Вести
Самарас ги поддржува кратења во државниот сектор
Грчкиот премиер Андонис Самарас ги поддржа кратењата во државниот сектор, нагласувајќи оти тие се неопходни со цел повторно да се придвижи економијата.
Во рамките на договорот на грчката Влада со меѓународните кредитори, предвидено е намалување на бројот на припадниците на обезбедувањето во училиштата, на вработени во локалната администрација, на наставничкиот кадар и на вработените во различни министерства. Можеби овие мерки се непријатни за некои луѓе, но за мене приоритет се невработените, чиј број изнесува 1,5 милиони и за кои никој не се грижи, изјави Самарас.
Во рамките на договорот на грчката Влада со меѓународните кредитори, предвидено е намалување на бројот на припадниците на обезбедувањето во училиштата, на вработени во локалната администрација, на наставничкиот кадар и на вработените во различни министерства. Можеби овие мерки се непријатни за некои луѓе, но за мене приоритет се невработените, чиј број изнесува 1,5 милиони и за кои никој не се грижи, изјави Самарас.
Министертво за земјоделие се договори со „Сахара Груп“
Министерството за земјоделство денеска го објави договорот за закуп на земјоделско земјиште склучен со индиската компанија „Сахара груп“ за агрокомбинатот „Џумајлија“. Договорот кој се однесува на 5.353 хектари во вкупно 14 катастарски општини е склучен за одгледување земјоделски култури во период од 15 години. Годишната закупнина е 121.000 евра.
Отворена истрага за автобуската несреќа во Москва
Руските власти соопштија дека се идентификувани телата на 18-те жртви од тешката сообраќајна несреќа во Москва која се случи вчера. Во незгодата беа повредени уште 20 луѓе. Несреќата се случила кога патнички автобус во близина на Москва се судрил со камион. Полицијата отвори кривична истрага за несреќата.
Малала: Не сакам да бидам запаметена како „талибанското девојче“
Малала Јусафзаи вели дека не сака да биде запаметена како девојката која Талибанците сакале да ја убијат, туку како „девојката која се борела за своите права“. Шеснаесет годишната девојка од Пакистан ја дала изјавата во саботата на приемот на мисијата на ОН во Пакистан во Њујорк.Ова беше нејзин прв јавен говор откако талибанскиот напаѓач и испука куршум во нејзината глава минатиот октомври во обид да ја убие заради нејзината кампања да ги едуцира младите девојки. Малала рече дека е подготвена да го жртвува целиот нејзин живот за „едукација на младите девојки“. Таа додаде дека Талибанците и другите екстремисти „не ја разбираат важноста на образованието“.
ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира смена на Јовановиќ
ВМРО-ДПМНЕ изразува сериозно несогласување со одлуката Миодраг Јовановиќ да биде поставен за в.д. Раководител на Пошта Куманово и најави дека ќе покрене иницијатива за негова смена од раководната позиција. Ова е дел од соопштението на владејачката партија како реакција на денешната прес конференцијата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на која обвини дека ВМРО ДПМНЕ има двојни аршини за правда со оглед на тоа што Јовановиќ е назначен за директор на поштата во Куманово иако против него се води судски спор поради тоа што е обвинет дека со службен автомобил го прегазил триесетгодишниот Срѓан Лазаревиќ. „Иако станува збор за позиција која ја извршувал пред да стане градоначалник, лицето Миодраг Јовановиќ во овој момент, според сите етички норми, не треба да ја извршува истата функција“, се вели во реакцијата.
Нобеловецот Ел Барадеј одговорен за египетската надворешна политика
Египетскиот политичар Мухамед ел Барадеј денеска ја положи заклетвата за привремен потпретседал за надворешни работи. Соопштението доаѓа откако привремениот премиер Хазам ел Беблави започна со составување на нова влада по симнувањето од власт на претседателот Мухамед Морси минатата недела. Поранешниот шеф на меѓународната агенција за атомска енергија и добитник на Нобелова награда за мир претходно беше именуван за шеф на нова влада, но неговата кандидатура беше одбидена од страна на конзервативната Ал Нур партија. Муслиманскотото братство во понеделникот повика на протести поради против отстранувањето на Морис од страна на власта од претседателската функција.
Градоначалникот на Анкара ќе гради „музеј на вандализмот“
Градоначалникот на Анкара Мелих Ѓучек вети дека ќе изгради „музеј на вандализмот“, за да ги покаже штетите, причинети од демонстрантите во турската престолнина. Тој во соопштение ја објави намерата да отвори музеј, во кој ќе ја изложи општествената сосптевност која „настрада“ за време на антивладините протести во престолнината. Ѓучек предизвика дебати кога покрена „војна“ на Твитер против медиуми како што се Би-би-си и Си-ен-ен, обвинувајќи ги за заговор и лажни информации. Во протестите беа уништени 26 јавни автобуси, 48 постојки, 64 сообраќајни знаци, 74 билборди, галерии, општествена зграда, камери, улични светилки, како и часовникот на плоштадот Казлај, се истакнува во соопштението.
Започна испрашувањето на Морси
Припадниците на египетските безбедносни служби започнале со распит на поранешниот претседател Мухамед Морси и дел од неговите соработници од Муслиманското братство, јавува новинската агенција АФП. Како што јавува агенцијата, целта на испитувањето е да се утврди дали припадниците на Муслиманското братство добивале помош од странски групи како либанскиот Хезболах и палестинскиот Хамас. Египетската војска пред една недела по неколку дневнни антивладини протести во кои загинаа десетици луѓе го суспендираше уставот, го симна од власт Морси и најави оддржување на предвремени претседателски избори. Привремениот претседател Адли Мансур издаде декрет со кој најави дека до 2014 предвремени парламентарни избори.
Бура се приближува кон Кина
Над половина милион луѓе се евакуирани од крајбрежните региони во Кина поради приближувањето на тајфун. Ветровите достигнале брзина од 118 километри на час со што населението во покраината Фујиан се пресели во внатрешноста. Над 5 илјади војници се распоредени во покраина и извршуваат хуманитарна работа.
СДСМ ја обвинува власта за двојни аршини
Опозициската СДСМ реагира на именувањето на Миодраг Јовановиќ, поранешен градоначалник на Старо Нагоричани, за директор на Македонска пошта во Куманово, обвинувајќи ја власта за двојни аршини. Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на прес-конференција обвини дека на Јовановиќ му се дозволува да избега од одговорноста за, како што тврди, „случајот во април минатата година кога со службен автомобил го прегазил триесетгодишниот Срѓан Лазаревиќ и побегнал од местото на настанот“. Тој додава дека не само што власта му дозволува да ја избегне одговорноста туку и го наградува за неговата послушност и лојалност кон партијата со нова функција-директор на пошта во Куманово.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете