Достапни линкови

Вести

Од "Охридско лето" пораки за отстранување на дивоградбите

Охридско езеро
Охридско езеро

На синоќешното отворање на 59 то издание на фестивалот "Охридско лето политичарите и уметниците" во своите говори испратија пораки за зачувување на природното и културно наследство на Охрид кое е заштитено од УНЕСКО.

"Уметноста треба да не инспирира на храбри потези за Охрид" рече во својот говор претседателот Стево Пендаровски.

Режисерот Александар Попоски кој ја прочита пораката од уметниците до светот, се осврна на творечкиот опус на драмскиот писател Горан Стефановски за да го потенцира проблемот со дивоградбите, со кој се соочува Охрид и рече дека тие треба да се "откорнат".

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски рече дека е потребна силна поддршка Охрид да ги надмине проблемите поради кои се најде на чекор да биде ставен на Листа на заштитени подрачја од УНЕСКО во опасност. Како што дополни градот ги евидентирал сите дивоградби и постапува неселективно, вклучително и во случајот со угостителски објект кај стариот Чинар, кој свечено беше отворен пред два дена иако општината има издадено решение за негово отстранување.

Решавање на проблемот со дивоградбите се само една од 19 барања на мисијата наУНЕСКО, кои Охрид треба да ги исполни за да го зачува статусот на заштитено светско природно и културно наследство.

Манифестацијата "Охридско лето" беше отворена синоќа со настап на светски познатата виолинистка Венеса Меј.

ВМРО ДПМНЕ бара оставка од министерот Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција го повика Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да си оди од функцијата, наведувајќи дека откако тој е на чело на институцијата, се случиле дестина тешки грабежи и неколку ограбени банки, а ниту еден расветлен случај.

Ѓорѓиевски рече дека криминалците се слободни да прават дрски кривични дела сред бел ден, а за тоа не одговара никој од нив.

Од ВМРО ДПМНЕ се осврнаа и на случајот од пред неколку дена во центарот на Прилеп, кога беше е фрлена бомба во кафуле.

„Спасовски или е целосно неспособен да преземе акција или пак е во коалиција со криминалното подземје, трето нема. Што и да е, Спасовски мора да си оди и тоа веднаш“,рече Ѓорѓиевски пред новинарите.

Тој додаде дека партизацијата на МВР е евидентна и е спротивна од професионализацијата.

Унгарија потпишa законот за контрола врз академските истражувања

Унгарскиот претседател Јанош Адер потпиша закон со кој ќе й се дозволи на владата да ја преземе контролата врз академските истражувања
Унгарскиот претседател Јанош Адер потпиша закон со кој ќе й се дозволи на владата да ја преземе контролата врз академските истражувања


Унгарскиот претседател Јанош Адер потпиша закон со кој ќе й се дозволи на владата да ја преземе контролата врз академските истражувања, потег што истражувачите го осудија како закана за научните слободи.

Владата вели дека нејзината цел е да ги зајакне иновациите и ја нарече Академијата на ануките - која е основана во 1825 година - неефикасна остаток на комунистичкото минато.

Критичарите изразија загриженост дека овој потег ќе доведе до егзодус на научници од Унгарија. Некои побараа од Адер, поранешен член на владејачката партија Фидес Орбан, да го испрати на Уставниот суд предлогот пред потпишувањето.

Поранешен градоначалник на Техеран пред суд за убиство на сопругата

Поранешниот градоначалник на Техеран Мохамед Али Наџафи
Поранешниот градоначалник на Техеран Мохамед Али Наџафи

Денеска започна судењето на поранешниот градоначалник на Техеран Мохамед Али Наџафи за убиство на неговата втора сопруга,објавија иранските медиуми.

Наџафи се појави во кривичниот суд во Техеран. Тој е обвинет за убиство на неговата втора сопруга Митра Остад во нивниот дом во иранскиот главен град.

На обвинителниот лист прочитан во судот се содржани убиство, напад и нелегално поседување на оружје. Обвинителот, исто така, ја прочита изјавата на поранешниот градоначалник, кој тврди дека неговата сопруга еднаш му се заканувала со нож за време на расправа.

На 28 мај, Остад беше пронајдена мртва дома во населбата Саадат Абад во северозападниот дел на Техеран. Истиот ден, обвинителот на Техеран, Мохамад Шахриари, рече дека Наџафи " се предал на полицајците" и признал дека ја убил сопругата поради семејни проблеми, според новинската агенција Тасни.

Напад врз хотел во Авганистан, убиени тројца полицајци

Авганистан.
Авганистан.

Талибанските милитанти нападнаа хотел во северозападниот дел на Авганистан, при што загинаа најмалку тројца полицајци

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Нусрат Рахими, рече дека тројца бомбаши-самоубијци го нападнале хотелот во Кал-ео, главниот град на провинцијата Бадгис, околу пладне по локално време.

Тој рече дека напаѓачите пукале во гостите. Рахими рече дека двајца напаѓачи биле убиени во судирите со безбедносните сили. Очевидци, изјавија за Радио Слободна Европа дека судирите се во тек, а областа е затворена од страна на безбедносните сили.

Портпаролот на Талибанците, Мохамад Јусеф Ахмади, ја презеде одговорноста за инцидентот.

Се намалува бројот на вработени во текстилната индустрија

Текстилна фабрика.
Текстилна фабрика.

Бројот на вработени во текстилната индустрија е намален од три до пет отосто, информира претседателот на Организација на работодавачи Ангел Димитров, кој состојбата во текстилната индустрија ја оценува како „не сјајна“.

"Запознат сум од многу колеги дека немаат доволно работа, што може да значи дека странските партнери полека бараат нови пазари, вели Димитров.

Претседателката на Текстилниот кластер, Мирјана Перковска, смета дека заминувањето на дел од странските партнери е заради поскапата работна сила, немодернизацијата на производството, миграцијата и демотивираноста на младите да се запишуваат во средните училишта.

Оценката на Текстилниот калстер е дека оваа гранка оди во надолна линија.

Терористички напад врз хотел во Сомалија

Сомалиски војник.
Сомалиски војник.

Вооружени лица нападнаа хотел во сомалискиот пристанишен град Кисмајо вчера, при што загинаа непознати лица.

Новинската агенција ДПА цитираше "висок полициски службеник", објавувајќи дека најмалку 12 лица се убиени. Други извештаи во медиумите, пак , наведуваат дека има "неколку" жртви.

Терористичката група Ал Шабаб ја презеде одговорноста за нападот, кој започна со експлозија на автомобил-бомба, проследена со напад од вооружени лица.

Претставникот на ОН во Сомалија, Џејмс Сван, издаде соопштение во кое го осуди нападот и ја изрази "солидарноста на Обединетите нации со луѓето од Кисмајо".

Една од жртвите на нападот, наводно, била истакната активистка Ходан Налаех Нејзиниот сопруг, наводно, го преживеал нападот. Налаех, кој имал канадско државјанство, бил новинар и телевизиски продуцент.

Ал-Шабааб - сунитски фундаменталисти кои се поврзани со со Ал Каеда - контролира делови од јужна и централна Сомалија и честопати спроведува напади врз безбедносните сили и цивилите.

САД, Русија, Кина и Пакистан бараат мировни разговори од Талибанците

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани разговара со специјалниот претставник на САД за авганистанскиот мир и помирување Залмај Калилзад на состанокот во Кабул, 27 јануари 2019
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани разговара со специјалниот претставник на САД за авганистанскиот мир и помирување Залмај Калилзад на состанокот во Кабул, 27 јануари 2019

САД, Русија, Кина и Пакистан го повикаа Талибанците веднаш да се согласат за прекин на огнот и директни преговори со авганистанската влада.

Четирите земји одржаа разговори во Пекинг, од 11 до 12 јули, во време на американските и меѓународните напори за ставање крај на речиси 18-годишната војна во Авганистан.

Според изјавата објавена од страна на американскиот Стејт департмент на 12-ти јули, четирите земји "ги охрабрија сите партии да преземат чекори за намалување на насилството кое ќе води кон сеопфатен и траен прекин на огнот што започнува со инфагигенски преговори".

Земјите, исто така, повикаа на директни преговори за "да се постигне мировна рамка колку што е можно поскоро". До ова доаѓа откако талибанците и авганистанските делегации, вклучувајќи и некои владини претставници, на 9-ти јули се согласија на разговорите во Катар за идното политичко решение кон ставање крај на војната.

Со пари од ЕУ Македонија и Бугарија ќе остваруваат проекти за соработка

Илустарција. Граничен премин.
Илустарција. Граничен премин.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски и министерката за регионален развој и урбанизам на Бугарија, Петја Аврамова вчера во Софија ги доделија договорите за финансирање 17 нови проекти од програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Вредност на проектите е седум милиони евра од кои 85 отсто се обезбедени од ИПА инструментот на Европската Унија, а 15 отсто од Буџетот на државата преку Министерството за локална самоуправа.

Три од проектите кои треба да се имплементираат се во областа на конкурентноста, осум за развој на туризмот, а шест проекти за заштита на животната средина.

Проектите ќе се имплементиираат со партнери од двете страни на границата, а нивната вредност се движи од 120 илјади до 590 илјади евра по проект, соопшти Министерството за локална самоуправа.

Министерот Милевски им честиташе на носителите на проекти и им посака успешна имплементација.

Екипажот на запленетиот ирански танкер е ослободен

Запленетиот ирански танкер
Запленетиот ирански танкер

Полицијата во Гибралтар соопшти дека сите четворица членови на екипажот на иранскиот танкер што се запленети под сомневање дека пренесуваат нафта во Сирија, спротивно на санкциите на Европската унија, се ослободени со кауција.

Полицијата додава дека истрагата е во тек и дека танкерот, Грејс 1, и понатаму е привремено задржан.

Сите четворица притворени членови на екипажот биле индиски државјани, рекоа официјални лица. Во танкерот се превезувале 28 лица, главно индиски, пакистански и украински државјани.

Британските кралски маринци на 4 јули покрај брегот на Гибралтар го запленија танкерот поради сомневањата дека ги кршеа санкциите со земање нафта во Сирија.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG