Достапни линкови

Вести

Казна затвор за новинарка во Белорусија

Судот во Белорусија и изрече казна затвор на позната новинарка која беше обвинета за учество во анти-владини протести во 2010 година. Дописникот за рускиот „Нова Газета“ Ирина Калип е осудена на две години затвор поради наводно учество во антивладините протести кои настанаа по претседателските избори пред три години. Калип е сопруга на поранешниот претседателски кандидат Андреј Саникау.

Австралија ќе сели азиланти во Нова Гвинеја

Кевин Рад
Кевин Рад
Австралиската влада најави дека барателите на азил нема да престојуваат нa територијата на земјата додека се разгледуваат нивните барања. Азилантите ќе се испраќаат во Нова Гвинеја, откако премиерот Кевин Рад рече дека нема шанси овие лица да останат во Австралија дури и ако се „вистински бегалци“. Новата мерка е воведена со цел да се намали бројот на азиланти кои со бродови пристигнуваат во Австралија од Индија. До сега стотици се удавија на вакви опасни патувања. Од Јануари повеќе од 15.000 азиланти пристигнаа во Австралија. Мнозинството се од Иран, Авганистан и Ирак.

Давитоглу: Турција ќе одговори на било каква закана од Сирија

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави дека Анкара веднаш ќе возврати во случај на каква било закана од Сирија по безбедноста на турската граница. „Во случај на какви било закани и опасности по безбедноста на турската граница, веднаш ќе одговориме со најефикасни методи“ рече Давутоглу. Како што јави Анадолија, за време на средбата со грчкиот колега Евангелос Венизелос во Анкара, Давутоглу рекол дека состојбата во Сирија сериозно го загрозува целиот регион, вклучително и Турција.

Нови протести и контра-протести во Египет

Десетици илјади подржувачи на отстранетиот египетски претседател Мухамед Морси протестираа во повеќе градови во земјата денеска против одлуката на војската да го суспендира уставот во земјата, отстранувајки го првиот лидер избран на демократски избори. Во главниот град Каиро илјадници протестираа на плоштадите по завршување на молитвите. Вчервачер армијата предупреди дека ќе реагира против насилни демонстрации, поради што денешните протести беа надгледувани од хеликоптери. Противниците на Морси организираа контрапротести на плоштадот Тахир во Каиро. Многумина стравуваат дека земјата се движи кон поголема нестабилност.

Грчките приватни медиуми се солидаризираат со ЕРТ

Приватните телевизии во Грција денеска прогласија 24-часовен штрајк во знак на солидарност со отпуштените работници на државната радиотелевизија ЕРТ, кои повеќе од еден месец ја држат окупирана зградата на медиумот и емитуваат вести преку интернет. За време на штрајкот приватните телевизии нема да емитуваат програма во живо, туку само забавни емисии и филмови. Штрајкот се совпаѓа со планираните дебати во Парламентот за предлог-законот за нова државна радиотелевизија на местото на ЕРТ. Пратениците вчера ги отфрлија предлозите на главната опозициска партија СИРИЗА за формирање на комисија, која ќе ја разгледува одлуката за затворање на ЕРТ на 11 јуни.

Кежаровски најави штрајк со глад

протест на новинарите за ослободување на Кежаровски
протест на новинарите за ослободување на Кежаровски
Новинарот Томислав Ќежаровски најавил дека од понеделник ќе штрајкува со глад, јавуваат македонските медиуми. Информацијата за „Нова“ ја потврдила неговата сопруга Марина. Кежаровски речиси два месеци е во птритвор поради наводно објавување на име на заштитен сведок. Неговите колеги и невладините организации бараат фер судење а народниот правобранител утврдил дека на притворениот му се ускратува правото на излез на свеж воздух и на платен дневен печат.

Согласност за одликување на Еди Мари по успехот на Вимблдон

Повеќе од половина од Британците се согласуваат тенисерот Енди Мари да биде одликуван за својот успех на годинешниов турнир во Вимблдон. Шкотланѓанецот Мари е првиот Британец кој го освои вимблдонскиот трофеј, после 77 години. Последен тенисер на Велика Британија кој пред Мари победил во Вимблдон е прославениот Фред Пери во 1936 година. Во еуфоријата што настана во целата земја по триумфот на Мари, британскиот премиер Дејвид Камерон, веднаш по финалниот меч изјави дека Шкотланѓанецот би требало да биде одликуван и да ја добие витешката титула- сер.

Гласање доверба за италијанскиот министер за внатрешни работи

Ангелино Алфано
Ангелино Алфано
Италијанскиот министер за внатрешни работи Ангелино Алфано го пројде гласањето доверба во собранието поради случајот со депортација на сопругата и шестгодишната ќерка на казахстански опозиционер. Премиерот Енрико Лета го бранеше Алфано пред гласањето, тврдејки дека тој не бил инволвиран во депортацијата на Алма Шалабаева, сопругата на казахстанскиот олигарх ЕнМухтар Аблјазов. Шефот на кабинетот на министерот си поднесе оставка поради случајот.

Деветмина осудени за тероризам во Киргистан

Судот во Бишкек осуди деветмина осомничени припадници на терористичка група. Тројца осомничени добија доживотни казни затвор за членување во терористичката организација Јашули Махди, киргистанска организација обвинета за бомбардирања во 2010 и 2011 година. Четворица обвинети добија по 23 години затвор за двајца ќе отслужуваат 22 годишни затворски казни.

Иванов идната недела ќе се сретне со Давитковски

Претседателот Ѓорѓе Иванов идната недела ќе се сретне со професорот Давитковски кој денеска до неговиот кабинет достави оставка од местото претседател на Комисијата за случувањата во Собранието на 24 декември минатата година. Во текот на денов Иванов не може да се види со Давитковски поради, како што изјави, други обврски. „Комисијата работеше постојано, има изготвено и препораки, но навистина не знам за што станува збор“ рече шефот на државата по посетата на Сеизмолошката опсерваторија.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG