Достапни линкови

Вести

Независната пратеничка група договорила прислушуваните разговори да не бидат основа за обвинението Талир

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до медиумите најави дека ќе го поддржи законот за јавно обвинителство при што наведе дека со власта договориле неколку точки. Според нивното соопштение договорено е Јавниот обвинител кој ќе раководи со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да биде избран непосредно со гласање на сите обвинители, потоа обвинителите пред да преминат во ова обвинителство мора по завршување на академијата за обвинители да поминат три години во Основните обвинителства. Политичарите се договориле и дека Јавното обвинителство повеќе не можа да заснова обвинение врз основа на незаконски прислушувани разговори.

„Обвинението за случаите Талир 1 и Талир 2 поднесени после законскиот рок се обвиненија во кои отпаѓаат незаконски прислушкуваните материјали, и со тоа ја исправаме неправдата, односно даваме фер шанса сега без незаконски прислушкуваните материјали да ја докажат невиноста и неаргументираноста за постоење на овие случаи. Предложивме уништување на незаконски прислушкуваните материјали, на прецизен начин, јасно опишано во овој закон“ се вели во нивното соопштение.

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ апелира до опозициската ВМРО-ДПМНЕ да даде конструктивни и издржани амандмани кои, како што наведуваат заедно ќе ги поддржат и во интерес на граѓаните да донесеме законско решение во духот на градењето доверба во создавањето правна држава и дополнително заедно да и помогнеме на нашата држава во евроатланските процеси.

Заев: Независната пратеничка група ќе гласа „за“ законот за ЈО

Претходно лидерот на СДСМ Зоран Заев најави дека е постигната согласност од 80 пратеници кои ќе гласаат „за “ законот за Јавно обвинителство.

Прелог законот за Јавно обвинителство беше разгледуван речиси една година од власта и опозицијата, при што не најдоа заедничко решение.

Заев: Независната пратеничка група ќе гласа „за“ законот за ЈО

Лидерот на СДСМ и поранешниот премиер Зоран Заев најави дека е постигната, како што вели, доволно добра основа за да почне процедурата за носење Закон за јавно обвинителство. Тој на својот фејсбук профил напиша дека очекува вечерва Владата да заседава и да го усвои предлог-текстот на Законот за кој е постигната широка
политичка согласност.

Тој наведе дека низ разговорите, кон содржината на Предлог-законот биле вградени и голем дел од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, а за кои, како што вели, „се застапуваше и се избори Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија,“ со што е изнајдено решение со кое ќе се обезбеди функционирањето на принципот на владеењето на правото согласно европските вредности и со што се создаваат услови да се овозможи фер и еднаквост на страните во постапките, а со крајна цел да се овозможи правда.

„После усвојувањето од страна на Владата, Законот треба да оди во Собранието на Република Северна Македонија, каде по скратена постапка, се надевам дека ќе добие поддршка од најмалку 2/3 од пратениците. Законот гарантира дека сите судски процеси кои произлегуваат од СЈО ќе добијат своја правна разрешница пред надлежните судови, низ професионална и фер постапка, базирана на докази,“ напиша вечерва на Фејсбук Заев.

Заев истакна дека усвојувањето на овој закон ќе биде голем придонес кон европската интеграција и аргумент плус за Европската Унија да донесе позитивни одлуки поврзани со почетокот на преговорите.

Тачи: Трамп го исцрта епилогот од дијалогот Приштина- Белград

Косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека американскиот претседател Доналд Трамп покажал големо внимание за јакнењето на мирот и стабилноста во Западен Балкан. Тачи на својата страница на Фејсбук напиша дека писмата што Трамп пред нешто повеќе од една година им ги упати нему и на претседателот на Србија Александар Вучиќ, „го скицираа епилогот на процесот на дијалогот меѓу Косово и Србија, кој треба да заврши со меѓусебно признавање“. Косовскиот претседател му оддаде признание и на специјалниот пратеник на Трамп за дијалогот Приштина – Белград, амбасадорот на САД во Германија Ричард Гренел и изрази очекување дека процесот на дијалог ќе се затвори во блиска иднина.

Загина синот на поранешниот вицепремиер на Авганистан

Загинатиот син на поранешниот вицепремиер на Авганистан Мохамед Мохаек
Загинатиот син на поранешниот вицепремиер на Авганистан Мохамед Мохаек

Авганистанската полиција соопшти дека син на етничкиот лидер на Хазарите и поранешен вицепремиер на Авганистан Мохамед Мохаек, загинал при вооружена престрелка во нивниот семеен дом во Кабул. Мохаек е командант кој предводен воени сили против Талибанците и актуелен пратеник во авганистанскиот Парламент. Полицијата соопшти дека синоќа избила судир меѓу синовите на Мохаек во нивната куќа при што постариот син пукал кон помалиот брат Бакир, по што ранил уште осуммина други членови на семејството.

Мохаек во 2004 безуспешно се кандидираше за претседател и помина еден мандат во авганистанскиот мировен совет како дел од напорите за помирување.

Предлог-законот за игри на среќа во фотофиниш

Илустрација
Илустрација

Движењето „Анти Коцкање“ денеска на прес конференција побара од политичкиот естаблишемент пред гласањето на Законот за игри на среќа да не потклекнат на финансиски желби. Ситуацијата во која се наоѓа државата е загрижувачка и побараа од 120-те пратеници кои утре ќе гласаат да посетат семејство кое е жртва на коцкањето, за да одлучат за дислокација на тие објекти, изјави Џемал Абдиу од Движењето.

Абдуи реагираше и на вчерашното соопштение на Асоцијацијата на обложувалниците посочувајќи дека бараат дислокација на обложувалните на три километри од населените места.

„Тие се преправаат дека се вознемирени за 7 700 вработени со минимална плата од 16.000 денари искористувајќи ја тешката економска состојба. Колку се мизерни? Тие се грижат само за себе и за нивните џебови, апсолутно не се засегнати за уништените и разведени семејства. Се поставува прашањето што ќе сториме со 1.000.000 други безнадежни животи што останале на улица“ изјави Абдиу.

Од Асоцијацијата посочија дека со измени на законот за игри на среќа може да се предизвика загуба во државната каса од 253 милиони евра по основ на давачки од обложувалниците, како и да потигне оваа гранка да мигрира во сивата економска зона.

Во меѓувреме министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук профил ги повика партиите да ги поддржат измените на законот. Според него, ако аптеките може да имаат ограничување за тоа каде се наоѓаат, тогаш зошто да нема и ограничување каде може да бидат казината и обложувалниците. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се воздржани дали ќе ги поддржат измените.

„Можам да кажам дека во тек се анализи на пратеничката група и утре во текот на утрешниот ден пред отпочнување на работата на Собранито ќе биде изнесен ставот на пратеничката група како ние ќе гласаме“, изјави Димче Арсовски портпаролот на ВМРО ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање.

Предлог-законот за игри на среќа беше во застој речиси година ипол откако беше предложен од страна на пратеници од ДУИ како резултат на барањата на движењето против коцкање кое првично се појави во Тетово

Албанскиот туристички сектор ќе претрпи загуби од над 70 милиони евра

Албанија, два месеца по смртоносниот земјотрес
Албанија, два месеца по смртоносниот земјотрес

Туристичкиот сектор во Албанија најмногу ќе биде погоден од последиците од разорниот земјотрес, што ја потресе земјата на 26 ноември. Во извештајот за процена е наведено дека загубите во тој сектор ќе бидат околу 73,5 милиони евра, со последици кои ќе траат 4-5 години. Во извештајот загубите од земјотресот се поделени во четири категории.

Поконкретно само за три години, се очекува албанската економија да претпри загуби од 61,5 милиони евра.

Приведени демонстранти во Москва

Еден од приведените демонстранти во Москва
Еден од приведените демонстранти во Москва

Руската полиција во Москва привела група на активисти кои протестираа против проширените ингеренции за набљудување на Владата, откако демонстрантите протестираа пред претседателската администрација со обоени лица со цел да ги избегнат алатките за препознавање на лице. Група активисти минатата недела започнаа кампања против се поголемата употреба на напредна технологија за надгледување на граѓаните на улиците.

Инспирирани од сличен проект во Лондон, руските демонстранти бараат едукација на граѓаните за тоа како да им пркосат на камерите чии број брзо се зголемуваат низ главниот град на Русија.

Покрај Кина и неколку западни земји, Русија брзо станува една од најголемите земји кои што учествуваат во развивање на технологијата за следење и надзор.

Демонстрантите беа приведени од полицијата за само 20-тина минути откако тргнаа во марш низ центарот на Москва.

Заев: Предлог-законот за ЈО вечерва на владина седница

Правиме се Парламентот да работи во полн состав за да можеме да очекуваме повеќе од 80 пратеници или минималното дво-третинско мнозинство да биде обезбедено за Законот за јавно обвинителство, изјави денеска поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев. Тој додаде дека е планирано денеска да има седница на Влада, за да се фатат последните три дена, согласно законите и да се заврши навремено со распуштање на Парламентот.

„Верувам дека вечерва ќе може да се одржи седницата на Влада за да се усвои ваквото предлог законско решение и да се испрати до Парламентот, за да може утре да се сработат сите постапки во Парламентот,“ изјави Заев.

Во однос на можноста ВМРО-ДПМНЕ да поднесе предлог амандмани, Заев, рече дека затоа е преговарано пред усвојување на Влада, за да нема отвороње на амандмани во Парламенот на кои може да се поднесуваат предлози. Тој посочи дека влегувањето на сила на самиот закон, ја потврдува обврската веднаш по конституирањето на Парламентот да биде пуштен иновиот кривичен закон, на кој работат германски експерти и е во финална фаза.

Димитров му предлага на Спасовски да ја разреши Мизрахи поради вербална нота од Грција

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес конференција денеска изјави дека од Грција е пристигната вербална нота поради прекршување на Договорот од Преспа. Во неа е наведено дека е забележано грубо прекршување на преспанскиот договор со менувањето на таблата во министерството за труд и социјална политика од страна на техничкиот министер Рашела Мизрахи.

„Мизрахи го прекрши уставот, иако при доаѓањето на таа функција се обврза да го почитува и да го брани уставот. Грција испрати протесна нота за овој случај“, рече Димитров.

Димитров изјави дека му предлага јавно на техничкиот премиер Оливер Спасовски да побара нејзино разрешување додека се уште не е распуштено Собранието, поради тоа што нејзиното однесување може да предизвика дополнителни прекршувања на Уставот.

„Ова претставува грубо прекршување на Договорот од Преспа и доаѓа по повторени прекршувања на Договорот од страна на министерот за труд и социјална политика и од министерот за внатрешни работи. Амбасадата го посочува фактот дека Договорот од Преспа мора да биде доследно и посотојано почитуван“, пишувало во вербалната нота.

Загина тајландскиот војник кој уби 26 луѓе

Тајланските безбедносни сили го убиле војникот кој што при убиствениот поход уби 26 луѓе а ранеи најмалку 50, соопштија надлежните. Тајланските власти соопштија дека мотивот за смртносниот поход на војникот Џакрапанту Тома, бил спор за земјиште, за кое склучил договор, па се почувствувал измамен. Специјалните воени сили го убиле војникот по целосна опсада на трговскиот центар.

32- годишниот Џакрапанту Тома, работел во база близу градот, а пред нападот на својот фејсбук профил објавил дека оди во одмазда, но причината не ја навел.

Нападот почна вчера околу 15 часот по локално време, кога војникот почнал да пука во една куќа, пред за замине во воениот камп, а потоа и во трговскиот центар, објавувајќи за сето време пораки и слики на Фејсбук.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG