Достапни линкови

Вести

Расправата за законот за ЈО одложена за утре

Собраниска седница
Собраниска седница

Собраниската седницата за предлог-законот за јавно обвинителство и за предлог-законот за јавни обвинители започна вечерва во 22 часот со отворање на расправата, но потоа претседателот на законодавниот дом Талат Џафер ја прекина седницата и расправата ја одложи за утре во 11 часот.

На почетокот од седницата забелешки изнесоа координаторите на пратеничките групи на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ Никола Мицевски и Јован Митровски.

Мицевски рече дека непринципиелно е да започне седница во 22 часот, а пратениците цел ден да чекаат во Собрание.

Но, Џафери одговори дека Собранието работи согласно Уствот и им порача на тие што им се спие дека може да си заминат.

Јован Митровски пак од СДСМ им упати критики на пратениците од опозицијата дека цела недела ги одлагаат расправите во комисиите.

Џафери рече дека ја одлага седницата за утре затоа што се пријавиле 30 пратеници за диксусија.

За недела во 12 часот тој ја закажа седницата на која треба да се распушти Собранието, а претходно на дневен ред на 136 та седница треба да биде и разрешувањето на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Инаку вечерва Џафери рече дека тој не е политичар кој се потпира на фејсбук комуникација и ги повика лидерите на партиите да се изјаснат на лидерска средба дали се за избори на 12-ти април.

Собранието треба да се распушти најдоцна до недела, за да може да се запазат роковите за одржување на предвремените парламентарни избори, на 12 април.

За законот за ЈО е потребно двотретинско мнозинство. Тој не е официјален услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, меѓутоа од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.

Седницата за законот за јавното обвинителство закажана за 21 часот

Собраниска седница
Собраниска седница

Собраниската седницата на која треба да се расправа за предлог-законот за јавно обвинителство и за предлог-законот за јавни обвинители ќе се одржи во 21 часот.

Пртетседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа 135-седница вечерва.

Двата закони треба да се донесат по скратена постапка.

Се уште не се знаат деталите околу текот на седницата, дали вечерва само ќе започне седницата или ќе има и гласање за законот за јавно обвинителство .

Дел од пратениците уште од попладнето беа во Собранието во исчекување претседателот на законодавниот дом Талат Џафери да ја свика седницата. Пратениците беа повикани да бидат присутни во законодавниот дом во 15 часот кога според некои првични неофицијални информации требаше да почне седницата за двата закона, кои вчера поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија.

Собранието треба да се распушти најдоцна до недела, за да може да се запазат роковите за одржување на предвремените парламентарни избори, на 12 април.

За законот за ЈО е потребно двотретинско мнозинство. Тој не е официјален услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, меѓутоа од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.

ВМРО-ДПМНЕ нема да го напушти Собранието

Инаку вчера ВМРО-ДПМНЕ по состанокот на Извршниот комитет(ИК), реши да не ја напушта работата на Парламентот, туку, како што соопштија, да го следат развојот на ситуацијата и да реагираат во одбрана на демократијата, интересите на граѓаните и државата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред да се одржи седницата на ИК изјави дека не гледа потреба партијата и натаму да учествува во работата на Собранието, бидејќи не е испочитуван договорот за распуштање на Собранието на 12 февруари.

По барање на премиерот, Оливер Спасовски, Собранието истоа така треба да расправа и за разрешување на министерката за труд Рашела Мизрахи



Седницата за законот за ЈО се уште официјално не е закажана

Собраниска седница.
Собраниска седница.

Дел од пратениците од попладнето се во Собранието во исчекување претседателот на законодавниот дом Талат Џафери да ја свика седницата на која треба да се расправа за предлог-законот за јавно обвинителство и за предлог-законот за јавни обвинители.

Пратениците биле повикани да бидат присутни во законодавниот дом во 15 часот кога според некои првични неофицијални информации требаше да почне седницата за двата закона, кои вчера поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија.

На веб страницата на Собранието се уште нема најава за седницата.

Собранието треба да се распушти најдоцна до недела, за да може да се запазат роковите за одржување на предвремените парламентарни избори, на 12 април.

За законот за Јавно Обвинителство е потребно двотретинско мнозинство. Овој закон не е официјален услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, меѓутоа од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.

ВМРО-ДПМНЕ нема да го напушти Собранието

Инаку вчера ВМРО-ДПМНЕ по состанокот на Извршниот комитет(ИК), реши да не ја напушта работата на Парламентот, туку, како што соопштија, да го следат развојот на ситуацијата и да реагираат во одбрана на демократијата, интересите на граѓаните и државата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред да се одржи седницата на ИК изјави дека не гледа потреба партијата и натаму да учествува во работата на Собранието, бидејќи не е испочитуван договорот за распуштање на Собранието на 12 февруари.

По барање на премиерот, Оливер Спасовски, Собранието истоа така треба да расправа и за разрешување на министерката за труд Рашела Мизрахи

"Рекет"- Од вторник сведоците на одбраната во судница

Илустрација. Бојан Јовановски - Боки 13 во судница за случајот „Рекет“, 11 февруари 2020 година
Илустрација. Бојан Јовановски - Боки 13 во судница за случајот „Рекет“, 11 февруари 2020 година

Денешното рочиште за случајот "Рекет" заврши со слушање на две аудиоснимки од УСБ што го предал обвинетиот Зоран Милески Кичеец.

На УСБ-меморијата има пет снимки, од кои обвинителството како докази предлага три.

По крајот на рочиште, адвокатите во „Рекет“ ги оценија снимките како нејасни и приватни и рекоа дека не може да бидат доказ.

Дељо Кадиев, адвокат на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева рече дека снимките немаат автентичност.

„ Тоа се незаконски снимки и не се знае под кои услови биле снимани. Ставот на Јанева, а и на целата нејзина одбрана е дека овој предмет е конструиран да послужи како одбрана за случајот ‘Империја'”,изјави Кадиев.

Според Сашко Дукоски, адвокат на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, снимките не даваат ново светло за предметот.

„Снимките немаат врска со предметот“, изјави Дуковски.

Ваквата негова изјава следи откако здравствената состојба на Боки повторно беше тема на разговор во судницата.

Тој рече дека првпат се среќава со ситуација кога не се дозволува да се изведат снимки предложени од обвинителството и ѝ се предлага на одбраната да ги предложи како свои докази.

Инаку, двете снимки што денеска се слушнаа од УСБ-меморијата на Кичеец беа тешко разбирливи во делот каде што седеа новинарите.

Претходно одбраната на обвинетите во случајот ,,Рекет” ги оцени како неавтентични снимките објавени во италијанскиот весник ,,Ла Верита”, кои денеска се презентираат во Кривичен суд како докази од сведокот Јордан Камчев. Според Сашко Дукоски, адвокат на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, Камчев кој е сведок во „Рекет“ ги доставил овие материјали до обвинителството бидејќи е осомничен во друг предмет „Империја“ и негова цел е Боки 13 да се прогласи за виновен.

Обвинителката Вилма Русковска претходно кажа дека овие разговори не се обезбедени со посебни истражни мерки. Обвинетиот Боки 13 истакна дека стануваа збор за груба аматерска монтажа.

Обвинителството не открива дали ја има снимката со Камчев и Боки 13 што ја објави „Ла Верита“

Од вторник треба да почне изведување на доказите на одбраната. Најавено е дека треба да се сослушаат сведоци што ги предлага Бојан Јовановски.

Во „Рекет“ фотографии и снимки од Катица Јанева

Еспер:Талибанците и САД преговараа за избегнување на насилството

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер
Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер

Соединетите држави и Талибанците преговараа за „предлогот“ за едно неделно избегнување на насилства, изјави американскиот секретар за одбрана Марк Еспер пред новинарите во Брисел.

Еспер рече дека повлекувањето на трупите и натамошните преговори со милитантите ќе продолжат по опаѓање на насилствата.

„Соединетите држави и Талибанците преговараа за предлогот за седумдневно избегнување на насилството. Ние заедно кажавме дека најдоброто решение во Авганистан е политички договор“, изјави тој.

Напредокот во избегнување на насилството може да придонесе во директните мировни преговори меѓу милитантите и авганистанската влада за да се стави крај на скоро дведецениската војна.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг еден ден претходно потврди дека алијансата „целосно ги поддржува мировните напори предводени од САД, што може да отвори патот за внатре-авганистански разговори.“ Говорејќи на самитот на НАТО во Брисел на кој присуствуваше и Еспер, Столтенберг рече дека милитантите „треба да докажат дека се подготвени и способни да придонесат за намалување на насилството и да придонесат за мир со добра волја“.

Во Хрватска покрената истрага против Македонка за криумчарење странци

Граничен премин. Царинска и полициска контрола
Граничен премин. Царинска и полициска контрола

Во Хрватска е покрената истрага против четворица хрватски и една македонска државјанка, кои криумчареле мигранти, при што заработиле најмалку 66.500 евра.

Тие биле дел од злосторничко здружение, кое криумчареле странски државјани од Хрватска во Словенија во 13 наврати, а потоа во Италија. Тие организирале илегални премини за 106 странци.

Според хрватски медиуми, истрагата за четворица хрватски државјани на возраст од 38, 51, 25 и 42 година и 49-годишната Македонка ја покрена хрватската Канцеларија за борба против корупција и организиран криминал (УСКОК), врз основа на кривична пријава поднесена од полицијата во Загреб .

Полицијата и УСКОК се сомневаат дека тие од почетокот на октомври до крајот на декември 2019 година, во подрачјето на Загреб и околината, заради профит, договориле недозволено префрлување на голем број странски државјани преку државната граница од Хрватска до Словенија и понатаму кон Италија

Сирискиот парламент го призна геноцидот врз Ерменците

Сирискиот парламент.
Сирискиот парламент.

Сирискиот парламент соопшти дека го призна масовното убиство на Ерменците во Отоманската империја пред еден век како геноцид

Членовите на Народното собрание едногласно усвоија резолуција во која се осудува и признава „геноцидот извршен врз Ерменците од страна на Отоманската држава на почетокот на 20 век“

За време и по Првата светска војна , Османлиските Турци убиле или депортирале дури 1,5 милиони Ерменци - христијанско малцинство во претежно муслиманската империја. Многу историчари и држави сметаат дека овие убиства се геноцид.

Турција,која е членка на НАТО, се спротивставува на употребата на зборот геноцид. Анкара тврди дека смртните случаи биле резултат на граѓански судири, а не на планирани напори на Отоманската влада за уништување на Ерменците.Турција исто така тврди дека загинале помалку Ерменци отколку што е објавено.

Најмалку 23 држави официјално го признаа масовното колење и депортацијата како геноцид.

Вучиќ во Берлин на разговори со Гренел

Архивска фотографија- српскиот претседател Александар Вучиќ
Архивска фотографија- српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе учествува на 56-тата Минхенската конференција за безбедност, каде ќе има серија билатерални средби со официјални претставници од светот, претставници на меѓународните организации и компании, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ најави дека вечерва ќе се сретне со специјалниот претставник на претседателот на САД за разговорите меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел, со кој, како што кажа, ќе разговара и за можноста за постигнување на договор за воспоставување на железничка линија меѓу Белград и Приштина, додолку се договорат сите детали на таа иницијатива.

Гренел покрај специјален претставник е и американски амбасадор во Германија. Тој минатиот месец посредуваше во договорот за обнова на железничкиот и воздушниот сообраќај помеѓу Белград и Приштина.

Почна изборната кампања во Иран

Иран- пешаци поминуваат покрај изборни плакати за престојните парламентарни избори
Иран- пешаци поминуваат покрај изборни плакати за престојните парламентарни избори

Една недела долгата изборна кампања за парламентарни избори во Иран почна денеска со 7000 кандидати за 290 места во парламентот. Изборите што треба да се одржат на 21 февруари се сметаат за натпревар меѓу радикалите и конзервативците откако повеќето про-реформски и умерени кандидати беа дисквалификувани.

Гласањето исто така ќе биде тест за популарноста на претседателот Хасан Рохани кој се обидува да ги подобри животите на луѓето во земјата која е под американски економски санкции. Според експертите растечкото незадоволство за иранската економија и отстуството на транспарентен и фер избирачки процес може да влијаат врз намалување на излезноста.

Рохани го критикуваше Советот на експерти, радикално тело кое ги одобрува сите кандидати, откако тие дисквалификуваа стотици луѓе кои сакаат да учествуваат во изборната трка, меѓу кои и 90 актуелни пратеници.

Рохани деновиве побара од иранските гласачи да излезат на претстојните парламентарни избори. Врховниот лидер Ајатолахот Али Хаменеи исто така повика на голема излезност наведувајќи дека гласањето е акт на патриотизам во време на зголемени тензии меѓу Иран и Соединетите Американски Држави.

Македонскиот државјанин од бродот во Јапонија има блага форма на коронавирус

Илустрација- патници на бродот „Дајмонд принцес” кој е на пристаништето во Јокохама од 3 февруари
Илустрација- патници на бродот „Дајмонд принцес” кој е на пристаништето во Јокохама од 3 февруари

Македонскиот државјанин на патничкиот брод „Дајмонд принцес”, закотвен во пристаништето во јапонскиот град Јокохама кој има коронавирус, има блага форма на заболувањето и е транспортиран во болница во градот, информира денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје. Тој е ден од тројцата македонски државјани кои се на бродот како дел од екипажот.

Кузмановска рече дека за состојбата на тројцата редовно комуницираат преку меѓународниот здравствен правилник со нивните колеги од Јапонија и добиваат известувања за здравствената состојба.

„Се работи за блага форма на заболување, меѓутоа со оглед на рутинските процедури, овој наш граѓанин е транспортиран во болница во Јокохама и таму е на лекување“, потенцира д-р Кузмановска.

Во меѓувреме јапонското министерство за здравство денеска соопшти дека нови 44 случаи на коронавирус се потврдени на патничкиот брод вкотвен во пристаништето од трети февруари. Во бродот во кој има 3500 патници и членови на екипажот досега се потврдени 218 случаи на заболени од коронавирус, додека 713 луѓе се тестирани. Министерот за здравство на Јапонија Кацунобу Като рече дека владата одлучила да им дозволи на патниците повозрасни од 80 години да го напуштат бродот откако им било утврдено дека немаат вирус.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG