Достапни линкови

Вести

ОН на состанок со сиријските опозиционери

Советот за безбедност при Обединетите нации организира неформална средба со претставници на главната сиријска опозициска група подржана од западните сили. Состанокот со Сиријската национална коалиција се случува зад затворени врати во штабот на Обединетите нации во Њујорк. Сиријскиот амбасадор во ОН Башар Јафари се побуни против средбата, прогласувајки го состанокот за илегален, поради тоа што Обединетите нации се уште ја признаваат актуелната власт во Сирија. Инаку граѓанската војна во земјата трае веќе 28 месеци.

САД нема да бараат смртна казна за Едвард Сноуден

барањето за привремен азил на 29 годишниот хакер кој е заглавен во транзитната зона на московскиот аеродром
барањето за привремен азил на 29 годишниот хакер кој е заглавен во транзитната зона на московскиот аеродром
Американскиот јавен обвинител Ерик Холдер го уверувал рускиот министер за правда дека Соединетите американски држави нема да бараат смртна казна за екс-соработникот на американските тајни служби Едвард Сноуден. Холдер исто така рекол дека Сноуден нема да биде измачуван и ќе ги добие сите гаранции за својата безбедност како американски државјанин. Американецот престојува на аеродромот во Москва веќе еден месец по пристигнување од Хонг Конг и е обвинет за шпионажа и откривање доверливи документи. Сноуден е заглавен поради поништен пасош и бара привремен азил во Русија, откако откри детали за американските програми за следење на меѓународни комуникации.

Нови протести во Египет за и против Морси

Подржувачи и противници на отстранетиот претседател Мухамед Морси организраат протести низ Египет. Војската побара од народот да се приклучи кон протестите во борба против насилството и тероризмот. Муслиманското братство пак ги повика своите подржувачи да се побунат против отстранувањето од власт на првиот демократски избран лидер на земјата на 3 јуни. Во меѓувреме, судот му одреди 15 дневен притвор на Морси против кого се покреваат обвиненија за наводна соработка со палестинската група Хамас за време на протестите во Египет во 2011 година.

Хезболах испраќал пари за нападот во Бургас

Вооруженото крило на Хезболах уплатило 75.000 евра на банкарски сметки на двајца мажи, по кои се трага поради бомбашкиот напад во бугарскиот приморски град Бургас минатата година, во кој загинаа петмина израелски туристи. Според бугарскиот весник „24 часа“, парите биле испратени за организирање на нападот на аеродромот во Бургас на 18 јули 2012 година и за шпионски активности во други земји. Во нападот загинаа и бомбашот-самоубиец и бугарски возач, а беа повредени 35 лица. Тоа беше најсмртоносен напад врз израелски државјани од 2004 година. Израел за нападот веднаш го обвини Хезболах, а во февруари оваа година таквите сомнежи ги потврди и Софија. Потврдата дека нападот го извршил Хезболах беше причината поради која Европската унија во понеделникот го стави военото крило на оваа либанска шитска група на листата на терористички организации.

Тачи: Косово и ЕУ се согласија за енергетиката

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека Косово и Европската унија постигнале согласност во врска со договорите за енергетика и телекомуникации, додека одговорот на Србија во врска со овие две прашања се очекува на 8 август. Тој на седница на Владата изрази надеж дека Србија ќе ги прифати понудените спогодби. „Во врска со енергетиката и телекомуникациите слободно можам да кажам дека овие прашања за Косово се затворени“ рече Тачи.

ФБИ преговара со Русија за Сноуден

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин рече дека руската федерална безбедносна агенција разговара со американскиот ФБИ за поранешниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден. Американските власти го обвинуваат Сноуден за шпионажа откако хакерот објави детали за надзорните програми на Соединетите држави. Американецот е заглавен на аеродромот во Москва веќе еден месец по пристигнување од Хонг Конг. Сноуден е заглавен поради поништен пасош и бара привремен азил во Русија.

Кратење на незагарантирани депозити во „Банката на Кипар“

Меѓународните кредитори се согласија незагарантираните депозити во „Банката на Кипар“ да бидат намалени за 45 проценти, јавија кипарските медиуми. Се очекува во текот на денот ваквата одлука и официјално да ја соопшти Министерството за финансии на Кипар. Намалувањето е во согласност со резултатите од независната контрола на активите на „Банката на Кипар“ по префрлањето на „добрите“ активи од „Кипарската народна банка“, која е во процес на ликвидација. Претставници на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд од 17 јули испитуваат дали Кипар ги исполнил условите за доделување на кредит од 10 милијарди евра.

Одбиена жалбата на членка на “Пуси Рајот“

Врховниот суд на руската република Мордовија ја подржа претходна судска одлука со која се одбива барањето за условна казна за членка на панк групата Пуси Рајорт. Во петокот Надежда Толоконикова ја обжали одлуката од 26 април на судот во Зубово, кој одби кратење на затворската казна на активистката. Таа е обвинета за ширење на религиозна омраза во 2012 година и отслужува двегодишна казна затвор. Толоконикова ја изведе панк молитвата во московска катедрала против претседателот Владимир Путин.

Хелсиншки ќе го обжали притворот на Кежаровски на Европски суд

Хелсиншкиот комитет за човекови права најави жалбена постапка до Европскиот суд за човекови права за случајот со притиворањето на новинарот Томислав Кежаровски. По увидот во документацијата за предметот, организацијата констатирала низа неправилности кои се спротивни на Европската конвенција за човекови права и праксата на Европскиот суд за човекови права. „Решението за притвор е напишано на помалку од една страница, а кривичниот совет оправданоста на притворот ја аргументира поради опасност од бегство. Според праксата на Европскиот суд , судиите мора детално да прецизираат зошто сметаат дека лицето ќе побегне“ сметаат од Хелсиншкиот комитет.

МВР во Тунис со први наоди за убиството на опозиционерот

Опозиционерите повикаа на нови протести, поради што се откажани сите летови на аеродромот во Тунис и се затворени продавници и угостителски објекти.
Опозиционерите повикаа на нови протести, поради што се откажани сите летови на аеродромот во Тунис и се затворени продавници и угостителски објекти.
Министерот за внатрешни работи на Тунис изјави дека истото орује било употребено во убиствата на опозиционерот Мухамед Брахми и на лидерот на опозициската партија пред шест месеци. Девет милиметарскиот автоматски пиштол, со кој беше убиен Брахми е истото оружје употребено за убиството на опозицискиот лидер Чокри Белаид во фебруари, рече министерот Лотфи Бен. Тој го прозва исламистичкиот екстремист Боубакар Хаким како главен осомничен за двете убиства. Брахами, член на националистичката партија на народен фронт беше силен критичар на власта.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG