Вести
Путин: Сноуден може да остане во Русија под еден услов
Рускиот претседател Владимир Путин рече дека поранешниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден може да остане во Русија под еден услов. „Тој мора да ги прекине активностите насочени кон повредување на нашите американски партнери“ рече рускиот претседател, демантирајки дека Американецот соработува со руски разузнавачи. Путин изјави дека нема намера да им го предаде Сноуден на американските власти. „Русија никогаш не предава никој на никого“ рече претседателот.Едвард Сноуден се соочува со обвинувања за шпионажа во Соединетите американски држави. Се верува дека тој се уште се наоѓа во транзит зоната на аеродромот во Москва, каде пристигна на 23-ти минатиот месец.
Посебен мобилен оператор за македонските Албанци
На македонскиот телекомуникациски пазар од следниот месец треба да почне со работа нов мобилен оператор „Албафон“. Ќе работи како виртуелен мобилен оператор, ќе ја користи мрежата и антените на ОНЕ. Префиксот за повикување ќе биде 073. Адриан Хоџа, извршен директор и претседател на Бордот на директори на „Албафон“, денеска на прес-конференција најави дека нивна таргет група, како четврт мобилен оператор, ќе бидат граѓаните во Македонија со албанско етничко потекло. „
Војската во Египет со ултиматум за демонстрантите
Командантот на војската во Египет им даде 48 часовен ултиматум на про-владините и анти-владините демонстранти да ги надминат разликите или во спротивно да се соочат со за сега недефинирани мерки. Министерот за одбрана Фатах ал Сиси во телевизиско обраќање рече дека мора да се задоволат барањата на народот, додавајки дека протестите против претседателот Мухамед Морси се до сега невидена експресија на народната воља. Сиси додаде дека војската нема да се меша во политика но посочи дека ако не се постигне договор за 48 часа, вооружените сили ќе излезат со свој план.
Камерон: Влезот на Хрватска во ЕУ има силен ефект врз демократијата на Балканот
Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека влегувањето на Хрватска како полноправен член на Европската унија и отворањето на пристапни разговори со Србија има извонреден ефект врз поткрепата на демократијата во регионот на Западен Балкан. За Камерон, хрватското членство во Унијата како и одлуката да се почнат преговори за влез во ЕУ на Србија, две соседни земји кои до скоро беа непријатели, само ја покажува големата сила на Европската унија да ги трансформира претходно разделените, неединствени општества. Според Камерон, покрај ширењето кон југот на Европа и Западниот Балкан, Унијата сега треба да се сврти и кон Истокот, зад веќе примените балтички земји.
Путин повикува на отпор за „неосновани европски притисоци “
Рускиот претседател Владимир Путин побара од земјите – производители на гас да ги издржат неоправданите притисоци од Европската унија. Шефот на руската држава смета дека промените во европскит регулативи за енергетика „сериозно ја ограничуваат активноста на традиционалните снабдувачи на природен гас на европските пазари“. Путин исто така побара земјите – производители да излезат со унифициран систем за одредување на цените на сировината со цел да се намали нестабилноста на пазарот за природен гас.
Комисијата за лустрација не ја менува одлуката за Јаневски
Комисијата за лустрација по реакциите на повеќе институциите во јавноста, денеска одржа вонредна седница, за уште еднаш да го испита решението донесено во петокот со кое поранешниот академик, писателот Славко Јаневски беше прогласен за соработник на тајните служби. По расправата, членовите на Комисијата останаа на ставот дека Јаневски соработувал со тајните служби и давал информации за својите колеги од браншата. „Комисијата за верификација на фактите, со сиот респект кон личностите и институтциите кои реагираа во јавноста, цени дека нивните ставови се без познавање на фактите и поради тоа, ги отфрла како неаргументирани“ изјави портпаролот на Комисијата, Предраг Димитровски.
Оставки од четворица министри во Египет
Четворица членови на кабинетот на египетскиот претседател Мухамед Морси најавија оставки еден ден по масовните протести во земјата во кои загинаа 16 лица. Министрите на туризам, животна средина, правда и комуникации ги предадоа своите оставки до премиерот Хишам Кандил. Претходно, опозициски демонстранти го запалија штабот на владеачкото Муслиманско братство во Каиро. Критичарите го обвинуваат шефот на државата за неуспеси во справување со економски проблеми и за давање премногу моќ на исламистите.
Обама пристигна во Танзанија
Американскиот претседател Барак Обама пристигна во Танзанија, првата земја од африканската тура низ три држави. Претседателот со семејството пристигна во градотр Дар Ес Салам, економскиот центар на земјата. Обама за време на дводневниот престој ќе се сретне со претседателот на Танзанија Јакаја Киквите. Американскиот претседател ќе ја посети и електраната Убунго откако ќе го презентира планот за подобрување на африканската електро мртежа, вреден 7 милиони американски долари.
Запален штабот на Мулиманското братство во Каиро
Опозициските демонстранти во Египет насилно влегоа и го запалија штабот на Муслиманското братство во Каиро. Нападот се случува откако 16 лица загинаа во насилни антивладини протести низ целата земја. Во неделата илјадници лица излегоа на протести во Каиро и други градови низ земјата против владеењето на претседателот Мухамед Морси, кој е на чело со политичкото движење на Муслиманското братство. Критичарите го обвинуваат шефот на државата за неуспеси во справување со економски проблеми и за давање премногу моќ на исламистите.
Замениците-шефови на дипломатии на Грција и Германија разговарале за Македонија
Грчкиот заменик министер за надвирешни работи Димитрси Куркулас денеска се сретна со заменик шефот на германската дипломатија задолежена за европски прашања Емили Хабер. На средбата, меѓу другото, е разговарано, и за Македонија, Турција, ситуацијата во Западен Балкан, и за грчкото претседателство со Европската унија следната година, соопшти грчкото МНР. Дополнителни детали за состанокот не се објавени.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете