Вести
Еден рудар загина, двајца повредени во рудникот „Булмак” кај Крива Паланка
Еден рудар загинал, а двајца рудари вработени во рудникот за олово и цинк, „Булмак- Минстрој“, поранешна Тораница се повредени при минирање на јама. Според официјалните првични информации од Секторот за внатрешни работи Куманово, несреќата во рудникот се случила денеска околу 13 часот, а во Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка е пријавена во 14:20 часот.
Во несреќата загинал Б.М. (57) рудар од Крива Паланка, а повредени се Ј.М. (30) и А.Н. (32). Од СВР Куманово информираат дека се уште трае увидот на местото на настанот.
Денот на Републиката ќе се одбележува под мотото „Сите сме деца на Илинден“
„Сите сме деца на Илинден“ е мотото под кое годинава ќе се реализираат чествувањата на Денот на Републиката, 2-ри август, Илинден во Скопје, Пелинце, Смилево и Крушево. Централната свеченост ќе се одржи на Мечкин Камен во Крушево, каде после положувањето цвеќе на споменикот ќе следува обраќање на премиерот Зоран Заев по што е предвидена и свечена културно-уметничка програма.
Свеченостите по повод Денот на Републиката, како што информираат од владината прес-служба, ќе започнат со активностите на претседателот Стево Пендаровски, кој заедно со делегациите ќе положи свежо цвеќе пред спомениците на АСНОМ на Никола Карев и на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто во Скопје. Претседателот Пендаровски, заедно со Сојузот на борците ќе положи и цвеќе на Алејата на славните, по што ќе следува прием за гостите и за делегацијата на борците во претседателската вила на Водно, каде што претседателот и претставник на Сојузот на борците ќе имаат и свои обраќања по повод празникот.
Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе говори во Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце на свеченоста по повод 2-ри Август и по повод 75 годишнината од првото заседание на АСНОМ, по што ќе следува културно-уметничка програма.
Како дел од Програмата за одбележување на Денот на Републиката се и активностите во Смилево, со кои ќе се одбележат 116 години Илинден и 77 години од првата борбена акција на Битолско – Преспанскиот Партизански Одред „Даме Груев“.
Уапсени повеќе од 300 лица на протестите на опозицијата во Москва
Руската полиција уапсила 317 демонстранти кои денеска се собрале пред Собранието во Москва на недозволени протести за да бараат слободни избори. Руската опозиција повика на протести против отфрлањето на кандидатурите од страна на голем број членови на опозицијата за локалните избори во Москва во септември. Протестот беше свикан од Алексеј Навални, најистакнатиот руски опозициски активист, кој рече дека протестите ќе продолжат додека не им се дозволи на одбиените кандидати да учествуваат на изборите.
Навални беше уапсен во средата и доби 30-дневен притвор за повикување на недозволен протест. Неколку часа пред денешниот собир неколку активисти на опозицијата, исто така, беа уапсени, меѓу кои и Дмитриј Гудков, кој вчера изјави дека причината за протестите е поголема од локалните избори. Еден од главните соработници на Навални, Иван Жданов, преку Твитер објави дека бил уапсен во пресрет на протестот, а приведен е и Илија Јашин, уште еден водечки член на опозицијата.
Поплавите во Индија заробија 700 патници во воз
Околу 700 луѓе се заглавени во воз по поплавите што ја погодија областа близу индискиот град Мумбаи. Возот на Мајалаксми Експрес е блокиран од минатата ноќ, а хеликоптери, чамци и нуркачки тимови се распоредени заедно со војската за да ги повлечат заглавените патници. Како што јавуваат агенциите, меѓу патниците има девет бремени жени. Портпаролката на железничката компанија изјави дека организирале алтернативни начини на транспорт за сите патници. Патниците соопштија дека веќе 15 часа немаат вода или храна, но оти им било кажано да не се обидуваат да излезат од возот. Индиските власти соопштија дека околу 600 лица биле извадени од возот и дека е формиран привремен камп кадешто се делихрана и лекови.
Орбан ја критикуваше ЕУ за миграцијата и економијата
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ја критикуваше Европската унија, наведувајќи дека во последните пет години направила "сериозни грешки" во врска со миграцијата и економијата.
Според Орбан, Европската комисија треба да му дозволи на Советот на министри за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ да одлучува за прашањата на миграцијата. Тој исто така рече дека е време да се врати идеалот на "конкурентна европска економија“.
"Насекаде ни требаат работни места и намалување на даноците", изјави Орбан.
Орбан додаде дека на Унгарија најверојатно ќе и требаат уште две стимулативни мерки за заштита на домашната економија, како што се намалувањетo на даноците и инвестициски стимулации, поради забавувањето на економскиот раст во западноевропските земји, кои се главните трговски партнери на Унгарија.
Полицијата пушти солзавец врз демонстрантите во Хонг Конг
Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец врз илјадници демонстранти на денешниот протест протест. Демонстрантите облечени во црно се упатија кој Јуен Лонг, област каде што минатата недела мафијата брутално ги напаѓаше луѓето на железничката станица.
Полицијата одби да издаде дозвола за денешната поворка, наведувајќи дека се работи за висок ризик за безбедноста. Сепак демонтрантите тргнаа во пресрет на непознати напаѓачи кои претепале десетици луѓе. Напаѓачите биле облечени во бело, спротивно на бојата на облеката на продемократското движење.
Улиците на Јуен Лонг се преплавени со чадори што ги носат учесниците на поворката. Чадорите се симбол на протестите од демонстрациите „Окупирај го центарот“ во Хонг Конг во 2014 година. Чадорите им помагаат да го прикријат својот идентитет од полициски камери и да се заштитат од солзавец.
Минатиот месец во Хонгконг започнаа масовни протести против законот за екстрадиција, со што се овозможува осмничените за различни дела да им се предадат на централните власти на Кина за судење на осомничените да им предадат разни злосторства на централните власти на Кина за судење, со што како што велат критичарите нивните права им се загрозуваат.
Централната манифестација за 2-ри август во Вила Водно
Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, по повод државниот празник Ден на Републиката, на 2-ри август со почеток во 11:30 часот ќе се одржи централна манифестација на која ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски и претставник на главниот одбор на Сојузот на борците. Како што информираат од Кабинетот на претседателот, на свеченоста се поканети членови на Сојузот на борците, претставници на институции и на политички партии во државата, како и членови на дипломатскиот кор, акредитирани во Република Северна Македонија.
Претходно, во организација на Кабинетот на претседателот во Скопје ќе се одржат неколку настани во рамки на чествувањето на 2-ри август. Во Алејата на великаните, на градските гробишта Бутел, претседателот Пендаровски заедно со претставници на Сојузот на борците, во 10 часот ќе положи цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОБ, а ќе се поклони и ќе оддаде почит на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски и на генерал Михајло Апостолски. Делегација од Кабинетот на пpетседателот во 8:45 часот ќе положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот Жена-борец, во 9 часот пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Северна Македонија и во 09:15 часот пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на градскиот плоштад во Скопје.
По топлотниот бран, силно невреме ја прекина „Тур де Франс“
Откако рекордно топлиот бран почна да слабее, Европа се соочува со нови проблеми поради силното невреме и бурите со град кои го нарушија воздушниот и железничкиот сообраќај низ Велика Британија и делови од Франција. Невремето предизвика предизвика прекин на познатата велосипедска трка „Тур де Франс“. Организаторите се соочија со големи проблеми бидејќи мораа да ја сопрат 19-та фаза од натпреварот поради снег и на патот до областа Тиње на Алпите.
По неколку часа ограничувања на британскиот воздушен сообраќај, Националната служба за контрола на летање објави дека повторно се создадени безбедни услови за нормализирање на сообраќајот.
Но, и покрај намалувањето на рекордните температури, поради прегревањето на шините и самиот материјал на возовите, вчера биле предизвикани доцнења на возовите што се движеа низ Британија и во Париз, каде што пак беше измерена рекордна температура од 42,6 степени целзиусови.
МИОА: За трансферот од јавен во приватен сектор се разговара со сите страни
Откако Сојузот на стопански комори со соопштение во јавноста реагираше на можните дилеми поврзани со трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор, Министерството за информатичко општество и администрација информира дека концептот за превземање е предмет на консултации и анализи заедно со бизнис секторот, синдикатите, а ќе биде консултиран и со вработените во јавниот сектор.
„На првиот состанок на оваа тема, МИОА ги повика претставниците на сите стопански комомри во земјата, а свои високи претставници на состанокот имаше и Сојузот на стопански комори. На состанокот се разговараше за голем дел на отворени прашања и дилеми, а претставниците на ССК ја поддржаа идејата и покажаа спремност да бидат вклучени во дефинирањето на концептот, условите, начинот на превземање итн“, велат од таму.
МИОА соопштува дека го прифаќа испраќањето на соопштенија до јавноста како легитимен начин на размена на ставови и дилеим, но дека нивен принцип на работа е и ќе продолжи да биде отворената и директна комуникација преку јавни расправи со сите засегнати страни.
Сојузот на стопански комори смета дека постојат повеќе дилеми во врска со процесот за премин на вработените од јавната администрација во приватниот сектор, кој е најавуван од страна на Министерството за информатичко општество и администрација. Според претседателката на СКК, Данела Арсовска, се отвораат важни прашања како на пример, како ќе се одвива самиот процес во моделот на премин од јавен сектор во приватен кој првпат ќе се применува во земјава, дали ќе биде овозможена извесна доквалификација или преквалификацијата на овие кадри и кој ќе го изврши истото.
МВР: Пријавен само еден физички напад на протестот на плоштадот Скендер Бег
Во врска со вчерашниот протест што се одржа на плоштадот Скендер бег МВР информира дека има пријавено само еден физички напад од непознато лице и апелира доколку има и други напади граѓаните да ги пријават во најблиската полициска станица.
„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во врска со вчерашниот протест на плоштадот Скендер бег во Скопје има пријавено само еден физички напад од НН лице врз И.Г., кому му била укажана помош во ГОБ Наум Охридски. Други пријави за физички напад на вчерашниот протест до сега во МВР нема. Апелираме доколку има сторено било какво дело врз безбедноста и сигурноста на било кој граѓанин, тоа да го пријави во најблиската полициска станица, врз основа на што министерството според професионалните стандарди ќе преземе соодветни мерки за расчистување на случајот, како и во било кој друг случај“, се вели во денешното соопштение од МВР.
Вчера семејството на Ел Чека познат по бомбите кои ги објавува, излезе на протест и обвини дека било нападнато од лицето И. Г. дека на протестот им била скината фотографија од малиот Алмир и дека биле турнати.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете