Вести
„Динариди“ во сенка на пандемијата
Поради состојбата со пандемијата со ковид-19, седми октомври, Денот на заштитата на Динаридите, беше одбележан виртуелно во сите земји од регионот. Пандемијата во изминатите месеци, во земјите на Динарскиот лак, драматично влијаеше врз животите и здравјето на луѓето, носејќи со себе економски и социјални предизвици, кои можат да имаат долгорочни последици во општеството, изјави за Радио Слободна Европа, директорот на националниот парк Маврово, Самир Ајдини, кој воедно е и член на Управниот одбор и преставник на Македонија во Собранието на Динаридите.
Тој нагласи дека Денот на заштитата на Динаридите има за цел да укаже на важноста на природното и културното наследство во земјите на Динарскиот лак, како и испреплетеноста на природното богатство и културно- историски вредности на овој, по многу нешта посебен простор во Европа. Оваа година поради пандемијата слоганот на виртуалните активности е Динаридите не обединуваат, а тоа, вели Ајдини, значи дека сакаме да обрнеме внимание врз влијанието на пандемијата на заштитените подрачја, но и потребата од зајакнување и продлабочување на соработката како одговор на новонастанатата криза.
„Моменталната пандемија би можела значително да го уназади деценискиот труд во воспоставување на одржлив и ефикасен систем на заштита на природата и управувањето во заштитени подрачја“, вели Ајдини и додава дека ефектите на пандемија се видливи во прв ред преку намалување на економските активности, што преку намалување на буџетите за голем број на заштитени подрачја ќе доведе до негативни мултипликативни ефекти на квалитетот на управување.
Во Динаридите влегуваат сите официјални национални паркови од Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.
ДСЗИ: Наставничка во Центар позитивна на ковид-19, за друга во тек е епидемиолошка анкета
Во Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов пристигаат податоци од училиштата во кои има по еден позитивен наставник, а после епидемиолошката анкета ќе се знае колку ученици ќе бидат во изолација, истакна денеска директорката на ДСЗИ Иринка Сотирова Бухова на заедничката прес-конференција во Владата.
Според неа, во моментов една наставничка е позитивна од одделенијата од прво до трето и една од вишите одделенија. Бухова информираше дека до сега ДСЗИ има направено 544 вонредни инспекциски надзори низ основните и средните училипта на целата територијата во државава и дека се изречени 54 решенија издадени во однос на недоволна санитарна, техничка безбедност во нив.
Од друга страна министерката за образование Мила Царовска денеса изјави дека пет други наставници кои држеле он-лајн настава, се позитивни на корона откако почна новата учебна година.
"Но, тие работат од дома, па во училиштата каде предаваат, учениците не биле во контакт и наставата тече непречено , изјави министерката за образование Мила Царовска.
Во Тетово средношколци на протест против учењето од далечина
Во Тетово, дел од средношколците од сите средни училишта од наставата по албански јазик протестираа поради учењето од далечина и побараа наставниот процес да се одвива во училиштата.
Тие се собраа пред централниот објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ околу 13 часот па потоа маршираа до Плоштадот.
"Нема секој компјутер затоа протестираме. Има проблеми со платформата. Не се сите економски добри.Сакаме да учиме во училиште затоа што има многу дефекти на платформата, изјавија ученикот Берат Шаини од гимназијата.
Средношколците на протест против целосна онлајн настава
На 1 октомври дел од средношколците од повеќе средни училишта од наставата по албански јазик се собраа пред гимназијата „Кирил Пејчиновиќ и со тоа ја бојкотираа наставата од далечина.
Во Тетово, според податоците на секторот за јавни дејности на училиште започнаа да одат 3400 ученици од прво до трето одделение. Општина брои 9.850 основци и 6300 средношколци.
Србија испрати протестна нота на Албанија
Министерството за надворешни работи на Србија го повика амбасадорот на Албанија во Србија, Илир Бочка, поради врачување на нота, во која е изразен оштар протест по повод изјавите дадени за време на неодамнешната седница на владите на Албанија и Косово, кои имплицираат создавање на т.н. „голема Албанија“.
Како што јави МИА од Белград, протестната нота е во врска со изјавите од седницата на 2 октомври во Тирана и се однесува на онаа за укинувањето на границата меѓу Албанија и Косово.
"Ваквите изјави, кои подразбираат обединување на Албанија и српската покраина Косово и Метохија и создавање на„ голема Албанија“, преставуваат оправдана причина за загриженост, како за Србија, така и за другите земји во регионот ", се наведува во нотата.
Во неa се укажува и на напорите на Србија за развој на билатералните политички и сите други односи со соседните земји и приближување на позициите за кои нема согласност, објави Министерството за надворешни работи на Србија.
"Во таа смисла, во нотата се изразува очекување дека највисоките претставници на Албанија во иднина ќе се воздржат од давање изјави, кои ги нарушуваат билатералните односи и можат да го дестабилизираат регионот", наведуваат од српското МНР.
За наводите од некои медиуми за врачувањето на протестна нота на албанското Министерство за надворешни работи на српските дипломатски претставници во Албанија, во соопштението се додава дека привремениот вршител на должноста амбасадор на српската амбасада во Тирана вчера бил повикан во албанското Министерство за надворешни работи заради врачување протестна нота, но дека тој одбил да ја прими заради неприфатливите ставови искажани во неа, се наведува во соопштението на српското МНР
Рама- Вучиќ да ја осуди изјавата на Вулин
Нобелова награда за хемија за научнички од Франција и Германија
Француската научничка Емануел Шарпентие и американската истражувачка Џенифер А. Дудна ја добија Нобеловата награда за хемија за развој на метод за уредување на геном познат како CRISPR.
Добитничките беа објавени денеска во Стокхолм од Горан Хансон, генерален секретар на Кралската шведска академија на науките.
Откритието е значајно, соопшти академијата, и со него може да се модифицираат гените во клетките што е револуционерен чекор напред во медицината.
Шарпентие и Дудна стануваат шести и седми жени кои добиле Нобелова награда за хемија, приклучувајќи им се на Мари Кири, која победи во 1911 година, и неодамна, на американскиот хемиски инженер Франсис Арнолд, во 2018 година.
Министерката за култура во самоизолација
Министерката за култура Ирена Стефоска денеска на својот официјален Фејсбук профил соопшти дека е во самоизолација, бидејќи член од нејзиниот кабинет е позитивен на Ковид-19.
"Ве известувам дека член од мојот кабинет е позитивен на КОВИД 19 и согласно протоколите, од денес сум во самоизлоација. Моите обврски ќе ги извршувам од дома сè до спроведување на КОВИД тестот, чиј што термин се определува согласно здравствените протоколи", напиша Стефоска.
Додава дека изминатиот период доследно ги почитувале заштитните мерки.
Грција:Одлуката за Златна зора – голем ден за демократијата
Грчката организација Златна Зора е осудена како криминална организација, одлучи денеска Апепацискиот суд во Атина
Грчката претседателка, премиерот, министри од Владата, лидери на опозициските партии, сите учесници од политичката сцена во Грција ја поздравија едногласната одлука на судот и коментираа дека денеска е голем ден за демократијата, јави МИА од Атина.
Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу рече дека „денешниот ден е важен за демократијата“, а одлуката е „потврда дека демократијата и нејзините институции секогаш имаат можност да спречат било каков обид за нивно поткопување“.
Поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас, кој беше и на протестот пред судот, неговото задоволство за одлуката го изрази прелку социјалните мрежи, коментирајќи дека е „голем ден за демократијата, ден на првда и гордост“.
Завршува најдолгото судење во Грција, се чека пресуда за Златна Зора
Пред судот во Атина, кусо откако беше соопштена одлуката дека Златна зора е криминална организација, имаше судири кои започнаа кога полицијата беше нападната со предмети а таа одговори со солзавец, шок бомби, но и со цистерна со топови вода за растерување демонстранти
Протестот беше масовен и според процените на грчката полиција, учествувале помалку од 20.000 лица.
Судскиот процес за Златна зора почна на 20 април 2015 година.Главното обвинение е дека политичката партија всушност функционирала како криминална организација и стои зад низа инциденти, расистички напади, но и зад убиството на музичарот Павлос Фисас пред седум години.
Нови 317 заразени и четворица починати од Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 1.990 тестирања, а регистрирани се 317 нови случаи со Ковид-19.
Најголем број на новозаразени се евидентирани во Скопје – 182, а нови случаи има низ повеќе градови од државата од кои најмногу во Кочани 18, потоа Штип 13 и Гевглеија е со 12 случаи.
Во болнички услови починати се четири пациенти и тоа еден пациент од Скопје на 59 годишна возраст, еден од Струга на 65 години и двајца од Гостивар на 71 годишна возраст и на 76 годишна возраст.
Нови 225 заразени и 8 починати лица од ковид-19
Министерството за здравство соопшти дека вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 19.413, бројката на оздравени пациенти е 15.749, на починати е 772, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.892.
Инаку во Скопје најмногу заразени има во општината Аеродром каде во моментов се регистрирани 208 случаи, потоа во Центар 210, Карпош - 180, Кисела Вода - 131 и Гази Баба 126 случаи на заразени, покажуваат податоците на Институт за јавно здравје.
Кафе барот „Мош“ има рок од 48 часа да го испразни објектот
На угостителскиот објект „Мош“ во кој последниот викенд имаше концерт, а го посетија и инспектори од Државниот пазарен инспекторат денеска му е испратена кривичната пријава и има рок од 48 часа да го испразни објектот.
Директорот на ДПИ Стојко Пауновски на заедничката прес-конференција во Владата информираше дека минатиот викенд поднесено е решение за затварање за пречекорување на работното време а во вториот случај за непочитување на протоколите за што има и кривична пријава.
Филипче- најмногу од новозаболените се од 20 до 30 години
Тој нагласи дека ДПИ постапува неселективно "Токму затоа се измените во законските решенија за ДПИ и полицијата, не само да направат записник туку истиот правен субјект да може да биде испразнет да не се пренесува зараза и да добие решение за затворањер и парична кана. Со пондесувањето на кривичните пријави видовме дека има доста пропусти направено, рече Пауновски.
Локалот има 48 часа да ги извади сите материјали и стоки кои се расипливи за да не дојде до поголема штета на субјектот.
До ова доаѓа откако угостителскиот објект „Мош“ изминатиов викенд имаше концерт без почитување на здравствените протоколи
Продолжуваат жестоките борби околу Нагорно Карабах
Жестоките борби продолжуваат околу отцепениот регион Нагорно Карабах и денеска и покрај меѓународните повици за прекин на огнот во зоната на ерменско-азербејџанскиот конфликт.
Воени претставници во Ереван изјавија дека сепаратистичката армија, поддржана од Ерменија, одбила азербејџански напад од големи размери врз нејзините позиции на најјужниот дел од „линијата на контакт“ во Нагорно Карабах. Областа, која се граничи со Иран, е епицентар на воените дејствија во последните денови.
Дипломатски напори за примирје во Нагорно-Карабах
Откако избувнаа борбите на 27 септември, двете страни пријавија најмалку 250 смртни случаи, вклучувајќи десетици цивили. Се верува дека вистинската бројка е многу поголема бидејќи обете страни тврдат дека нанеле големи воени жртви.
Секоја страна ја обвини другата дека има за цел цивили. Екипа на ерменската служба на РСЕ што работи во Степанакерт, најголемиот град на отцепениот регион, извести за гранатирање од страна на азербејџанските сили денеска по краткото застој на 6 октомври.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете