Достапни линкови

Вести

СЗО: Имунитет на стадо не е одговор за пандемија

سخنرانی آغازین تدروس آدهانوم گبریسوس در نشست روز دوشنبه که به طور اینترنتی برگزار شد
سخنرانی آغازین تدروس آدهانوم گبریسوس در نشست روز دوشنبه که به طور اینترنتی برگزار شد

Шефот на Светската здравствена организација денеска се осврна на сугестиите кои повикуваат на дозволување Ковид-19 да се шири слободно во надеж дека на тој начин може да се постигне таканаречен имунитет на стадо, велејќи дека тоа е „неетичко“.

Тедрос Аданом Гебреизус за време на виртуелен брифинг со новинарите рече дека „имунитетот на стада е концепт што се користи за вакцинација, во кој популацијата може да биде заштитена од одреден вирус доколку се постигне праг на вакцинација“.

Тој истакна на пример дека за мали сипаници се проценува дека доколку се вакцинираат 95 проценти од популацијата, останатите пет проценти исто така ќе бидат заштитени од ширење на вирусот. За полиомиелитис, прагот се проценува на 80 проценти, рече тој.

„Имунитетот на стадото се постигнува со заштита на луѓето од вирус, а не со изложување на нив“, рече Тедрос.

„Никогаш во историјата на јавното здравство не бил користен имунитет на стада како стратегија за одговор на епидемија, а камоли на пандемија“, инсистираше тој.

Новиот коронавирус уби повеќе од еден милион луѓе и зарази повеќе од 37,5 милиони од неговото прво појавување во Кина кон крајот на минатата година.

Потпирањето на природно добивање имунитет на стадото во таква ситуација би било „научно и етички проблематично“, рече Тедрос.

Тој посочи на недостаток на информации за развој на имунитет на Ковид-19, вклучително и за тоа колку е силен имунолошкиот одговор и колку долго антителата остануваат во телото. Тој исто така истакна дека се проценува дека помалку од 10 проценти од населението во повеќето земји се верува дека се заразиле со оваа болест. „Огромното мнозинство на луѓе во повеќето земји останува подложни на овој вирус“, рече тој.

СЗО: Секој 10-ти жител на планетата се заразил со коронавирус

177 заболени, 5 починати од Ковид-19

Клиника за инфективни болести во Скопје
Клиника за инфективни болести во Скопје

Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 177 нови случаи со Ковид-19 . Најмногу случаи на заболени има во Скопје-96, додека скопски општини во кои се регистринаи најмногу заразени се Центар со 330 случаи, Аеродром – 327 и Карпош со 319 заразени од ковид.

Во болнички услови починати се пет пациенти од кои еден од Тетово на 67 годишна возраст, еден од Струмица на осумдесет и седум години, еден од Крива Паланка на 68 годишна возраст и двајца од Кочани на 70 и 73 години.

Институтот за јавно здравје регистрира 107 оздравени пациенти,соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 21 113, бројката на оздравени пациенти е 16 301, на починати е 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4015.

Директорката на инфективната клиниката, Милена Стевановиќ денеска за медиумите изјави дека засега не е примен пациент во монтажната болница која се постави, во случај да се пополната капацитетите на Клиниката.

"При првото исполнување, ако биде тоа во дванаесет часот ноќеска, тогаш ќе биде примен следниот пациент во монтажната болница. Очекувањата се да има уште повеќе пациенти сега и затоа сме подговтвени за тоа се очекува од нас, да дадеме нега и третман на секој болен. До каде ќе оди ситуацијата никој не може да предвиди" изјави Стевановиќ

Во функција и модуларната болница за заболени од Ковид-19

ВМРО ДПМНЕ бара оставка од Димова, таа вели нема ништо незаконско

Директорката на националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова
Директорката на националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова

Опозициската ВМРО ДПМН денеска побара оставка од Директорката на националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова по информациите дека биле доделени 270.000 евра, европски пари за образование на фризерница, а таа ,пак, за утре најави пресс конференција

"Обвинителството да не молчи туку да го испита скандалот со злоупотреба на пари во Нациналната агенција за европски образовни програми и мобилност. Лидија Димова да си даде оставка веднаш", изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

По ова со реакција се јави директорката на националната агенција, која денеска преку фејсбук образложи дека нема ништо незаконско во доделувањето на грантови од 270 илјади евра за образовни проекти.Димова наведува дека проектите од „Еразмус+“ се финансираат според строги процедури пропишани од Брисел, а не од директорката или партијата или министерството или од кое било друго лице или тело.

Во меѓувреме вицепремиерот за борба со корупцијата, Љупчо Николовски побара надлежните органи во најкус можен рок да го испитаат случајот со доделувањето на европски пари на фризерница.

"Од директорката Лидија Димова, се очекува пред јавноста да ги презентира сите информации за случајот, со што ќе се даде шанса да се расчистат сомнежите за злоупотреба. Отворено, со присуство на медиумите, се разбира", изјави Николовски.

ЕУ предупредува дека е подготвена да го санкционира Лукашенка

Илустрација. Александр Лукашенко.
Илустрација. Александр Лукашенко.

ЕУ предупреди дека е подготвена да воведе рестриктивни мерки за Александр Лукашенко, автократскиот лидер на Белорусија, како одговор на „лажните“ претседателски избори во земјата и последователната „насилна“ акција против демонстрантите кои протестираат против него и медиумите што ги покриваат настаните.

На состанокот во Луксембург денеска, министрите за надворешни работи на 27-те членки на блокот повторија дека изборите во Белорусија во август не биле „ниту слободни ниту фер“ и дека Лукашенка „нема никаков демократски легитимитет“. Министрите, исто така, во изјавата подвлекоа дека „демократското право на белорускиот народ е да избере свој претседател преку нови, слободни и фер избори, без надворешно мешање“, и остро ја осудија тековната акција, повикувајќи на ослободување на „сите произволно притворени лица“.

На почетокот на овој месец, блокот се согласи да воведе забрана за визи и замрзнување на средствата на 40 белоруски официјални лица за нивната наводна улога во репресијата врз демонстрантите и опозицијата, како и измамите за време на гласањето. Лукашенко не беше вклучен на списокот со санкции, но министрите за надворешни работи на ЕУ изјавија дека се подготвени блокот да преземе „понатамошни ограничувачки мерки против субјекти и високи функционери, вклучително и Лукашенко, доколку ситуацијата не се подобри“.

ЕУ со санкции за околу 40 лица од Белорусија

На „Блаце“ до 11 часот поминале над 3 илјади патници

Илустрација.Граничен премин Блаце
Илустрација.Граничен премин Блаце

Денеска официјално беа отворени границите за државјаните на Македонија и на Косово за патувања во двете земји без задолжителна потреба од негативен ПЦР тест.

Дел од медиумите објавија дека денеска до 15 часот на граничниот премин „Блаце“ поминале 7.607 патници.

Според официјалните информации на Министерството за внатрешни работи само до 11 часот на овој граничен премин транзитирале 3.700 патници. 1.800 македонски државјани заминале за Косово, додека пак во насока кон Македонија се упатиле 976 косовски државјани.

На граничниот премин Табановце, пак, од полноќ до 15.30 часот во државава влегле 2133 патници, од кои 1496 странски и 637 македонски. Излез од државата, оствариле вкупно 1589 патници од кои 816 странски и 773 македонски државјани, соопштија од МВР.

До ова доаѓа откако претходно Владата соопшти дека граѓаните на Република Северна Македонија нема да можат да патуваат во Србија, Црна Горна и Босна и Херцеговина без приложување на негативен ПЦР тест. „Владата на Република Северна Македонија ги известува граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со ковид-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест, кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји", се наведува во владиното соопштение.

Иако можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа.

Владата ќе расправа за патувања без тест за ковид-19 во регионот

Двајца Американци добија Нобелова награда за економија

Американските економисти Пол Р. Милгром и Роберт Б. Вилсон ја добија Нобеловата награда за економија
Американските економисти Пол Р. Милгром и Роберт Б. Вилсон ја добија Нобеловата награда за економија

Американските економисти Пол Р. Милгром и Роберт Б. Вилсон ја добија Нобеловата награда за економија за „подобрувања во теоријата на аукција и пронајдоци на нови формати на аукција“.

Кралската академија на науките на Шведска денеска објави дека откритијата на Милгром (72) и Вилсон (83) „им биле од корист на продавачите, купувачите и даночните обврзници низ целиот свет“

Форматите на аукцијата развиени од дуото се користат во многу земји од 1994 година. Добитниците ќе ја поделат наградната сума од 1,1 милиони долари.

Економската награда, беше востановена во 1968 година, по воведувањето на наградите за мир, литература, физика, хемија и медицина минатата недела.

Двајца опозиционери во Белорусија ослободени од затвор

Илустрација.Белорусија
Илустрација.Белорусија

Белоруските власти ослободија двајца опозициски активисти откако претседателот Александр Лукашенка се состана со нив и со уште 10 други затворени лица од опозицијата.

Белорускиот државен телевизиски канал Белорусија-1 доцна синоќа соопшти дека Јуриј Васкрасенски, член на изборната кампања на поранешниот потенцијален претседателски кандидат Виктар Бабарика, и Дмитриј Рабцевич, директор на компанијата ПандаДок ИТ, биле префрлени во домашен притвор.

Бабарика, банкар што некогаш се сметаше за најтежок ривал на Лукашенко на изборите на 9 август, беше спречен да се кандидира и беше затворен пред гласањето.

Белоруските опозициски пртставници ја опишаа посетата како знак на слабост на Лукашенка, кој се соочуваше со повеќенеделни протести. До протестите дојде откако Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, беше прогласен за победник на изборите во земјата на 9 август, и покрајобвинувањата за наместено гласање.

Стотици приведени на антивладините демонстрации во Минск

Дополнителни 130 000 заштитни маски од ЕУ за С.Македонија и Црна Гора

Илустрација. Заштитна маска
Илустрација. Заштитна маска

Европската унија продолжува да испраќа заштитна медицинска опрема на Западен Балкан, соопштија од Европската комисија. Во време кога бројот на заразени со коронавирусот расте низ цела Европа, од Европската унија преку заеднички залихи и Механизмот за цивилна заштита испратени се 130.000 заштитни медицински маски, како и заштитни одела, во Северна Македонија и Црна Гора, јави Танјуг.

Во Брисел наведуваат дека заедничките европски резерви на медицинска опрема се создадени за да им се помогне на земјите кои се соочуваат со недостаток во контекст на епидемијата на коронавирус. Во исто време, Словачка преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и понуди на Северна Македонија FFP2, FFP3 и хируршки маски, како и хигиенски пакети, ќебиња, шатори и генератори.

Оваа поддршка доаѓа како додаток на 520 000 маски кои веќе се доставени од резервите на ЕУ, при што Европската комисија покрива 100 отсто од трошоците и ја координира дистрибуцијата.

65.000 заштитни маски од ЕУ за С. Македонија, Хрватска, Србија и Црна Гора

Визер суспендира 50 линии, најголем број од Скопје

Илустрациј. "Визер"
Илустрациј. "Визер"

„Визер“ е во процес на суспензија до 50 линии на просторот на земјите од поранешна Југославија, а секој град што го опслужува оваа компанија ќе биде засегнат, јави МИА .

Најголем број откажувања ќе има Скопје,, а потоа следуваат Тузла, Охрид, Подгорица, Белград, Ниш, Приштина, Љубљана, Сплит и Сараево.

Неколку летови што се уште се активни, како што се Виена-Охрид, Стокхолм Скавста-Скопје и Меминген-Подгорица, ќе бидат суспендирани за две недели и нема да ги има во текот на зимската сезона, пишува порталот Екс-Ју Авијација.

И покрај намалувањето на сообраќајот во поранешна Југославија, „Визер“ се шири на друго место – во Западна Европа, а неодамна најави нови линии во Норвешка.

Компанијата се соочува со пад од 60 проценти на бројот на патници во септември, месец за кој се надеваа дека ќе претставува почеток на закрепнувањето. Според авиокомпанијата, нејзиниот капацитет останал за 40% помал во споредба со истиот месец лани. Овој октомври авиокомпанијата лета само со 50 проценти од своите капацитети.

Визер не предвидува работа со поголем капацитет во текот на зимата доколку се задржи моменталната состојба со пандемијата.

Коронавирус- нови заразени во штипските конфекции

macedonia - Workers at a textile factory in Tetovo.
macedonia - Workers at a textile factory in Tetovo.

По пауза од два месеца во штипските конфекции повторно има заразени од коронавирусот.

Заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов и директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова потврдуваат дека позитивни случаи имаат кај работници во една голема штипска фабрика во ТИР зоната и во една помала конфекции.

На последниот кризен штаб, инспекторите, но и Кристина Ампева од Гласен Текстилец побараа повторно да се заголемат контролите на автобускиот превоз, но и во вистинска смисла на зборот да функционираат Ковид координаторите во фабриките, кои нема да дозволат групирање на работниците за време на паузите.

По ова општинскиот Штаб за заштита и спасување најави дека ќе упати Барање до Комисијата за заразни болести и Централниот Штаб за изработка на конкретен Протокол за вршење на превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај Со донесувањето на овој протокол ќе се опфатат сите видови на превоз кои се одвиваат на територијата на државата.

Се бара времено затворање на конфекциите во Штип

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG