Вести
Сообраќајка во Ново Село - тринаесетмина повредени
Тринаесет лица се повредени во сообраќајна несреќа меѓу камион и приватен автобус бр. 22 што попладнево околу 15 часот се случила во скопско Ново Село.
Камионот удрил во автобусоткој излетал во дворот на основното училиште „Тихомир Милошевски“. Хоспитализирани се возачот и совозачот на камионот и седум патници од автобусот, меѓу кои две деца, но сите се надвор од животна опасност. Во Ургентниот центар се примени петмина возрасни и двете деца, на возраст од 13 месеци и седум години. Еден од примените во Ургентен е со тешка телесна повреда и е на Траумотолошкиот оддел. Останатите се со полесни повреди и по прегледите ќе бидат пуштени на домашно лекување. Во стабилна состојба се и пациентите примени во „8 Септември“ и во Хируршката клиника „Наум Охридски“. Полицијата ќе ја соопшти причината и деталите за соообраќајката по завршување на увидот.
Камионот удрил во автобусоткој излетал во дворот на основното училиште „Тихомир Милошевски“. Хоспитализирани се возачот и совозачот на камионот и седум патници од автобусот, меѓу кои две деца, но сите се надвор од животна опасност. Во Ургентниот центар се примени петмина возрасни и двете деца, на возраст од 13 месеци и седум години. Еден од примените во Ургентен е со тешка телесна повреда и е на Траумотолошкиот оддел. Останатите се со полесни повреди и по прегледите ќе бидат пуштени на домашно лекување. Во стабилна состојба се и пациентите примени во „8 Септември“ и во Хируршката клиника „Наум Охридски“. Полицијата ќе ја соопшти причината и деталите за соообраќајката по завршување на увидот.
Немири во Египет, се планира марш до претседателската резиденција
Противницитте и подржувачите на претседателот на Египет Мухамед Морси се излезени на масовни протести. Опозиционерите се насобрани на плоштадот Тахир додека подржувачите на шефот на државата одржуваат демонстрации во Гиза, јужно од главниот град. Контрапротестите се организираа по истекувањето на крајниот рок кој му беше поставен на Морси да си поднесе оставка. Опозициските демонстранти планираат марш до претседателската резиденција. Во меѓувреме, медиумите јавуваат дека војската во Египет има подготвено план за измени на уставот на државата и организирање на вонредни претседателски избори доколку спротиставените страни не постигнат компромис.
Донесена пресуда против рускиот медиумски магнат Лебедев
Судот во Москва му одреди 150 часа општествено полезна работа на рускиот медиумски магнат Алексадар Лебедев кој е обвинет за удирање на негов ривал пред камерите во текот на телевизиско ток шоу. Лебедев е сопственик на британските весници „Индипендент“ и „Лондон Ивнинг Стандард“. Судењето за инцидентот трае од мај 2011 година.
Заев се сретнал со амбасадорите на Британија и Бугарија
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев денеска имал средби со амбасадорите на Бугарија и на Велика Британија, Иван Велков Петров и Кристофер Ивон, на кои ги информирал за неодамна одржаниот 15-ти Конгрес на СДСМ, за статутарните промени и за идните политички чекори на партијата. Како што соопшти СДСМ, на средбата со бугарскиот амбасадор Заев разговарал за актуелната политичка состојба и односите помеѓу двете земји. За политичките состојби во Македонија Заев разговарал и со амбасадорот Ивон. „Британскиот амбасадор ја поздрави одлуката на претседателот на СДСМ Зоран Заев, за покажаната подготвеност за подобрување на политичкиот дијалог и воедно го поздрави формирањето на анкетната комисија“ соопшти опозициската партија.
Ахмадинејџад најави изградба на нови нуклеарки во Иран
Иранскиот претседател во заминување Махмуд Ахмадинејџад изјави дека неговата земја е подготвена за изградба на нови нуклеарни централи со руска помош. „Може да ја прошириме соработката и да изградиме нови централи“ му рекол Ахмадинејџад на неговиот руски колега Владимир Путин за време на посетата на Москва. Иранскиот претседател додаде дека двете земји може да ја подобрат економската соработка, додавајки дека за тоа нема пречки од иранска страна.
Казахстан превзема акции од продажбата на нафтено поле
Казахстанското Министерство за нафта и гас најави дека ќе го искористи правото за превземање акциите од продажбата на нафтеното поле Касхаган кое е во сопственост на американската компанија Коноко Филипс. Американската фирма првично планираше да ги продаде акциите на индијската компанија ОНГЦ Видеш но властите во Казахстан соопштија дека преферираат кинески партнер. Цената на акциите се проценува на 5 милијарди американски долари.
Ердоган не се откажува од мировниот процес
Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска ја потврди одлучноста за продолжување на владиниот процес за мирно решавање на курдскиот конфликт, покрај инцидентите кои се случија во петокот во југоисточниот дел на земјата. „Ништо не може да се попречи на нашиот пат. Мировниот процес ќе продолжи. Овој проблем не датира од вчера и бара многу работа и трпение“ рече Ердоган во изјава пред парламентарната група на Партијата на правдата и развојот. Кон крајот на минатата недела настанаа судири меѓу полицијата и курдски демонстранти во југоисточниот дел на Анадолија поради смртта на еден млад човек, кој учествувал заедно со уште 300 лица во протест против изградба на нова полициска станица.
Обама и Буш на комеморација во Танзанија
Американскиот претседател Барак Обама и неговиот претходник Џорџ Буш заедно присуствуваа во најголемиот град во Танзанија на комеморацијата на жртвите од бомбардирањето на американската амбасада во 1998 година. Во тогашниот напад на терористичката Ал Каеда загинаа 10 жители на Танзанија а 85 американци беа повредени. На церемонијата беше откриено спомен обележје во комплексот на амбасадата во Дар ел Салаам.
Дамјановски: Има основа за поништување на лустрацијата за Јаневски
Има основа за поништување на решението со кое Славко Јаневски е прогласен за соработник на тајните служби, изјави членот на Комисијата за верификација на факти Чедомир Дамјановски, пренесуваат македонските медиуми. Тој на прес конференција изјавил дека не постои ниту еден документ кој укажува на фактот дека Јаневски ги кршел човековите права од идеолошки причини.
Сноуден се предомисли за азилот во Русија
Поранешниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден го повлекол барањето за азил во Русија. Портпарол на рускиот претседател изјави дека американецот го повлекол барањето откако слушнал за условите за одобрување. Владимир Путин рече американецот кој е во бегство е добредојден во Русија под услов „да ги прекине активностите кои им штетат на американските партнери“. Сноуден наводно испратил барања за азил до 15 држави. Соединетите американски држави го обвинуваат за шпионажа, откако 29 годишниот хакер ги разоткри американските програми за меѓународен надзор.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете