на лекарите, најдисциплинирано, “ напиша Спасовски.
Тој наведе дека и таму своите обврски ќе ги извршува преку дигиталните алатки во самоизолација.
Градоначалникот Димитриевски, пак, на својот профил напиша дека тој и неговата сопруга на своја сметка направиле тестирања во неколку релевантни лабаратории и дека резултатите од сите тестови се негативи.
„ Денеска од епидемиолошката служба при ЦЈЗ Куманово побарав да ги разгледа резултатите од тестирањата, по потреба да го повтори тестирањето и под ИТНО да достават барање за укинување на решенијата за самоизолација за мене и членовите на моето семејство и сите мои контакти посочени во епидемиолошка анкета“, напиша Димитриевски.
Тој додаде дека очекува брз одговор затоа што, како што вели, неговата здравствената состојба и на неговото семејство е добра и немаат никакви симптоми, ниту показатели за инфекција од Ковид 19.
„Ги отфрлам сите обвинувања околу наводната мојата позитивност, анатемата мора да се тргне“, напиша Димитриевски иако на 16 април на својот фејсбук профил напиша дека добил позитивен резултат на тестирањето за коронавирусот.
„Сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги соѓраѓани помеѓу кои сум и јас, “ напиша Димитривекси на 16 април на фејсбук.
Османи и Адеми негативен на Ковид-19
Претходно и вицепремиерот Бујар Османи и министерот за образование Арбр Адеми ја известија јавноста дека и нивните тестови за коронавирусот се негативни. Османи истакна дека според правилата треба да остане во самоизолација уште седум дена по што ќе му биде направен и втор тест.
Нови 30 дена вонредна состојба, министри во самоизолација
Претходно, поради контакт со коронапозитивен новинар, иако имаа негативни тестови, во изолација отидоа и лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.
Пукање во воздух при приведување на осуденик во Тетово
Во Тетово попладнево полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух за да спречи 37 годишник да избега, при негово приведување поради распишана потерница, информираат од СВР Тетово. Приведениот го барала полицијата за издржување на 6 годишна казна затвор поради сторено кривично дело - трговија со луѓе.
„Пред да биде лишен од слобода В.Ф се обидел да избега поради што полициски службеник на СВР Тетово испукал предупредувачки куршум во воздух“,изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Приведениот е задржан во полициската станица во Тетово, по што ќе биде предаден за издржување на казната во скопскиот затвор.
Курти:Тачи пробува да формира Влада без победникот на изборите
Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти денеска изјави дека барање од претседателот Хашим Тачи до Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) да именува мандатар за нов премиер, е обид да се формира влада не само без партијата победничка на изборите, Движењето самоопределување (ВВ), туку и против неа. По одлуката на ЛДК да го кандидира Авдулах Хоти за нов премиер, Курти рече дека одлуката ќе ја оспори пред Уставниот суд.
Авдулах Хоти нов кандидат за премиер на Косово
Тој рече дека последните дејствија на претседателот Тачи во правец на формирање нова влада, откако на сегашната на 25 март ѝ беше изгласана недоверба од страна на Собранието, претставуваат кршење на Уставот и на уставна одлука од 2014 година. Според него со оваа одлукасе создава влада која ќе биде зависна од партијата на српското малцинство,како и од коалицијата која претходно беше на власт, позната како ПАН.
Самопрогласената отцепена грузиска република Абхазија доби нов претседател
Самопрогласената отцепена грузиска република Абхазија денеска доби нов претседател откако победникот на изборите Аслан Бзанија даде заклетва со која стартува неговиот петгодишен мандат. На свечената церемонија за инагурација новиот претседател вети дека ќе работи на поблиска соработка со Русија. Москва ги призна отцепените региони Абхазија и Јужна Осетија како независни нации пткако Русија и Грузија водеа кратка војна во август 2008-мата година.Кратката војна однесе стотина животи, а десетици илјади луѓе ги напуштија нивните домови.
Лидерот на Абхазија поднесе оставка
Од стартот на 90-тите години, Грузија одржуваше кршливо примирје со двата сепаратистички региона, Јужна Осетија и Абхазија, кои де факто се независни со руска воена поддршка.
Но, тензиите се зголемија во 2008 година, кога Грузија ја најави можноста за влез во НАТО.
Делегација на ЕУ: Помош од 66 милиони евра за справување со здравствената криза
За справување со последиците од кризата со КОВИД 19, обезбедени се 66 милиони евра за Северна Македонија, најавени пред неколку недели, велат од Делегацијата на ЕУ. Дополнително, се бара за земјата да се обезбедат 160 милиони евра преку заеми, со цел да може да се справи со фискалните последици, велат оттаму. Првата донација од итно потребни материјали во која има и респиратори ќе биде доделена утре. Во соопштението од Делегацијата е наведено дека поради недоразбирањата кои се појавија во врска со помошта од ЕУ за земјата да се справи со ситуацијата со КОВИД 19, Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија сака да ги ажурира информациите за дистрибуцијата на донацијата.
„Четири милиони евра се за итно потребни медицински материјали, а првата испорака, која ги вклучува и толку потребните респиратори, ќе биде направена утре, три милиони евра се за директна буџетска поддршка – процедурите се во тек и ќе се реализира во наредните недели, девет милиони евра се за директна поддршка за мали и средни претпријатија која ќе почне да се реализира на есен, а 40 милиони евра – фондови, исто така, за поддршка на мали и средни претпријатија, но и активни мерки за вработување за кои се прават последните договори со Владата, со цел првата транша средства да се префрли во Буџетот по завршување на летото. Исто така, 10 милиони евра се алоцираат за евентуални здравствени и други итни потреби кои можат да се јават во иднина, се вели во соопштението од делегацијата на ЕУ во земјава.
Македонски донатори во време на коронавирус
Покрај оваа донација, Делегацијата на ЕУ заедно со вклучените партнери е во процес на подготовка на можно пренасочување на фондовите од тековни проекти кон итни и мерки за заздравување поврзани со КОВИД 19 кризата. ЕУ активира различни механизми за натамошна помош и поддршка на Република Северна Македонија за справување со коронавирус кризата, се вели во соопштението.
ОН предупредуваат дека пандемијата „брзо станува“ криза за човекови права
Обединатите Нации предупредуваат дека пандемијата на коронавирусот „брзо станува“ криза за човекови права бидејќи владите спроведуваат рестриктивни мерки. Генералниот секретар Антонио Гутереш предупредува на дискриминацијата во достапност на јавните услуги поради структурни нееднаквости што го спречува пристапот до нив. Тој во своето видео обраќање додаде и дека во светот е забележан пораст на говорот на омраза, таргетирање на ранливи групи и ризици од тешки безбедносни одговори кои го поткопуваат здравствениот одговор.
Без конкретно да посочи во која земја, Гутереш предупреди дека со „растечкиот етнонационализам, популизам и авторитаризам и притисок врз човековите права во некои земја, кризата може да обезбеди изговор за репресивни мерки кои не се поврзани со пандемијата“ .
Податоците покажуваат дека сега во светот се заразени над 2,6 милиони луѓе , 725 илјади оздравени и над 180 илјади починати.
Вонредната состојба во Албанија продолжена до 23 јуни
Албанскиот Парламент со 91 глас „за“ ја усвои одлуката со која вонредната состојба во земјата, поради пандемијата со коронавирусот, се продолжува до 23 јуни. Од присутните пратеници петмина беа против додека тројца воздржани.
Пред да влезат во собраниската сала на пратениците им беше мерена телесна температура, носеа заштитни маски и ракавици а поради одржување социјална дистанца беа распоредени и во собраниските галерија и ложите, кои обично се за странските дипломати или високи гости.
Последните податоци од Министертвото за здравство и социјална заштита, во Албанија дијагностицирани со „Ковид-19“ се 663 лица, оздравени 385, додека починати 27 лица.
Спасовски: Рамазан да се прослави во кругот на семејството
Премиерот Оливер Спасовски, по повод светиот месец Рамазан, упати писмо до Исламската верска заедница и до Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, и од верниците побара празникот Рамазан да го поминат во кругот на семејството, како дел од мерките за заштита од коронавирусот.
„Во овие тешки моменти, кои на светско ниво ги донесе оваа пандемијата и здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, токму начелата на почитување и солидарност се понеопходни од кога и да било“, напиша премиерот Спасовски во рамазанската честитка.
Спасовски нагласува дека во светиот месец на постот, на соочувањето со искушенијата, преку одрекувањето и воздржувањето се покажува и највисока грижа за другите, и порачува дека годинава треба да се прифати дека рамазанските денови треба да се поминат во потесниот круг на семејството, и на тој начин да го заштитиме здравјето на нашите роднини, пријатели и соседи, но и нашето здравје.
Исплата на пензиите на шалтер етапно, на платежна картичка утре
Априлската пензија ќе почне да се исплаќа од утре во четири етапи, за да се запазат мерките за заштита од коронавирусот, а пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 24 април, соопшти Владата.
За пензионерите кои не користат платежна картичка, готовинската исплата на пензиите на шалтерите на банките ќе се одвива во четири етапи:
- Пензии до 11.000 денари, исплата во понеделник 27-ми април
- Пензии од 11.001-14.000 денари, исплата во вторник 28-ми април
- Пензии од 14.001-18.000 денари, исплата во среда 29-ти април и
- Пензии над 18.001 денар, исплата во четврток, 30-ти април.
При подигнувањето на пензиите задолжително е почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот - носење маска или друг вид покривка за устата и носот и запазување на меѓусебното растојание, потсетува Владата.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете