Достапни линкови

Вести

Киргистанскиот претседател прогласи воена состојба

Фотографија од денешните протести во Бишкек, Киргистан
Фотографија од денешните протести во Бишкек, Киргистан

Претседателот на Киргистан, Соронбај Женбеков, денеска прогласи вонредна состојба во главниот град Бишкек и нареди распоредување на армијата. Во наредбата не е прецизирано колку војници ќе бидат распоредени во главниот град, но им се укажува да користат воени возила и да постават контролни пунктови.

Киргистанската армија денеска донела воена опрема во Бишкек, колони на воени камиони се забележани во главниот град, во јужните и западните делови на Бишкек, во кој живеат приближно милион жители.

Претседателот на Киргистан подготвен да даде оставка

Во Киргистан во неделата се одржаа парламентарни избори, на кои четири партии го поминаа цензусот. Еден ден подоцна избувнаа протести организирани од приврзаниците на опозициските партии, кои не го минаа изборниот цензус. Тие зазедоа неколку владини згради и од затвор ги ослободија поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев и експремиерот Сапар Исаков. Изборната комисија подоцна ги поништи изборните резултати.

Денеска, Атамбаев потврди дека било пукано во неговиот автомобил покажувајќи дупка од куршум на возилото.

Европа регистрира 100 000 дневни случаи на корона вирус

илустрација
илустрација

Европа за прв пат надмина 100.000 нови случаи на коронавирус, откако земји како Русија и Велика Британија регистрираа зголемување на бројот на инфицирани лица пет дена по ред. Случаите низ Европа постојано се зголемуваа во текот на изминатата недела, дури и кога новите инфекции во најтешко погодените земји како Индија и Бразил покажаа знаци на забавување.

Епицентарот на епидемијата во европскиот регион се пресели во Велика Британија, Русија, Шпанија и Франција, кои пријавиле најмалку 10.000 случаи во последните три дена. Европа во моментов бележи над 16 проценти од вкупните случаи на коронавирус и скоро 22 проценти од смртните случаи низ целиот свет.

Русија денеска ги објави најголемиот број дневни случаи на коронавирус од последниот рекорд во мај, што ги натера властите во Москва да размислат за затворање на баровите и ноќните клубови.

Велика Британија вчера забележа повеќе од 17 000 случаи, а министерот за здравство Мет Мет Хенкок предупреди дека Велика Британија е во „погубен момент“.

Многу делови на северна Англија, Велс и Шкотска воведоа построги ограничувања на социјалната интеракција за да се обидат да го спречат растечкото ширење на болеста.

Велика Британија има алармантна стапка на смртност од седум проценти, што е меѓу највисоките во светот. Повеќе од шест лица од секои 10.000 починале од вирусот во оваа земја.

Вчера кога пријавените случаи на дневно ниво ја надминаа границата од 100.000 заразени, Источна Европа е најтешко погодена област со над 33.600 пријавени случаи на ден.

МЗ: Граѓаните да бидат одговорни

Венко Филипче
Венко Филипче

Министерството за здравство денеска испрати апел до сите граѓани да бидат одговорни и совесни, да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на ковид-19. Според министерството, ова се мерки со кои се заштитува сопственото здравје, но и здравјето на сите околу нас.

„Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичко растојание од два метри и честото миење на раце – одржување хигиена се клучни во борбата со коронавирусот. Ова се единствените мерки кои можат да го спречат ширењето на вирусот“, соопштија од Министерството.

Нови 386 заразени од корона, 6 лица починале

Оттаму потсетуваат на изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче дека согласно епидемиолошката слика и анализите на Институтот за јавно здравје и Комисијата за заразни болести, донесена е одлука за препорака до Владата за нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на ковид вирусот.

„Состојбата со вирусот е многу сериозна, токму онака како што со месеци најавувавме дека може да се случи. Европа и светот постепено се затвораат со силни рестриктивни мерки кои е очигледно дека не може да ги избегне ниту една земја. Како ќе се развива состојбата кај нас, во која насока ќе се движиме, колку брзо ќе го стабилизираме и овој удар зависи само од една работа, а тоа е однесувањето на граѓаните и почитувањето на сите мерки и препораки кои се на сила,“ изјави Филипче.

Граѓаните од регионот ќе можат да работат во Германија уште 2 години

Работници во индустрија
Работници во индустрија

Германскиот Бундестаг го одобри продолжувањето на т.н. западнобалканско правило, според кое граѓаните од регионoт може да доаѓаат во Германија на работа.

Граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија, без оглед на нивните формални квалификации, може да дојдат во Германија на работа до 2023 година, јави „Дојче веле“ (ДВ).

Западнобалканското правило, кое истекуваше на крајот на годинава, сега е продолжено за две години, но добива ограничување во делот на бројот на лицата кои на овој начин може да влезат и работат во Германија, така што годишната квота изнесува 25.000 луѓе.

Короната ги затвори и каналите за сезонска заработка

Германската влада оценува дека постои голема побарувачка на работна сила од Западен Балкан, особено во градежната индустрија.

Министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан на разговори во Москва

Министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан би требало да ги одржат првите разговори на високо ниво откако избувна конфликтот околу спорниот регион Нагорно Карабах пред две недели. Состанокот во Москва ги подгрева надежите дека може да дојде до прекин на огнот. Средбата доаѓа по повикот на рускиот претседател Владимир Путин, кој исто така апелираше да престанат судирите во спорниот регион.

Нагорно Карабах - Нови борби кај градот Јебраил

Дипломатски напори за примирје во Нагорно-Карабах

Франција, која заедно со Русија и Соединетите држави е претседател на групата која посредува во долготрајниот конфликт меѓу двете земји, соопшти дека постои шанса за примирје, но дека тоа не е сигурно.

„Путин заврши одлична и интензивна работа со своите колеги од Баку и Ереван. Двете страни одговорија. Министрите за надворешни работи (Зохраб Мнацаканиан од Ерменија и Јeyхун Бајрамов од Азербејџан) се на пат кон Москва и денеска ќе започнат со работа со рускиот министер за надворешни работи Лавров“,изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков додаде дека Путин нема намера да се сретне со министрите.

Вархеји: Западен Балкан го гледаме како дел од Европа

Еврокомесарот Оливер Вархеји
Еврокомесарот Оливер Вархеји

Западен Балкан е еден од приоритетите на Европската комисија, изјави денеска во Сараево комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји. По разговорите со домаќините, Вархеји пред новинарите изјави дека Комисијата многу ревносно работи од првиот ден за да даде до знаење дека Западен Балкан е приоритет на ЕК.

„И не само тоа, ние го гледаме Западен Балкан како дел од Европа и го гледаме на долг рок или на краток рок како целосно интегриран во Европската унија“, порача тој.

Зборувајќи за иницијативата „мини Шенген“, Вархеји рече дека тоа значи брза можност за проток на стоки и луѓе и оти тоа ќе овозможи прилив на инвестиции и ќе го олесни платниот промет.

„Затоа започнавме да работиме на нова методологија за проширување, почнаа преговори со Северна Македонија и Албанија. Работиме и на забрзано намалување на нееднаквоста меѓу земјите од Западен Балкан и Европската унија“, истакна еврокомесарот Вархеји.

Вархеји: Во интерес на Северна Македонија и Бугарија е да најдат решение

Нови 386 заразени од корона, 6 лица починале

илустрација
илустрација

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 2267 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи на ковид-19. Најмногу од нив се во Скопје 178, а потоа следуваат Струмица 44, Прилеп 20, Куманово 18, Гевгелија 18, Битола 13, Тетово 13, Дебар1, Штип 8, Струга9, Велес 5, Охрид 7, Кавадарци 3, Гостивар 4, Крива Паланка 7, Радовиш 4, Кочани10, Пробиштип 1, Македонски Брод 1, Берово 7, Валандово 3, Виница 2, Делчево 1, Свети Николе 3, Кичево 4, Неготино 2.

Починати се 6 лица, два пациенти од Скопје, пациентка од Тетово, Битола, Струга и Свети Николе. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти.

Каква е државната стратегија против Ковид-19?

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20163, бројката на оздравени пациенти е 16009, на починати е 781, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3373.

Шахпаска: Во градинките стабилно, позитивните деца веројатно се заразиле дома

Јагода Шахпаска, СДСМ
Јагода Шахпаска, СДСМ

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска изјави дека состојбата во градинките е стабилна и оти институцијата со која раководи, заедно со Министерството за здравство будно ја следи. Засега 10 деца и 21 вработен во градинките биле позитивни на коронавирусот, а сите се во добра здравствена состојба. Во изолација поради позитивни случаи се 150 деца. Според министерката, позитивните деца не се заразиле во градинка.

„Ние будно ја следиме состојбата зошто градинките беа првите установи за деца кои беа отворени на некој начин тоа беше првиот чекор за нормализација на општеството во период на пандемија. Досега состојбата во градинките е стабилна. Последната информација вели дека од отворањето на градинките досега 10 деца и 21 вработен се регистрирани позитивни и се во добра здравствена состојба. Голем дел од групите кои беа затворени заради некој позитивен случај делумно се вратени со работа. Бројките на изолирани деца поради коронавирусот се 150“, рече министерката Шахпаска, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на мал групен дом во Скопје.

Според неа, децата кои биле позитивни, не ја стекнале инфекцијата во градинка.

„Тоа го тврдиме врз основа на податокот дека сите членови на постесните семејства се позитивни. Најверојатно инфекцијата ја донеле од дома“, нагласи Шахпаска.

ВМРО-ДПМНЕ попладе на протест против „реваншизмот и теророт“

Архивска фотографија од протестот на ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев во Скопје
Архивска фотографија од протестот на ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев во Скопје

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи протест, како што се наведува во партиското соопштение, „против реваншизмот и теророт“. Протестот е закажан за 18.30 часот, а ќе се маршира од пред Министерството за правда, во центарот на Скопје, до Министерството за информатичко општество и администрација.

ВМРО-ДПМНЕ, од смената на власта до сега, организираше неколку протести, од кои три беа против одлуката за покачување на струјата и еден за Гоце Делчев. Протестите се дел од реализацијата на најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дадена по поразот на избори, дека „оваа власт ќе падне пред масовните протести на народот.

Собранието одобри „Викенд без ДДВ“

Собрание на Република Северна Македонија
Собрание на Република Северна Македонија

Парламентот денеска го донесе Законот за изменување и дополнувањe на Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица, по скратена постапка, со што се овозможува да се реализира мерката „Викенд без ДДВ“, дел од најавените антикризни мерки на Владата поради ковид пандемијата.

Пратениците од СДСМ сметаат дека се работи за проект од интерес на граѓаните и дека тоа ќе значи пари назад на сметките на граѓаните, поддршка на приватната потрошувачка и зајакнување на домашниот буџет. Опозицијата, пак, вели дека законот е напишан набрзина и оти има задоцнетост во неговата примена.

Со „Викенд без ДДВ“ граѓаните ќе го добијат назад целиот ДДВ за производите што ќе ги купуваат во претстојниот продолжен викенд меѓу 10 и 12 октомври. „Викенд без ДДВ“ е дел од четвртиот сет на владини антикризни мерки. Проценките се дека околу 350 илјади корисници на апликацијата „Мој ДДВ“ ќе можат да купуваат домашни производи и услуги, компјутери и друга ИКТ опрема во вредност од најмногу 30 илјади денари, а во рок од неколку дена на нивните трансакциски сметки ќе им биде исплатен назад целиот ДДВ.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG