Достапни линкови

Вести

Египет: Крај на претседателскиот мандат на Мухамед Морси

Армијата во Египет го отстрани од власт претседателот Мохамед Морси, првиот шеф на државата кој беше избран на демократски избори, јавуваат египетските државни медиуми. Првиот човек на вооружените сили во земјата Абдел Фатах ал Сиси рече дека главниот судија во Уставниот суд во земјата ќе има моќ за издавање на претседателски декрети, како вршител на должност се додека не се избере нов претседател.

Турскиот суд ги блокирал градежните планови за плоштадот Таксим

од анти-владините протести на плоштадот Таксим
од анти-владините протести на плоштадот Таксим
Судот во Турција го блокираше градежниот план поради кој настанаа анти-владини протести низ целата земја. Медиумите јавуваат дека плановите за градба на плоштадот Таксим се откажани, но се очекува властите да ја обжалат одлуката. Новинската агенција „Ројтерс“ пренесува изјава на адвокат кој вели дека одлуката била донесена кон почетокот на Јуни. За сега не е јасно зошто информацијата за пресудата беше недостапна.

Четворица преживеани во уривањето на хеликоптер во Сибир

Спасувачките екипи пронајдоа четворица преживеани на местото каде се урна воен хеликоптер марка Ми-8 во Сибир. Тројца членови на екипажот и едно дете патник го преживеале уривањето на леталото, соопштија руските власти. Во уривањето на хеликоптерот во вторникот загинале 24 лица меѓу кои 10 деца.

Египетското МВР предупредува дека ќе употреби сила

Министерството за внатрешни работи предупреди дека силно ќе реагира против било какви насилства. Соопштението следи во пресрет на крајниот рок кој го постави армијата во земјата за шефот на државата да постигне компромис со опозициските активисти и неговите подржувачи. Војската најави спроведување на сопствен план за смирување на ситуацвијата во отсуство на договор меѓу заострените страни. Најмалку 23 лица загинаа во насилните протести во Каиро вчеравечер, со што бројот на загинати од почетокот на демонстрациите се искачи на 39 лица. Шефот на египетските вооружени сили се сретна со опозицискиот лидер Мохамед Ел Барадеи но за сега нема информации за исходот од средбата.

Умерен земјотрес на 200 километри од Скопје

илустрација
илустрација
Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје, денеска во 15 часот и 28 минути, регистрираа умерен земјотрес, со Рихтерова магнитуда 4.9, чиј епицентар е на околу 200 километри јужно од Скопје, на територијата на соседна Грција. Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во јужните и југозападните делови на територијата на Република Македонија со интензитет од 4 до 5 степени според Европската макросеизмичка скала.

Промени во министерството за нафта и гас во Казахстан

Претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев нареди измени во Министерството за нафта и гас. Досегашниот претседател на одборот на државната компанија за гас Лијазат Кинов е отпуштен а на негово место е назначен досегашниот министер за нафта и гас Сауат Минбаев. Министерската позиција ќе ја превземе Узакбаи Карабалин кој до сега беше претседател на Казахстанскиот институт за нафта и гас.

Експлозија близу ресторан на Мекдоналдс во Русија

Едно лице е повредено во експлозија пред ресторанот „Мекдоналдс“ во Санкт Петерсбург. Експлозивната направа била сокриена во пакет кој повредениот го подигнал на главната улица. Човекот ја изгубил раката во експлозијата. Станува збор за второ бомбардирање чија цел е ресторан на американскиот синџир за брза храна. Во 2007 година десет лица загинаа во експлозија во „Мекдоналдс“ а бомбашот беше осуден на 15 години затвор.

Иванов се сретна со романскиот министер за надворешни работи

Романија целосно ја поддржува Македонија во евроатланските интеграции и сака да ја прошири и продлабочи севкупната соработка со нашата држава рекол министерот за надворешни работи на Романија Титус Корлацеан на денешната средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. „Тоа е и целта на мојата посета, да ја потврдам поддршката и да разговараме за можностите за продлабочена соработка“ изјавил Корлацеан. Двајцата соговорници, како што информира Кабинетот на претседателот Иванов, констатирале дека односите меѓу двете држави ги карактеризира висок степен на пријателство, конструктивен и отворен политички дијалог.

Приведен руски градоначалник - доказите пронајдени кај комшијата

Единствениот опозициски градоначалник во рускиот град Јарославл е приведен поради наводно земање поткуп. Станува збор за населено место на 250 километри од Москва каде градоначалникот Евгениј Урлашов беше приведен за наводно примање поткуп од 420,000 американски долари од за сега непозната странка. Руската полиција соопшти дека пронашла 500,000 американски долари во станот на соседот на граночалалникот за кои се верува дека му припаѓале на Урлашов.

Кежаровски дневно добива само по 20 минути на свеж воздух

Приведениот новинар Томислав Кежаровски на народниот правобранител му се пожалил дека дневно има право по 20 минути да излегува на воздух, покрај законски дозволените два часа. Тој по судска одлука е во притвор поради напишан текст во кој наводно открил заштитен сведок. Покрај оствареното правото да купува дневни весници, Кежаровски ги добивал публикациите со еден ден задоцнување. Заменик – народниот правобранител Трипун Танушевски денеска се сретна со претставниците на Иницијативниот одбор на новинари за ослободување на кежаровски и им кажа дека притворениот колега е во добро здравје, пренесуваат македонските медиуми.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG