Достапни линкови

Вести

Земјотрес од 6,4 степени по Рихтер го погоди Порторико

архивска фотографија, илустрација
архивска фотографија, илустрација

Земјотрес со магнитуда од 6,4 степени по Рихтер го погоди Порторико во серијата земјотреси кои се случија денеска. Според извештаите од светските новински агенции едно лице загинало откако ѕид се урнал во куќата, а неколкумина се повредени. Во делови од Порторико е прекинато снабдувањето со електрична енергија. Засега не се познати детали од предизвиканата штета и конечната бројка на евентуално загинати и повредени. Според локалните медиуми најголема штета е предизвикана во четири града во јужниот дел на земјата.

Фејсбук со чекор напред во борбата против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук најави дека ќе почне со забрана на таканаречените „deepfake “ видеа кои се создаде со помош на софистицирани софтверски алатки, што во основа е лажно видео кое личи на реално, јавува новинската агенција Асошијетед прес.

Ова е чекор напред во борбата против манипулацијата на интернет, се вели во соопштението кое беше објавено на Фејсбук. Според него социјалната мрежа ќе ги награди правилата според кои ќе може да биде отстрането видео кое е едитирано на начин што не е видлив за просечниот човек. Тоа значи дека видеата кои се наречени „deepfake“ користат односно заменуваат веќе постоечка содржина и со неа креираат слики за кои е речиси невозможно да се каже дали се вистински или не.

„Додека овие видеа сè уште се ретки на интернет, тие претставуваат значаен предизвик за нашата индустрија и општеството како што расте и нивната употреба“, изјави потпретседателката на Фејсбук Моника Бикет во нејзиниот блог пост.

Новите правила нема да вклучуваат пародија или сатира или уредувани видеа со променет редослед на зборови.

Европа ја предупредува Турција за интервенцијата во Либија

Министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција, Германија и Италија, во заедничка изјава ја осудија вмешаноста на Турција во либиската криза откако Анкара испрати трупи во Триполи. По заедничкиот итен состанок во Брисел на шефовите на дипломатиите во заедничката изјава повикаа да се стави крај на „надворешното мешање во случувањата“. Министерот за надворешни работи Јозеф Борел ја критикуваше Турцијаи изрази загриженост за ситуацијата во Либија. На состанокот му претходеше објавата одТурција дека ќе праќа војници во Либија.

Курти: Тачи не спомна никаков рок на состанокот

Лидерот на движењето СамоопределувањеАлбин Курти тврди дека косовскиот претседател Хашим Тачи на вчерашнатакуса средба не спомнал никаков рок. Тој во изјава за РСЕ вели дека средбата траела 6 минути и дека од кратката консултативна средба не произлегуваат никакви правни ефекти.

„Претседателот не спомна никакви рокови, ниту пак ја изговори фразата „48 часа“, која подоцна ја напиша на неговиот фејсбук статус. На состанокот кој траеше помалку од 6 минути бевме шестмина’“ изјави Курти.

Претходно Тачиму дал рок од 48 часа за да одреди мандатар за составување на влада со што ќе се оконча тримесечната постоизборна криза.Во соопштението од кабинетот на Тачи е наведено дека рокот е даден со цел да се разбере итната потреба од формирање на Влада и дека се очекува што поскоро да биде соопштено името на предлог претседател на косовската влада.

Курти соопшти дека движењето Самоопределување кое освои мнозинство од гласовите е во преговори со Демократскиот сојуз на Косово околу коалицирање во новата Влада.

Владика Петар се надева на напредок во прашањето за автокефалноста на МПЦ

Владиката Петар денеска изрази надеж дека годинава може да се очекува одредено придвижување по прашањето за автокефалност на МПЦ. Тој додаде дека тоа ќе зависи од општата состојба во православните цркви, поради разделеноста што постои.

„Се надевам дека може да дојде и тој дени ние како Православна црква, која по постоење сме помеѓу најстарите, но по признавање сме помеѓу последните, да бидеме рамноправни во признавањето. Но, никогаш не е доцна и ние да бидеме во Екумената на православните цркви, во заедница со сите православни помесни цркви, односно, да ја добиеме автокефалноста,“ изјави владиката Петар одговарајќи на прашањето дали оваа година може да биде пресвртна во признавањето на МПЦ.

Тој нагласи дека, по прашањето со случувањата во Црна Гора, секој треба да си ги решава своите проблеми.

„Репортери без граници“ со осуда за приведувањето новинари во Иран

Архивска фотографија. Протести на активисти од Репортери без граници
Архивска фотографија. Протести на активисти од Репортери без граници

Светската новинска организација „Репортери без граници“ ги осудуваат таканаречените „произволни“ апсења на четворица новинари во Иран минатиот месец, со кои бројот на приведените известувачи од антивладините протести изнесува 12. Во писменото соопштение е наведено дека условите како и начинот на кој се постапувало во притворот со две новинарки е „нечовечки и понижувачки“.

Приведувањето и малтретирањето на новинарите е само пример од многуте мерки преземени од иранските власти за заплашување и вознемирување на медиумските работници откако кон средина на ноември избувна бран на антивладини демонстрации.

Според информациите на „Репортери без граници “ кауцијата за последните приведени изнесува по 30 илјади долари. Оттаму соопштија дека во меѓувреме дел од приведените новинари и активисти за човекови права се претепани од затворските чувари.

Затворската администрација ги негира таквите наводи иако медицинската документација што ја поседува „Репортери без граници“ укажува на физичка траума и модринки.

Помпео: Солејмани не беше во Багдад во дипломатска мисија

Архивска фотографија- Американскиот државен секретар Мајк Помпео
Архивска фотографија- Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска на прес конференција во Вашингтон рече дека Соединетите Американски Држави знаеле дека не е точно оти иранскиот генерал Касем Солејмани патувал во Ирак во дипломатска мисија.

„Секоја цел која беше разгледана од САД ќе биде во согласност со меѓународните закони за војување“ рече Помпео одговарајќи на новинарско прашање поврзано со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД може да нападнат локации во Иран кои се и културно наследство.

Помпео додаде и дека Солејмани активно работел на поткопување на мировниот процес во Авганистан и соработувал со Талибанците. Солејмани беше убиен на 3 јануари во американски воздушен напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад.

Расте бројот на жртви од стампедото на погребот на Солејмани во Иран

Телата на дел од загинатите во човечкото стампедо кое настана на погребната поворка во Иран
Телата на дел од загинатите во човечкото стампедо кое настана на погребната поворка во Иран

Порасна бројот на загинати во човечкото стампедо на 50 и над 200 повредени кое настана за време на погребната поворка на иранскиот генерал Касем Солејмани.

Иранската државна телевизија јавува дека стампедото се случило во родениот град на генералот Керман. Тој загинал нба 3 јануари при американски возудшен напад врз Багдад.

Поради стампедото властите го одложија погребот на Солејмани без да прецизираат кога точно ќе се одржи како и кои се причините поради кое настана стампедото. Солејмани беше убиен минатата недела во американски воздушен напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, Ирак.Погребната церемонија почна пред три дена во Техеран каде што исто така се собраа илјадници луѓе, а продолжи денеска во градот во кој живееше Солејмани

Путин во ненајавена посета на Сирија

Архивска фотографија- рускиот претседател Владимир Путин
Архивска фотографија- рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во ненајавена посета на главниот сириски град Дамаск каде што се среќава со неговиот сириски колега Башар Ал Асад и со руските воени претставници таму. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на прес конференција во Москва изјави дека Путин патувал со возило по улиците на Дамаск од меѓународниот аеродром до седиштето на руските воени сили во градот. Тој додаде дека Асад го пречекал Путин во седиштето на руските воени сили во Дамаск и дека тие разговарале и слушнале извештаи за воениот развој во различните региони од Сирија. Ова е прва посета на Путин на Дамаск и втора на Сирија откако Русија почна со воената поддршка за сириските владини сили во долгогодишниот конфликт.

Пакистан- двајца загинати при уривање на авион

Илустрација
Илустрација

Пакистански авион се урна за време на вежба во источната провинција Пенџаб при што загинаа двајцата пилоти, соопшти војската. Авионот ФТ- 7 се урна на отворено подрачје и не предизвикал друга штета се вели во соопштението. Во него е наведено дека е отворена истрагата за да се утврди причината за несреќата што се случи во близина на областа Лахоре. Пакистанските власти ретко објавуваат детали од несреќи од воени вежби кои се релативно честа појава.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG