Достапни линкови

Вести

Нови 594 заразени од коронавирус, тројца починати

 Илустративна фотографија - Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта.
Илустративна фотографија - Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта.

Нови 594 случаи ан коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа во земјата од направени 2.617 тестови, соопшти вечерва Министерството за здравство.

Вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата се искачи на 23.201 пациенти. Бројот на смртни случаи изнесува 824, откако во изминатото деноноќие починале три лица во болнички услови.

Според официјалните податоци, во моментов има 5.266 активни случаи, а досега излекувани се вкупно 17.111 пациенти од избувнувањето на епидемијата на Ковид-19 во февруари оваа година.

Од новозаразените најголем број се во Скопје 303, а потоа следуваат Струмица со 34, Тетово 26, Куманово 22, Прилеп 19, Кочани 18, Битола 18, Кичево 17...

Комисијата за заразни болести уште пред скоро две недели побара нови рестрикции, но за тоа Владата соопшти дека се потребни законски измени.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека измените на Законот за заштита од заразни болести е во собраниска процедура и дека веќе следната недела ќе може да се интевенира со амандманите.

Опозицијата во Пакистан вети дека ќе го собори премиерот Кан

Архива - пакистанскиот премиер Имран Кан.
Архива - пакистанскиот премиер Имран Кан.

Опозициските лидери во Пакистан ветија дека за неколку недели ќе ја соборат владата на премиерот Имран Кан.

Ветувањето беше дадено на собир на 16 октомври на Пакистанското демократско движење (ПДМ) во паксистанскиот град Гујранвала, каде беше одбежан првиот собир на широкиот сојуз на најмалку девет опозициски партии.

Назаф Шариф, поранешен премиер и лидер на партијата Пакистанска муслиманска лига – Наваз (ПМЛ-Н), беше меѓу главните опозициски лидери кои зборуваа на собирот.

Шариф, кој се наоѓа на лекување во Лондон, говореше преку видео-врска.

Во август тој го речиси едногодишниот молк од прогонство, ветувајќи дека ќе го исфрли Кан од канцеларијата преку протести.

Опозицијата го обвинува Кан дека победил само на општите избори во 2018 година со помош на војската во земјата, која има преголема улога во внатрешните и надворешните работи на јужноазиската нација.

Тој исто така е обвинет и за таргетирање на опозициските партии во име на одговорност.

Премиерот ги негира обвинувањата.

Мицкоски бара лидерска средба за проблемот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ги повика лидерите на политичките партии на лидерска средба за да разговараат „за проблемите со нашиот источен сосед“ Бугарија.

„Не верувам дека Бугарија ќе ја блокира Македонија и ги охрабрувам тоа да не го направат“, изјави Мицкоски истакнувајќи дека како ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат релевантните политички лидери да разговараат за преговорите со Бугарија, но и за пописот, економијата, „дебаклот од образованието“ и заеднички да излезат со решенија.

Тој повтори дека стои на ставот дека е разговарано за нов договор со Бугарија, кој ќе подразбира уставни измени, бидејќи како што наведе досега никој од бугарска страна не го демантирал тоа.

Коментарите на Мицкоски доаѓаат откако деновиве македоснки и бугарски политичари даваат изјави за отоврените прашања меѓу двете земји и за тоа дали тие ќе бидат препрека за почнувањето на преговорите на земјава со ЕУ.

Македонија и Бугарија во 2017 година потпишаа Договор за пријателство и добрососедство, по што беше формирана заедничка мешовита комисија за историски и образовни прашања.

Членовите на комисијата имаа средби изминатите два дена во Скопје, по речиси една година пауза во работата. Тие наведоа дека сѐ уште не е постигнат договор за клучните прашања, но дека се постигнати мали поместувања.

Следната недела измени на законот за заштита од заразни болести

Министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот за здравство Венко Филипче.

Законот за заштита од заразни болести е во собраниска процедура и веќе следната недела ќе може по скратена постапка да се интервенира со амандмани, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Измените на законот се предложени за да се донесат нови мерки кои ги предлага Комисијата за заразни болести со цел спречување на ширењето на коронавирусот меѓу населението.

Комисијата за заразни болести пред околу две недели предложи нови мерки, како задолжително носење маски или заштитна опрема преку устата и носот секаде при престој на отоврено, на затворено во јавни објекти, на работно место и во јавен и приватен транспорт, со одредени исклучоци.

Исклучок за носење маска е во случаи на спортување на отворен простор и на затворено со почитување на протоколите за заштита, при транспорт со приватно моторно возило ако сите лица во возилото се од едно семејство или живеат во заедничко домаќинство, во угостителските објекти со почитување на протоколите за дистанца и дезинфекција, при престој во службена просторија – канцеларија ако лицето е само во просторијата, како и за децата до 6 години, односно за деца од претшколска возраст.

Исто така Комисијата предложи и забрана за групирање во домови на семејни прослави, слави и други собири во групи, при што се предлага на семеен настан во едно живеалиште, стан или куќа да може да се примат најмногу четири луѓе. Предложено е и да се забрани групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 22:00 часот односно да се забрани групирање по паркови, јавни површини или било каде на отворено.

По предложените мерки од Комисијата, Владата соопшти дека за нивно усвојување се неопходни измени на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Во Иран над 30.000 починати од Ковид-19

Илустративна фотографија.
Илустративна фотографија.

Иран денеска соопшти дека бројот на жртви од коронавирусот во земјата надминал 30.000 случаи.

Во објавата на портпаролката на Министерството за здравство Сима Садат Лари, е наведено дека вкупниот број на смртни случаи во Иран од почетокот на пандмијата е 30.123, со 253 нови смртни случаи кои се додадени во вкупната пресметка во изминатите 24 часа.

Лари рече дека 4.721 пациент со коронавирус е во кртична состојба.

Иран се бори да го забре ширењето на коронавирусот, откако во февруари го објави првиот случај на заразен, по што досега во земјата потврдени се повеќе од 526.000 случаи.

Се верува дека реалните бројки во најтешката епидемија на Блискиот Исток се значително повисоки.

Заменик министерот за здравство Ирај Харирчи, кој беше позитивен на вирусот во март, за државната телевизија изјави дека вистинската бројка на смртни случаи во земјата се проценува дека е двојно повисока од пријавените податоци.

Во последните две недели Иран се соочува со рекорден број на инфекции и смртни случаи од Ковид-19, предизвикувајќи зголемена загриженост дури и кога владата продолжува да се спротивставува на целосно затворање од страв за последици врз економијата која е под интензивен притисок поради санкциите од САД.

Минатата недела, иранските власти објавија забрана за патување кон и од пет големи градови, вклучително главниот град Техеран.

Испратен првиот македонски контингент во мисијата КФОР на Косово

Архивска фотографија - Подготовки за воената вежба „Одлучен удар“ на која учествуваат припадници на АРМ и НАТО-партнерите. Фотографии одАРМ.
Архивска фотографија - Подготовки за воената вежба „Одлучен удар“ на која учествуваат припадници на АРМ и НАТО-партнерите. Фотографии одАРМ.

Армијата на Република Северна Македонија денеска испрати контингент од 44 македонски војници во мисијата КФОР на Косово, соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Ова е прво учество на припадници на македонската Армија во мисија на НАТО, по полноправното членство во Алијансата.

„Покажавме кои се нашите квалитети на многу далечни места. Одсега ќе го покажеме нашето вистинско место и во регионот. Членството во НАТО значи безбедност и стабилност за нас, значи сигурност под колективниот чадор на Алијансата“, рече Шекеринска.

На свеченоста по повод изпраќањето на првата ротација на македонската Армија, учествуваа претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.

Пендаровски, Заев и Шекеринска им се заблагордарија на војниците за досегашното учество во мировни мисии.

Контингентот составен од 44 војници, кои ќе работат како штабни офицери во главната команда во Приштина, ќе ја обезбедува регионалната команда на КФОР Запад, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

Институцијата најавува дека за следната година се планира бројот на припадници на КФОР да се зголеми на повеќе од 60 припадници.

Димитров - не е тајна дека имаме предизвик со соседна Бугарија  

Никола Димитров - вицепремиер задолжен за европски прашања.
Никола Димитров - вицепремиер задолжен за европски прашања.

Главниот преговарачки тим во преговорите со ЕУ мора да биде мал и рационален збир на најдобрите, со критериуми за знаење, искуство и кредибилитет, изјави денеска на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Тој рече дека процесот на преговори со ЕУ бара многу реформи и многу тешки преговори, кои освен знаење и вештини, бараат и упорност.

Македонија стана земја кандидат за членство во ЕУ во 2005 година, а од 2009 година добива препораки за почеток на преговорите кои не почнуваа поради противењето на Грција поради спорот за името кој беше решен во 2018 година со потпишувањето на Преспанскиот договор меѓу двете земји.

Димитов додаде оти „не е тајна“ дека сега заедно со германското претседателство работат првата меѓувладина конференција да се одржи во декември годинава, но и дека „не е тајна дека имаме предизвик“ со соседна Бугарија.

„Но јас сум убеден дека сите земји членки, особено соседите, се свесни дека сме пред многу едноставен избор, или ќе имаме заеднички успех или ќе имаме заеднички дебакл, оти едентуалниот неуспех нема да е само македоснки, ќе биде пораз и за европската слика за соседна Бугарија, ама пред се за самата Европа и за нејзините основни вредности“, рече Димитров.

Инаку, во март оваа година ЕУ донесе одлука Северна Македонија и Албанија да ги почнат преговорите за членство, откако Унијата усови нова методологија за преговарање со земјите кандидатки.

Димитров рече дека според искуството на другите земји, на Северна Македонија ќе ѝ бидат потребни меѓу три и четири илјади експерти во целиот процес за усогласување, имплементација, хармонизација, апсорпција на ЕУ фондови насочени кон реформи“.

„Ќе бидам искрен, кадровскиот потенцијал е предизвик и дел од овие луѓе ние денес ги немаме во администрацијата. Но, уште оваа недела минатиот втроник во Владата разговаравме за политика на задржување на компетентните и способните професионалци п привлекување на нов кадар. На неа ќе ѝ пристапиме како на прашање од највисок државен интерес“, вели Димитров.

Тој рече дека Секретаријатот за европски прашања (СЕП) веќе детектира во кои институции има најголеми слабости, наведувајќи дека она што посебно загрижува е дека бројќите се критични и во телата што се најповикани за спроведување на проектите и индиректното управување: во министерствата за финансии, за животна средина, транспорт и врски...

Димитров рече и дека претстои и ревизија на националната програма за усвојување на правото на ЕУ. Тој додаде процесот на преводот на европското право на македонски јазик е обемен и се состои од повеќе од 170.000 страници, проект кој како што рече е десетина години запоставен.

Досега се преведени околу 20.000 страници, рече Димитров, додавајќи дека во градењето на европскиот идентитет повеќејазичноста гарантира еднаквост на сите граѓани на ЕУ и дека во согласност со оваа политика, македоснкиот јазик ќе ужива статус на еднаквост и ќе биде официјален јазик на Унијата кога Северна Македонија ќе стане полноправна членка.

Обезглавен наставник во Франција, покажувал карикатури од пророкот Мухамед

Местото на нападот во предградиото на Париз.
Местото на нападот во предградиото на Париз.

Наставник кој неодамна на учениците им покажувал карикатури од пророкот Мухамед е обезглавен пред неговото училиште во предградие на Париз, во како што францускиот претседател го нарече „исламистички терористички напад.“

Стоејќи близу средното училиште каде учителот бил нападнат, Макрон рече дека „граѓанин е убиен денеска бидејќи бил наставник и бидејќи предавал слобода на изразување.“

Напаѓачот, чиј идентитет не е утврден, бил застрелан од полицијата додека се трудела да го уапси и подоцна починал од повредите, соопшти полицијата.

Француските обвинители за борба против тероризмот изјавија дека убиството го третираат како „убиство поврзано со терористичка организација“ и „злосторничко терористичко здружение“, објави „Ле Монд.“

Весникот исто така објави дека документ за идентификација пронајден кај мртвиот укажува дека тој е 18-годишен роден во Москва.

Документот сугерира дека напаѓачот имал чеченско потекло, но истражителите чекале формална идентификација.

Цитиран е полициски извор како вели дека наставникот ги покажувал карикатурите од пророкот Мухамед пред учениците, што според некои муслимани се смета за богохулно.

Четири лица се уапсени, вклучително и малолетник, велат за АФП судски извори. Сите биле во врска со напаѓачот, вели изворот цитиран од АФП.

БГНЕС - Георгиевски во објаснувачка мисија во Бугарија

Љубчо Георгиевски - претседател на ВМРО Народна партија.
Љубчо Георгиевски - претседател на ВМРО Народна партија.

Поранешниот македонски премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски во наредните денови ќе пристигне во Бугарија за да помогне во решавањето на тековните спорови меѓу двете земји, јавува бугарската новинска агенција БГНЕС, пренесува МИА.

БГНЕС пишува дека посетата ќе се реализира откако Георгиевски неодамна имал разговор со премиерот Зоран Заев, а дека Георгиевски најавил оти ќе има јавни настапи со цел „да разбие некои тези кои во моментов се шират во Бугарија.

Ваквите најави доаѓаат откако вчера завршија дводневните средби во Клубот на пратениците во Скопје меѓу членовите на заедничката мешовита комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.

Комисијата беше формирана по потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија во 2017 година.

Инаку членовите на комисијата се сретнуваат по речиси една година пауза во работата.

Копретседателите на комисијата Драги Ѓорѓиев и Ангел Димитров по вчерашниот состанок рекоа дека два дена воделе „интензивни и напорни дискусии.“

Шефот на македоснкиот тим Ѓоѓиев рече дека и натаму останува клучното досегашно несогласување Гоце Делчев, што и понатаму останува пречка за сопнување.

Димитров, пак, како шеф на бугарскиот тим изјави дека се постигнати мали помнестувања за учебниците и наведе дека тоа што го завршиле на вчерашниот состанок е мал чекор напред.

Договорена е уште една средба до крајот на годинава и пет следната година.

Во меѓувреме, додека историчарите беа на средба во Скопје, продолжија пораките од македонските и бугарските политичари.

Претходно оваа година, Бугарија испрати до ЕУ објаснувачкиот меморандум за односите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.

Во него се бара билатералниот договор меѓу Скопје и Софија и добрите меѓусоседски односи да бидат дел од Преговарачка рамка за зачленување на Република Северна Македонија во ЕУ и да бидат дел од поглавјето 35.

Полициски час во Франција, рекорден број случаи на Ковид-19

Илустрација - здравствени работници во Франција.
Илустрација - здравствени работници во Франција.

Полициски час стапи на сила на 17 октомври во Париз и во другите големи градови, откако Франција прави напори да го стави под контрола алармантниот наплив на нови случаи на коронавирус.

Полицискиот час од 21 часот до 6 часот наутро ќе влијае врз околу 20 милиони луѓе и стапува на сила еден ден откако здравствените власти регистрираа повеќе од 25.000 нови случаи на коронавируст во Франција, откако само претходниот ден беа регистрираи 30.000 случаи и 122 смртни случаи.

Додека полицискиот час има широка јавна поддршка, официјалните лица во неколку градови се загрижени за големите социјални и економски трошоци за мерките коо треба да траат четири недели, но и подолго доколку здравствената состојба не се подобри.

Сопствениците на рестораните се жалеа велејќи дека полицискиот час нема многу смисла со оглед на строгите правила за социјално дистанцирање кои веќе ги применија.

Потоегот доаѓа во услови кога инфекциите од коронавирусот продолжуваат да беснеат низ цела Европа.

Германија во изминатите 24 часа забележа 7.830 инфекции, што е нов рекорд, соопшти денеска институтот за контрола на болести во земјата.

Бројот на заболени на дневно ниво во Италија исто така е рекорден втор ден по ред, со 8.804 случаи.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG