Вести
Протест пред амбасадата на САД во Багдад
Илјадници демностранти денеска ја опколија американската амбасада во Багдад, во знак на протест поради неодамнешните воздушни напади на САД во кои беа убиени најмалку 25 припадници на милитантната група „Катаиб Хизболах“ во Иран и Сирија.
Демонстрантите со камења удираат во прозорците и ги палат ѕидовите на амбасадата.
Безбедносните сили испукаа гранати за зашеметување и солзавец во обид да ги ратераат луѓето собрани пред комплексот.
Персоналот на амбасадата и американскиот амбасадор беа евакуирани, откако претходно демонстрантите скршија врата и палеа американски знамиња.
Во видео снимките од Багдад се гледа како илјадници демонстранти маршираат да се приклучат на протестот пред амбасадата.
Осуда на ССНМ и ЗНМ за заканите кон новинарите на ИРЛ
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро ги осуди заканите кон новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), по добиени пријави дека закани биле упатувани кон новинарката на ИРЛ Маја Јовановска за објавена истражувачка сторија во која се истражувани постапките при градежни активности во скпската населба „Тафталиџе.“
Осуда за притисоците кон Јовановска даде и Здружението на новинари на Македонија, посочувајќи дека заканите кон екипата на ИРЛ се „сериозен обид да се замолчи истражувачкото новинарство.“
Во реакцијата на ССНМ се вели дека Јовановска на својот телефон добила низа пораки од бизнисменот Зоран Азманов во кои тој се обидувал да „изигрува уредник“ и да дава насоки како требало да се пишува за градежните активности и дека, како што посочиле колегите од ИРЛ, тој продолжил со заканувачки и клеветнички пораки и по реакцијата на уредничката на ИРЛ Сашка Цветковска која на Азманов му посочила дека несоодветно се однесува, дека врши притисок и го упатила ако има забелешки да ги достави до новинарските здруженија.
„Освен пораките од Азманов, Јовановска добила и повици од непознат број при што и биле пуштани звуци од експлозија. ССНМ го повикува Министерството за внатрешни работи како и другите соодветни институции да ги преземат сите соодветни мерки за пронаоѓање на сопственикот на телефонскиот број, како и да го повикаат бизнисменот Азманов да објасни зошто испраќал недолични пораки, закани и клевети кон новинарката“, велат од ССНМ.
ЗНМ во соопштението наведува оти очекуваат во најбрзо време во МВР да биде повикан бизнисменот Азманов и да образложи зошто ја вознемирувал новинарката со недоличен говор и елементи на закани и дискриминација.
„ЗНМ ги повикува Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство сериозно да се ангажираат за расчистување на овие закани и наоѓање на идентитетот на лицето кое телефонски и се заканувало на колешката Јовановска“, велат од ЗНМ.
Од ССНМ наведуваат дека безбедноста на новинарите е од исклучително значење за демократските процеси во Македонија и дека без решавање на ваквите случаи новинарите и медиумските работници нема да можат да работат слободно и професионално.
Судија се повика на судскиот имунитет во истрага за нелегална приватизација
Првоосомничениот судија во истрага за нелегална приватизација, денеска сам се пријави во судот и се повика на судскиот имунитет во врска со предлогот на Обвинителството за определување мерка притвор, соопшти Кривичниот суд.
Вчера Основното јавно обвинитество за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека е отворена истрага за вкупно осум лица кои се сомничат за кривично дело Злоупотреба на службена положба и оти за шест од нив е даден предлог за определување притвор, додека за две лица определување мерки на претпазливост, а медиумите објавија дека првоосомничен е судијата и актуелен член на Судскиот совет Зоран Теофиловски.
Во денешното соопштение на Кривичниот суд се наведува дека првоосомничениот во постапката денеска се појавил во судот пред судија на претходна постапка во присуство на негови двајца бранители и се повикал на правото на судски имунитет.
„Во однос на новонастанатата ситуација, согласно одредбите од ЗКП судот со писмо го извести Судскиот совет на РСМ како надлежен орган и ја одложи седницата за произнесување во однос на предлогот за притвор го конечна одлука на советот“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.
Обвинителството вчера соопшти дека истражуваат дело кое се случило во 2011 година, а се однесува на незаконска приватизација на градежно земјиште во државна сопственост во тетовско.
Според Обвинителството, сомничените овозможиле правно лице да се стекне со право на сопственост на градежно земјиште со површина од 4410 метри квадратни, откупувајќи го за цена од 43 денари за метар квадратен во вкупна вредност од над 188 илјади денари, а на штата на средства на државниот буџет во висина од скоро 53 милиони денари.
Русија и Украина потпишаа петгодишен договор за транзит на гас
Русија и Украина потпишаа петгодишен договор од 7 милијарди долари за транзит на рускиот природен гас во Европа, по интензивни преговори пред рокот кој истекуваше на крајот на годината.
Договорот беше потврден од страна на украинските и руските државни комании за гас, како и од украинскиот претседател Володомир Зеленски во пост на социјалните медиуми.
Моменталниот договор истекуваше на 31 декември, ризикувајќи ја виталната врска на Европа со милијарди метри кубни гас од Русија преку украинските цевководи.
Околу 40 проценти од 200 милијарди метри кубни гас кој Русија го испраќа во Европа годишно се пренесува преку огромна мрежа на цевководи во Украина.
Енергетските односи меѓу двете соседни земји се дел од поголеми геополитички борби кои вклучуваат воена окупација – Русија го анектираше украинскиот Полуостров Крим во 2014 година и ги поддржа сепаратистите во источниот дел на земјата и други прашања.
Пендаровски - Граѓанско помирување втемелено врз правда
Претседателот Стево Пендаровски во честитка за новогодишните празници наведува дека посакува благосостојба во државата втемелена врз евро-атлантска безбедност и вредности, граѓанско помирување втемелено врз правда, здрава животна средина и повеќе мѓусебна почит на граѓаните.
„Посакувам во 2020 година во нашиот заеднички дом да владее мир и спокој до кој ќе стигнеме преку граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина. Вистинско помирување ќе имаме тогаш кога сите ние кои живееме во оваа држава ќе бидеме еднакви граѓани, со еднакви права и обврски. Владеењето на правото и правдата ќе ни ја врати не само довербата во институциите, туку и меѓусебната доверба“, вели Пендаровски.
Тој наведува дека како што членството во НАТО е гарант за стабилноста, така преговорите за членство во Европската унија ќе бидат поттик за суштински реформи.
“Поседуваме доволно домашен потенцијал во битни историски моменти да се обединиме за битни прашања. А, нема поважно прашање од нашата европска иднина“, истакнува Пендаровски.
Тој исто така вели дека последиците од загадувањето ги чувствуваме сите, независно од етничка, верска, идеолошка, социјална или генерациска припадност.
„Токму затоа треба да ги оставиме разликите на страна и заедно да го решаваме овој голем проблем“, вели Пендаровски.
Новиот амбасадор на САД во Русија се сретна со неговиот руски колега
Новоназначениот американски амбасадор во Русија Џон Саливан се сретна со неговиот руски колега Анатолиј Антонов во Вашингтон.
„Двете страни разменија мислења за тековниот статус и потенцијалниот развој на односите меѓу Русија и САД “, соопшти руската амбасада во изјава по состанокот.
Сенатот го потврди назначувањето на Саливан, кој служеше во две претходни администрации и е близок сојузник на државниот секретар Мајк Помпео. Тој даде заклетва на 23 декември.
Саливан, како земеник државен секретар во администрацијата на претседателот Доналд Трмап, беше вклучен во развојот на американската политика за Русија, во јули водеше разговори за борбата против тероризмот со Русија и беше вклучен во рестартирањето на преговорите за широк спектар на бебедносни прашања.
Тој исто така кратко служеше како вршител на должноста државен секретар по оставката на Рекс Тилерсон пролетта 2018 година.
Времето денеска - ведро и студено
Времето денеска ќе биде ведро и студено, преку денот претежно сончево. Кон крајот на денот ќе има појава на мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а за време на новогодишната ноќ ќе преовладува до умерено облачно време со слаб умерен, а во втората половина на ноќта на места засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до 10 степени, а дневната температура од три до осум степени.
Во Скопје ќе биде ведро и студено, преку денот претежно сончево и ќе дуав слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе достигне минус шест степени, а дневната до три степени.
Помпео во посета на Истокот
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска ќе се сретне со претставници на поранешните четири советски републики и Кипар за време на петдневната турнеја насочена кон „Суверенитетот и територијалниот интегритет“на државите кои граничат со Русија. Помпеоќе ги посети Украина, Белорусија, Казахстан и Узбекистан .
Американскиот дипломат „ќе ја реафирмира американската поддршка за суверенитетот на Украина и територијалниот интегритет“, соопшти Стејт департментот.
Потпишан колективниот договор во културата
Вработените во културата добија колективен договор со кој ќе имаат регулирани работнички права, а од 1 јули следната година ќе бидат утврдени и коефициентите за платите. Договорот беше потпишан денеска од Синдикатот на културата и Министерството за култура.
„Со потпишувањето ќе бидат регулирани работничките права, се валоризира трудот, се утврдуваат надоместоците и се заштитуваат сите права на вработените од културата“, истакна министерот за култура Хусни Исмаили.
Од Синдикатот за образование, наука и култура се задоволни од потпишаниот колективен договор, но велат дека и во следниот период доколку има некакви неправилности ќе работат на нивно надминување.
„Во колективниот договор постои клаузила која кажува дека платите ќе бидат исплатени од 1 јули. Без разлика кој ќе биде на власт, тие средства ќе бидат исплатени“, рече Сања Арсовска од Синдикатот за култура.
Вработените во културата организирани од синдикатот, досега неколкупати излегуваа на протест за да бараат итно потпишување на колективен договор.
За Русија нападите на САД во Ирак и Сирија се неприфатливи
Руското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека американските воздушни напади во Ирак и Сирија се неприфатливи и контрапродуктивни. Како што јавува Ројтерс, официјална Москва ги повикува сите страни да избегнат зголемување на тензиите во регионот. Претходно САД соопштија дека во Ирак и во Сирија извеле воздушни напади врз позиции на единиците обвинети за напад во кој бил убиен американски воен снабдувач. Пантагон соопшти дека американските сили извеле прецизни одбранбени удари врз пет локации на Хезболах, ирачка група поддржана од Иран. Во петокот во ракетен напад во близина на градот Киркук загина еден Американец.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете