Достапни линкови

Вести

Формиран нов владин состав во Египет

Владиниот состав се формираше за време на протести на подржувачите на екс-претседателот Морси. Седуммина загинаа во синоќешните немири
Владиниот состав се формираше за време на протести на подржувачите на екс-претседателот Морси. Седуммина загинаа во синоќешните немири
Функционери на техничка влада положија заклетва во Египет. Станува збор за прв владин состав откако војската го отстрани од власт претседателот Мухамед Морси и го суспендираше уставот на трети јули. Муслиманското братство ја смета за нелегитимна владата на чело со премиерот Хазем ел Беблави. Шегот на армијата Абдел Фатах ал Сиси е назначен за вицепремиер и министер за одбрана. Поранешниот амбасадор на Египет во Соединетите американски држави Набил Фахми ќе ја извршува функцијата министер за надворешни работи. Либералот Монур Факри Абдел Ноур е новиот министер за тровија и индустрија.

Кери во посета на Јордан на разговори со државни претставници

Американскиот државен секретар Џон Кери повторно отпатува во официјална посета на земјите од блискиот исток. Станува збор за шесто патување во регионот откако Кери стапи на функција во фебруари годинава. Тој моментално е во Аман на средба со претставници на државниот врв на Јордан и министри од арапската лига. Разговорите се фокусираат на кризата во Египет, граѓанската војна во Сирија и израелско-палестинскиот мировен процес.

Триесетмина уапсени во Истамбул во врска со анти-владините протести

Турските власти уапсиле триесетмина лица во Истамбул во врска со неодамнешните антивладини протести во центарот на главниот град. Како што јавуваат медиумите, полицијата направила претрес на повеќе локации и повикала на разговор стотина лица. Протестите почнаа кон крајот на Мај, против изградбата на трговски центар на зелената површина од плоштадот Таксим, по што брзо прераснаа во демонстрации против владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Петмина загинаа а илјадници беа повредени откако полицијата интервенираше со солзавец и водени топови.

Груевски не е расположен за предвремени избори кои може да се случат

Не сме расположени да има предвремени избори иако состојбата на теренот е поволна за ВМРО-ДПМНЕ, изјави премиерот Никола Груевски. „ Сепак, оставаме можност тоа да се случи доколку сме принудени со некаков нов момент“ рече Груевски по денешната средба со партнерите од колаицијата За подобра Македонија.

Најмалку двајца загинати во рударска несреќа во Бугарија

Двајца рудари загинаа, а двајца се водат како исчезнати откако утрово се урна една од галериите во бугарскиот јагленокоп Ораново, во југозападниот дел од земјата. Станува збор за четврта несреќа во рудникот во последните осум години, јави БТА. Според претседателот на бугарскиот Независен синдикат на рударите Валентина Вулчева, до несреќата најверојатно дошло поради лошите безбедносни стандарди.

Нема реакции за одлукаа на академик Павловски да ја напушти МАНУ

Академик Божин Павловски во знак на протест поради начинот на кој се врши процесот на лустрација, соопшти дека ги напушта Македонската академија на науките и уметностите и Друштвото на писателите, јавуваат македонските медиуми. Нема реакции од двете институции по најавите на Павловски. Академикот во писмото до премиерот Груевски вели дека е згрозен од прогонот на македонската интелигенција која ги поставила основите на македонската култура и уметност.

Закажани претседателските избори во Пакистан

Пакистанските власти ги закажаа претседателските избори во земјата на шести август. На изборите ќе гласаат провинцијалните собраниа и националониот парламентарен состав а ќе се бира заменик за актуелниот шеф на државата во заминување Азиф Али Зардари. Неговиот петгодишен мандат истекува на осми септеври годинава. Зардари не се кандидира за втор мандат бидејки неговата партија нема доволно пратеници во парламентот кои би му обезбедиле победа.

Сноуден бара привремен азил во Русија

од протестите за подршка на Сноуден во Хамбург, Германија
од протестите за подршка на Сноуден во Хамбург, Германија
Шефот на рускиот Федерален сервис за миграција потврди дека Едвард Сноуден побарал привремен азил во Русија. Константин Ромодановски изјави дека барањето на Сноуден ќе биде разгледувано во период од три месеци, согласно законските прописи. Поранешниот разузнавач на американските тајни служби живее во транзит зоната на московскиот аеродром речиси еден месец, по пристигнувањето од Хонг Конг. Тој е заглавен поради поништен пасош а Соединетите американски држави бараат негова екстрадиција по обвиненија за шпионажа и откривање на државни тајни.

Најмалку тројца убиени во Авганистан

Војник на НАТО и двајца Авганистанци загинаа во наопади во источниот дел на Абвганистан. НАТО соопшти дека еден војник бил застрелан во истокот на земјата и за сега нема дополнителни информации за инцидентот и за националната припадност на военото лице. Во провинцијата Нангархар биле убиени полицаец и разузнавач во експлозија на бомба прикачена за мотор. Портпарол на локалните власти изјави дека во инцидентот загинале и двајца цивили. За сега никој нема превземено одговорност за нападите.

Поскапуваат алкохолот и цигарите во Македонија

Пивото во Македонија поскапе за 10 проценти а до крајот на месецов се очекуваат и повисоки цени за цигарите. Поскапувањето е резултат од промените на акцизите за алкохолните пијалоци. За литар пиво акцизата е зголемена од три на четири денари а за другите алкохолни пијалоци од 300 на 340 денари за литар, јавуваат медиумите. Според власта, повисоките акцизи се производ на услогласувањето на домашните со директивите на Европската унија. Поскапите цигари, главно од домашни производители, ќе почнат да се продаваат од крајот на јули.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG