Достапни линкови

Вести

15 милитанти убиени во операција на пакистанската армија

Пакистански официјални претставници соопштија дека 15 милитанти биле убиени за време на воената операција во проблематичните области во северозападниот дел на земјата,Кхарматунг и Кхубер. Во операцијата биле уништени две главни бази на милитантите .Пакистанските талибанци и други милитантни групи се присутни во овие области .

Груевски: Сеништето од минатото на СДСМ ја кочи Комисијата

Премиерот Никола Груевски смета дека комисијата која треба да ги расчисти настаните од 24-ти декември, треба да продолжи со работа, и покрај оставката на Борче Давитковски. Таква потврда, според Груевски, дошла и од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со кого телефонски разговарале и се согласиле веќе од понеделник ад хок комисијата да продолжи со работа. Според Груевски тоа што СДСМ ретерира , одговорот треба да се бара во „сеништето во СДСМ“. Зборував со Заев пред неколку дена, се договоривме комисијата да продолжи и без Давитковски. Сега се јавува вториот глас, гласот на сеништето во СДСМ кое беше отсутно од активностите во СДСМ додека беше на одмор. Заев очигледно нема контрола над ситуацијата – рече Груевски.

Експлозија на аеродромот во Пекинг

Во експлозија што одекна на меѓународниот аеродром во Пекинг е ранет само напаѓачот јавија кинеските медиуми. Бомбата од сопствена изработка ја активирал еден кинез во инвалидска количка. Експлозијата се случила на Терминалот 3.Засега нема информации кои биле мотивите поради кои човекот ја активирал бомбата Напаѓачот е идентификуван како Џи Џунгсинг од источната провинција Сандунг.На фотографиите кои ги објави кинеската агенција се гледа како медицинскиот персонал згрижува едно повредено лице.

Груевски: Ќе продолжиме со напорите за воспoставување дијалог со Грција

Премиерот Никола Груевсkи изјви дека Македонија ќе направи се што е во нејзина моќ да се дојде до дијалог со Грција во разговорите со името. Нашата борба е прво за дијалог па за решение, бидејќи за да се дојде до решение потребен е дијалог, а за дијалог гледате што се случува од другата страна, изјави денеска Груевски.Тој ова го кажа откако грчкиот премер Самарac го одби неговиот предлог. Груевски не сакаше да го коментира одговорот на писмото на грчкиот премиер Андонис Самарас. Што и да кажам ќе биде протолкувано дека сме ние некакви националисти, немаме добри намери, немаме добра волја, така што би се воздржал од било каков коментар, изјави премиерот Никола Груевски.

Експлозија на бомба во Лариса

Со силна бомба денеска е извршен напад врз куќата на еден обинител во центарот на градот Лариса во Грција, но никој не е повреден јавија агенциите. Обвинителот не бил дома кога се случила експлозијата.Здружението на судии во Грција во петокот побара да им се осигура безбедноста од екстремните опасности со кои се соочуваат поради својата работа. Тоа беше нивен одговор на обидот за бомбашки атентат во средата врз еден суд во Атина. Полицијата ја деактивираше пакет бомбата што пристигна во судот.Полицијата на левицата и анархистите им ги препишува нападите на државните претставници,дипломати и судии кои со години се мета на атентати во Грција.

Ахмадинеџад во посета на Ирак

Иранскиот претседател во заминување Махмуд Ахмадинеџад ги посети Карбала и Наџаф кои важат за свети градови за шиитските муслимани. Ахмадинеџад пристигна во Багдад вчера во дводневна посета. Во Багдад тој имаше разговори со премиерот Нури Ал Малики и вицепретседателот Кхудар ал Кхуази. Двете соседни земји за време на посетата на Ахмадинеџад се согласиле да ги развиваат наоѓалиштата на нафта и природен гас долж нивните граници.Ахмадинеџад ќе си замине од функцијата по два мандати. Новиот претседател ќе биде инаугуриран на 3 август.

Претседателот Карзаи го потпиша новиот закон за избори

 outside Kabul, 18Jun2013
outside Kabul, 18Jun2013
Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го потпиша вториот од двата закони со кои се регулираат изборите во таа земја, со цел да се обезбеди гаранција дека нема да има контроверзи на претседателските и парламентарните избори наредната година.Претходно оваа недела Карзаи го потпиша законот со кој се гарантира поголема независност и моќ на изборната комисија.Агванистанските меѓународни партнери ја притискаа владата на Авганистан да донесе закони со кои ќе гарантира мирна транзиција на власта на изборите во април 2014. Карзаи треба да си замине од функцијата по неговиот втор мандат како претседател , а неколку месеци подоцна завршува и мисијата на НАТО во Авганистан.

Фатени убијците на мигранот кај Табановце

Полицијата ги откри лицата кои пред неколку дена убија еден и ранија три мигранти во селото Табановце. Против три лица, сите од селото Табановце е поднесена кривична пријава за убиство со умисла. Мотивот за убиство, според МВР, бил разбојништво.Пријавените вечерта на 15 јули се договориле да ограбат мигранти кои повремено минуваат крај нивното село во правец на Република Србија. Откако сретнале група мигранти, тие со истрел во воздух од ловечка пушка им наредиле да застанат. Мигрантите почнале да бегаат, еден од нив фрлил камен кон напаѓачите, а овој испукал неколку патрони кон групата, при што убил едно лице од Бангладеш, а тројца ранил (од Бангладеш и од Пакистан).

Пет работници на Коста Конкордија осудени на затворски казни

Италјанскиот суд денеска осуди петмина вработени во компанијата Коста Крочере, чиј брод Коста Конкордија заринка и се преврте во 2012 година, кога настрадаа 32 лица. Петмината вработени се осудени за повеќекратно убиство од немарност. Судот го казани координаторот за кризи во компанијата на две години и десет месеци затвор.Директорот на бродскиот хотел доби казна затвор од две години и шест месеци, а кормиларот и уште двајца офицери се осудени на казна од една година и осум месеци до една година и 11 месеци. Патничкиот луксузен брод Коста конкордија заринка пред карпа и се преврте кај островот Џиљо во Тоскана зошто премногу се приближил до островот.

Франција- нападната полициска станица по казна поради носење фереџе

Повеќе стотици мулимани пред полициска станица во францускиот град Трап фрлааа камења и палеа оган за време на протестите, што избувнаа откако полицаец сакал да напише казна на една жена,поради носење муслимански вел преку лицето. Најмалку двајца полицајци и еден тинејџер се повредени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата, а шест лица се приведени. Групата напаѓачи палела контејнери и кршела автобуски станици. На жените во Франција од 2011 година им е забрането да носат муслимански превез преку лицето.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG