Достапни линкови

Вести

Направени 639 вонредни надзори на здравствени установи

Инфективно одделение во Штипската болница. Илустрација.
Инфективно одделение во Штипската болница. Илустрација.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил 639 вонредни инспекциски надзори во јавни и приватни здравствени установи во периодот од 16 март до 19 април.

Во контролата било проверувано дали здравствените работници се соодветно опремени со лична заштитна опрема, дали има доволно од опремата, дали има доволно средства за дезинфекција, просторија за изолација за пациент кој би можел да биде позитивен на коронавирусот, дали има соба за тријажа и набљудување.

„Само кај многу минимален дел од нив билe констатирани неправилности и биле издадени решенија за нивно отстранување“, изјави директорката на ДЗСИ Ирина Сотирова Бухова во „Само интервју“ на Канал 5.

Во изминатиот период Државниот санитарен инспекторат има издадено и решенија за ставање под надзор за домашна самоизолација на 3.603 лица, контакти на лица позитивни на коронавирус, но и 902 решенија за лекување во домашни услови, во случаи кога лекарите процениле дека нивната состојба дозволува такво лекување.

Г20: Да не се нарушат глобалните текови на снабдување со храна

Илустрација
Илустрација

Министрите за земјоделство и храна од земјите членки на Г20 се согласија на нивниот денешен виртуелен состанок дека итните мерки за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирусот не смеат да создадат „непотребни бариери за трговија или нарушување на глобалните текови за снабдување со храна“. Министрите исто така соопштија дека ќе обезбедат заштита од какви било мерки што водат до прекумерна нестабилност на цената на храната на глобалните пазари или снабдувањето со храна.

ОН предупредуваат на зголемен број на гладни луѓе во светот

„Под сегашните околности, ја потенцираме важноста да се избегнат загубите на храна и отпадот предизвикан од нарушувања во тековите на снабдување со храна, што може да ја влоши несигурноста до пристапот до храна и економската загуба“, се наведува во нивното соопштение.



Владата и ВМРО-ДПМНЕ со различни ставови за слобода на медиумите

Микрофони поставени на пре-с конференција. Илустрација
Микрофони поставени на пре-с конференција. Илустрација

Владата соопшти дека ги зема предвид укажувањата на „Репортери без граници“ и најавува дека во соработка со медиумските организации и медиумите, ќе продолжи да создава услови за натамошни подобрувања и повисоки рангирања на листата.

Од Владата посочуваат дека во извештајот е наведено оти повисокото место на земјава на Светската листа на слободата на медиумите е резултат на самоорганизирањето на медиумските организации кои го донеле Регистарот на професионални онлајн-медиуми, како и на напредокот во однос на условите за работа утврдени во Повелбата за услови за работа за новинарите и нацрт фер-договорите за вработување во дигиталните медиуми промовирани од Независниот синдикат на македонски новинари и медиумски работници (ССНМ) во соработка со ЗНМ и СЕММ.

Во однос на забелешките за реформите во МРТВ, од Владата посочуваат дека тие не се реализирани поради блокадите од страна на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот, а за владиното рекламирање потенцираат дека уште во 2017 година е целосно стопирано.

Репортери без граници: С. Македонија на 92 место според индексот за слобода на медиумите

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека државата е повторно најлоша во регионот по медиумските слободи и тоа не е изненадување. Од партијата обвинуваат дека бескурпулозната партизација која што се врши во сите институции, СДСМ посакува да ја спроведе и во Советите на АВМУ и МРТ, а тоа според ВМРО-ДПМНЕ, е со една цел која е далеку од реформа, односно да има целосна партиска контрола врз медиумите, што е далеку од демократија и градење здраво општество.

„Во Македонија СДСМ со партизираниот државен апарат прават притисок врз медиуми под лажниот превез на борба со лажни вести, ги делат на провладини или ги прогласуваат за непријатели, судат и гонат новинари за искажан збор и поставени прашања, дискриминираат медиуми преку владината прес служба. И ова е само дел од состојбите“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија за една година се искачи три места погоре на Светската листа на слобода на медиумите за 2020 година. Од 95-то, државата сега е рангирана на 92-то место со средна оценка од 31,28 поени.


ОН предупредуваат на зголемен број на гладни луѓе во светот

Илустрација
Илустрација

Светската програма за храна на Обединетите нации соопшти дека бројот на луѓе кои се соочуваат со глад може да се зголеми за двојно оваа година, односно на повеќе од 250 милиони, како резултат на економските последици од коронавирус.

„Бројот на лица со кои се соочува акутна несигурност во храна, треба да се искачи на 265 милиони во 2020 година, што е зголемување за 130 милиони од 135 милиони во 2019 година, како резултат на економското влијание на Ковид-19“, се вели во извештајот на ОН.

Во извештајот се утврдува дека загубените приходи од туризам, опаѓање на дознаките од странство и патувања и други ограничувања поврзани со пандемијата се очекува да имаат најголемо влијание врз безбедноста на храната.

Битка за спас на светската економија

„Ковид-19 е потенцијално катастрофален за милиони кои веќе висат по конец. Ние мора колективно да дејствуваме сега за да го намалиме влијанието на оваа глобална катастрофа“, рече Ариф Хусеин, главен економист и директор за истражување, проценка и мониторинг на Светската програма за храна.

Светската програма за храна има потреба од финансирање од 10 до 12 милијарди американски долари за нејзините програми за помош оваа година, што е далеку над рекордните 8,3 милијарди американски долари собрани минатата година.


Владата утре ќе го разгледува предлогот за скратување на полицискиот час

Влада
Влада

Владата утре на седница ќе ги разгледува предлозите за скратување на полицискиот час, како и за воведување на мерки за заштита. Комисијата за заразни болести предложи полицискиот час секој работен ден да започнува во 19 часот наместо во 16 часот како што беше досега. Со ова, како што истакна министерот за здравство Венко Филипче, ќе се добијат дополнителни часови граѓаните да ги завршат обврските и да набават намирници.

Повозрасните граѓани да можат да се движат од 8 часот до 12 часот, а младите до 18 години од 13 до 16 часот. Предложено е полицискиот час за време на викендот да остане, но со скратено време и сега да почне во сабота во 13 часот и да заврши во понеделник во 5 часот. Останува забраната за групирање на граѓаните и сите други мерки кои се во сила во однос на физичката дистанца, користењето на јавните површини и парковите.

Филипче најави скратување на полицискиот час

Паралелно се предлага граѓаните на лицето да носат маски или марами при движење во затворени објекти и на отворено во ситуација кога нема да бидат во можност да се одржи препорачаната физичка дистанца од два метри.

Конте скептичен дека ЕУ ќе најде решение за економијата

Италијанскиот премиер Џузепе Конте
Италијанскиот премиер Џузепе Конте

Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека не верува оти лидерите на ЕУ ќе постигнат крајно решение за тоа како да им се помогне на економиите на земјите членки со цел да се опорават од кризата која настана поради пандемијата на коронавирусот на видео-конференцијата закажана за четврток.

Тој истакна дека иднината на ЕУ зависи од пронаоѓањето на заеднички ресурси за решавање на кризата и ги поздрави неодамнешните предлози од Франција и Шпанија.

„Не верувам дека претстојната средба на 27-те лидери ќе најде конечно решение, но ќе направам се, за да се осигурам дека тоа ќе изразува јасен политички пат во единствената разумна насока“, рече Конте.

Битка за спас на светската економија

Тој додаде дека Италија нема да стави вето на користењето на фондот за спасување во еврозоната, бидејќи другите земји, вклучително и Шпанија, рекоа дека се заинтересирани да го користат, но тој повтори дека на него не гледа како на корисна алатка за Италија.

Во лабораторија во МАНУ дневно по 100 теста за коронавирус

 Зградата на МАНУ
Зградата на МАНУ

Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека започнува со работа лабораторијата во Македонската академија на науките и уметностите. Според него, лабораторијата има капацитет од 100 тестови дневно за Ковид-19, а ќе биде наменета за сите анализи кои со соодветен транспорт во текот на денот ќе стигнат од сите болници од државата, а вечерта ќе бидат познати сите резултати.

Филипче најави скратување на полицискиот час

„Имајќи го предвид капацитетот, просекот на пациенти кои се јавуваа во другите болници, сметам дека практично времето на чекање на резултат ќе биде не повеќе од еден ден со активирање на оваа лабораторија,“ додаде Филипче.

Антивладини протести во Чиле, уапсени 14 лица

Антивладините протести во Чиле во ноември, минатата година.
Антивладините протести во Чиле во ноември, минатата година.

Полицијата уапсила 14 лица на антивладините протести во Сантијаго, Чиле. Протестите започнаа во октомври минатата година по зголемувањето на цените на билетот за метро возење. Но, ширењето на коронавирусот и мерките за негово спречување ги замолчија масите.

Полицијата соопшти дека апсењата биле оправдани бидејќи се забранети собири на јавни места. Здравствените власти забранија собири на повеќе од 50 лица, а навечер има и полициски час. Претседателот на Чиле, Себастијан Пинера беше цел на критики на почетокот на април кога објави фотографии на празен плоштад во услови на строги мерки.

Филипче најави скратување на полицискиот час

Прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче од домашна изолација.
Прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче од домашна изолација.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека сите рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот дале добри резултати и ќе останат во сила се додека состојбата е целосно под контрола и кога ќе помине пикот на болеста. Според него, најновите анализи сепак покажале дека се создадени услови за благо релаксирање на рестрикциите за движење, но на сметка на подигнување на мерките на лична заштита.

„Согласно тоа, предлогот е да се направат следните измени: полицискиот час секој работен ден да започнува во 19 часот наместо во 16 часот како што беше досега. Со ова ќе се добијат дополнителни часови граѓаните да ги завршат обврските и да набават намирници, за повозрасните граѓани наместо од 10 до 12 часот да продолжи времето на движење од 8 часот до 12 часот, продолжување на периодот во кој се движат младите до 18 години и тоа ќе биде од 13 до 16 часот. Предлог е полицискиот час за време на викендот да остане, но со скратено време и сега да почне во сабота во 13 часот и да заврши во понеделник во 5 часот. Останува забраната за групирање на граѓаните и сите други мерки кои се во сила во однос на физичката дистанца, користењето на јавните површини и парковите, рече Филипче.

Тој додаде дека граѓаните ќе треба да носат лична заштитна опрема како маска или марама на лицето при движење во затворени објекти и на отворено во ситуација кога нема да бидат во можност да се одржи препорачаната физичка дистанца од два метри.

24 излекувани, 1 починат и 7 новозаразени во последните 24 часа

Филипче претходно информираше дека седум нови случаи со коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа во државава и тоа три во Тетово и по два во Куманово и во Кочани, а во Градската општа болница „8 Септември“ починал 70-годишен пациент од Лабуништа.

Бесплатни маски за жителите на Куманово

Заштитна маска. Илустрација.
Заштитна маска. Илустрација.

Кризниот штаб на Куманово ја задолжи општината да обезбеди дополнителни количества маски, кои преку штабот бесплатно ќе се делат на граѓаните на повеќе пунктови.

Кризниот штаб на денешната седница и препорача на општината да обезбеди и дополнителен број на луѓе, вработени од општинската администрација, за потребите на штабот кои ќе работат на дистрибуција на прехранбени пакети за социјално ранливите категории граѓани.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG