Вести
Полицијата фрла солзавец кон демонстрантите во Египет
Полицијата во Каиро фрла солзавец кон подржувачите на отстранетиот претседател Мухамед Морси. Судирите следат откако демонстрантите започнаа марш, спротивно на полициските предупредувања за напуштање на протестниот камп на плоштадот Раба ал Адавија. Од друга страна, египетското министерство за надворешни работи соопшти дека американскиот заменик-државен секретар Вилјам Бурнс ќе допатува во Каиро денеска и утре ќе се сретне со в.д. министерот за надворешни работи. За сеа не се знае дали заменикот државен секретар ќе се сретне со шефот на армијата, генералот Абдел Фатах ал Сиси – човекот кој е одговорен за отстранувањето на Морси. Минатиот месец војската во Египет одлучи да го суспендира уставот поради протестите против владеењето на првиот демократски избран шеф на државата.
ОН бара истрага за убиства на завореници во Сирија
Шефицата на Обединетите нации за човекови права Нави Пилај побара истрага за масовните убиства на бунтовници кои биле заробени во северниот дел на Сирија во текот на викендов. Таа додаде дека согласно сознанијата, 30 лица биле погубени, многумина од кои биле војници. Пилај побара одговорните да бидат соочени со правдата , додавајки дека бројот на загинати во немирите во текот на викендов е значително поголем од бројот на лица кои биле заробени и погубени.
Маршови и протести во Египет за подршка на Морси
Поидржувачите на отстранетиот египетски претседател Мухамед Морси маршираат во Каиро, непочитувајки ги предупредувањата на полицијата за прекин на протестите. Маршовите треба да завршат на плоштадот Раба ал Адавија каде демонстрантите имаат поставено шатори. Протестите се организираат додека властите во Египет го чекаат пристигнувањето на американскиот заменик-државен секретар Вилјам Бурнс, кој утре треба да се сретне со в.д. министерот за надворешни работи.
Нова жртва нa хеморагичната треска во Косово
Станува збор за 58-годишен маж од Драгобил кај Малишево, кој починал ноќеска по полноќ во Клиничко-болничкиот центар во Приштина. „Тој беше донесен во неделата, но и покрај напорите, не можевме да направиме ништо повеќе“ изјави претставник на болницата, кој потврди дека во клиниката се хоспитализирани уште четворица пациенти заболени од хеморагична треска.
ОН бара ослободување на белоруски активист
Специјалниот известувач на Обединетите нации во Белорусија побара владата веднаш да го ослободи активистот за човекови права Алес Бјалјатски. Според Миклош Харасци, затворската казна на Бјалјатски претставува симбол за репресија на активистите за човекови права. Активистот, кој воедно помогна во основањето на опозицискиот Народен фронт, беше осуден во 2011 година за наводно затајување данок.
Вилјам Бурнс во посета на Египет
Египетското министерство за надворешни работи соопшти дека американскиот заменик-државен секретар Вилјам Бурнс ќе допатува во Каиро денеска, во услови на стравување од можни насилни реакции на протестите за подршка на отстранетиот претседател Мухамед Морси. Портпаролка на министерството изјави дека Бурнс ќе се сретне со в.д. министерот за надворешни работи Набил Фахми во сабота. За сеа не се знае дали заменикот државен секретар ќе се сретне со шефот на армијата, генералот Абдел Фатах ал Сиси – човекот кој е одговорен за отстранувањето на Морси. Во меѓувреме подржувачите на поранешниот исламистички претседател одбиваат да прекинат со протестите.
Државни службеници штрајкуваат во Грција
Грчки државни службеници се собраа пред влезот на Акропол, во знак на протест поради владините планови во текот на овој месец да бидат укинати 500 работни места во Министерството за култура на Грција. Демонстраните само протестираа пред влезот на Акропол, но не ги попречуваа посетителите да влезат во овој историски комплекс во Атина. Паралелно со ова, друга група државни службеници одржаа протестен марш низ центарот на главниот град. Во знак на протест денеска не работеа повеќе музеи ширум Грција, меѓу кои и популарниот Археолошки музеј на островот Санторини.
Негативна перспектива за хрватскиот кредитен рејтинг
Меѓународната агенција „Стандард и Пурс“ го задржа кредитониот рејтинг на Хрватска на ниво ББ+, но изнесе неповолни оценки за идните перспективи, намалувајќи ги од „стабилни“ на „негативни“. Организацијата соопшти дека доколку економските резултати во земјата на крајот на годинава бидат полоши од очекувањата, следната година ќе се намали хравтскиот кредитен рејтинг. За последниве пет години хрватскиот бруто домашен производ реално се намали за 12 проценти. Паралено со ова, уследи и пад на потрошувачката за 12 отсто и на инвестициите за 35 проценти.
Израел реагира на изјавата на Рохани
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека со своите коментари новиот ирански претседател го покажал вистинското лице. Хасан Рохани го нарече Израел рана која мора да се отстрани. Рохани, кој и официјално ќе ја превземе претседателската функција во недела, ја даде забелешката пред новинарите за време на прославата на деновите на Кудс во Техеран. „Зионистичкиот режим со години е рана на телото на исламскиот свет и раната треба да биде отстранета“ изјавил претседателот на Исламската република. Претходно, неговиот претходник Махмуд Ахмадинејџад рече дека наскоро ќе се случи регионална бура која ќе го искорени Израел.
Закажани претседателските избори во Азербејџан
Претседателските избори во Азербејџан се закажани на 9 октомври, соопшти централната изборна комисија. Актуелниот претседател Илхам Алиев се кандидира за петти мандат. Тој е на власт од 2003 година а лидерската позиција ја наследи од неговиот татко. Со амандман на уставот во 2009 година се укина одредбата за шефот на државата да добива максимум два мандати. Опозицијата и активисти за човекови права го прозиваат Алиев за непотизам.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете