Достапни линкови

Вести

Заев: Не може да ми се „накалеми“ идеолошката машинерија на Груевски

По бурните реакции во јавноста од интервјуто на премиерот Зоран Заев за грчката телевизија Алфа, тој на својот Фејсбук профил напиша во интервјуто бил прашан за минатите штетни политики на национализам и антиквизација и дека одговорил оти поранешната власт преку обидот за антиквизација успеа да ја скара земјава со сите соседи и цела деценија да ја држат во изолација.

„Не може мене да ми се накалемува нешто што не јас, туку Груевски и неговата идеолошка машинерија го правеа 10-11 години. Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива да оправдаат идентитетски инженеринг. Не македонскиот народ, туку Груевски и неговата пропаганда спроведоа идентитетски инженеринг за да насадат нешто што не е природен, ниту суштински дел од македонскиот национален корен, напиша Заев на својот профил.

Претходно, викендов во медиумите следуваше бура од реакции за изјавата на Заев, со која говори за точките регулирани со договорот со Грција, во однос на јазикот и словенските корени, но и за присвојување на, како што вели, туѓа историја како наша.

„Во минатото обидот да се промени и извитопери нашата историја со преземање на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО“ изјави за грчката телевизија Заев.

Заев на Фесјбук напиша дека под закрила на идентитетските дебати, претходната власт фрли земјата во изолација, изврши криминал поради кои се соочува со правдата. Јас, додава Заев, ја вложив целата моја политичка сила за да решам прашања за иднината и за сите идни генерации.

Брнс: Ќе продолжиме да го поттикнуваме премиерот Заев да бара одговорност

Илустрација, премиерот Зоран Заев со новата амбасадорка Кејт Мари Брнс.
Илустрација, премиерот Зоран Заев со новата амбасадорка Кејт Мари Брнс.

Американската амбасадорка во Скопје Кејт Мари Брнс во првото телевизиско интервју по нејзиното преземање на функцијата, вели дека ги следи актуелните случувања во земјава поврзани со аферата „Рекет“. Таа вели дека во сите случаи каде што постојат тврдења за корупција и за злоупотреба на функцијата,САД подржува темелна, брза и транспарентна истрага. Таа во интервју за Алсат ТВ, вели дека исклучително е важно во случај со тврдења за можна корупција, тие поединци да бидат повикани на одговарост, а Владата да презема дејствија.

„Ги уважуваме и ги поздравуваме чекорите што ги презема Владата за ставање крај на корупцијата и во борбата против неказнивоста. Но, има уште работа што може да се заврши. Ние ќе продолжиме да го поттикнуваме премиерот Заев да бара одговорност од сите владини претставници и да гарантира дека без оглед на нивото на функцијата, луѓето треба да имаат доверба во владините институции и тоа што тие можат да сторат за нив”, вели Брнс.

Во однос на иднината на СЈО таа вели дека е важно да се зачуваат капацитетите на Специјалното Обвинителство и ова ќе им даде јасен сигнал на граѓаните а воедно и на меѓународната заедница декадржавата е целосно посветена на унапредување на владеењето на правото.

Наследникот на Меј в среда ќе седне на премиерското столче

Премиеркатаво оставка Тереза Меј
Премиеркатаво оставка Тереза Меј

Членовите на владејачката британска Конзервативна партија денеска завршија со гласањето за новиот лидер на партијата и владата, а кој е побеникот во трката помеѓу поранешниот и сегашниот шеф на дипломатијата, Борис Џонсон и Џереми Хант ќе се знае утре.

За фаворит во тркава се декларира Џонсон, кој претходно бил градоначалник на Лондон, додека критичарите го осудуват неговото ветување дека ќе ја извади Велика Британија од Европската Унија со или без договор.

Неколку членови на владата на Тереза Меј, меѓу кои и министерот за финансии Филип Хамонд, најавија дека ќе поднесат оставка доколку Џонсон стапи на премиерската функција.

Цивили жртви на воздушен напад во Авганистан

Илустрација
Илустрација

Најмалку седуммина цивили се убиени при последниот воздушен напад на заедничките воени американски и авганистански сили во источниот дел на Авганистан. Инцидентот се случил за време на воената операција во областа Бараки Барак. Со нападот биле таргетирани талибански милитанти, но погодиле две станбени куќи. Надлежните соопштија дека меѓу загинатите има жени и деца и шестмина ранети.

Трамп ги демантира иранските тврдења за приведени агенти на ЦИА

Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко ги отфрла тврдењата на Техеран дека иранските безбедносни служби привеле 17 осомничени кои ги осудиле на смртна казна а ги поврзуваат со ЦИА. Тој на својот Твитер профил напиша дека иранскиот извештај за приведувањето на агенти на ЦИА е неточно. Нулта вистина, само лаги и пропаганда од религиозниот режим кој што нема идеја што да прави, напиша Трамп.

Претходно иранското министерство за разузнавање соопшти дека иранските безбедносни служби „ успешно ја уништиле шпионска мрежа на ЦИА“.

„Некои беа осудени на смрт, а некои на долгорочна затворска казна“ изјави еден официјален претставник на министерството.

Москва демантира учество на руски авиони во напад врз Сирија

Руското министерство за одбрана ги демантира информациите дека руските авиони извршиле воени напади при што загинале најмалку 23 цивили на пазарот во сирискиот град Марат ал Нуман кој е под контрола на бунтовниците. Сириските опозициски активисти велат дека воени авиони руски или сириски извршиле ваков напад врз пазарот во јужниот дел на провинцијата Идлиб. Москва тврди дека станува збор за „лажни вести“.

„Руските воздухопловни сили не извршија никакви мисии во сирискиот регион “ се вели во соопштението на руското министерството за одбрана.

Сириската организација за заштита на човекови права со седиште во Британија соопшти дека при воздушните напади загинале 23 лица, вклучувајќи и две деца, и десетина други се ранети.

ЗНМ бара да се изберат членовите во АВМУ и МРТ

ЗНМ бара од собраниската комисија за избори именувања одблокирање на процесот за избор на членовите на Советот на Агенција за аудио визуелни медиумски услуги и за Програмскиот совет на МРТ. Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковки и директорот Драган Секуловски денеска се сретнаа со претседателот на собраниската комисија Илија Димовски со кој како што се вели во соопштението од ЗНМ, е договорено дека во текот наредните денови ќе биде закажана седницата за овие две точки.Во соопштението е наведено дека Димовски очекува дека по летните одмори, доколку има политички консензус ќе се организира јавна дебата за кандидатите кои ги исполнуваат законските услови во двата совета со двотретинско мнозинство.

Заев: Писмото од Мерко не стигна во Владата

Премиерот Зоран Заев вели дека сè уште не го добил писмото со кое струшкиот градоначалник му ги остапува ингеренциите од општината во делот на градежништвото, но додава дека има информации оти и општина Охрид планира да го направи тоа. Заев вели дека доколку се случи тоа, државата ќе ги земе овие отстапени ингеренции и ќе постапува за да ги исполни обврските кон УНЕСКО, но и кон граѓаните воспоставувајќи ред во оваа сфера.

Британската морнарица испраќа подморница во Персискиот залив

Откако Иран заплени британски нафтен танкер, британската морнарица испраќа нуклеарна подморница во Персискиот залив, објави британскиот весник „Експрес“. Според весникот, подморницата ќе има одбранбена улога, користејќи ја својата софистицирана опрема за собирање разузнавачки податоци.

Подморницата од класа Астуте една од најновите, тешка е 7.400 тони, може да регистрира движење и пренос на глас до 200 милји, нејзината опрема може да ги пресретне и да ги преземе сите разговори, а во неа како дел од екипажот се и специјалисти лингвисти, пишува „Експрес“.

Весниокот наведува и дека фокусот ќе биде насочен кон иранското пристаниште Бандар Абас, во кое се наоѓа британскиот танкер „Стена Имперо“ со 23 членови на екипажот.

Русковска го добила вештачењето на телефонот на Катица Јанева

Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција стигнал извештајот од вештачењето на телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева што и беше одземен во врска со истрагата за случајот „Рекет“, потврдиле за МИА од Обвинителството.

Официјални детали од тоа што покажало вештачењето, како што велат од Обвинителството, не можат да соопштат во интерес на истрагата. Вештачењето на телефонот на Јанева беше со цел да се види нејзината комуникација со осомничените во „Рекет“.

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска викендов во ТВ интервју рече дека имаат снимки од кои сè слуша и гледа дека додека осомничениот Бојан Јовановски разговарал со сведокот бизнисмен, на спикерфон бил и јавен обвинител.

Катица Јанева даде оставка на функцијата минатиот понеделник, од кога не е достапна за јавноста. Јанева, како што информираа од СЈО, во вторникот отворила боледување.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG