Достапни линкови

Вести

Убиен лидер на чеченска бунтовничка група

Руски војници
Руски војници
Руските власти соопштија денеска дека го убиле Абу Малик, кој е лидер на бунтовничка чеченска група и двајца милитанти. Според соопштението, еден припадник на безбедносните сили е убиен, а друг повреден при престрелката со милитантите во покраината Ведено.
Потрагата по Малик траеше повеќе од една деценија.

Заедничка воена вежба на Грција, САД и Израел

Во реонот на островот Крит и источен Медитеран денеска почна воена вежба на воената морнарица на Грција, САД и Израел. Целта на воената вежба е да се утврди нивото на оперативна соработка меѓу воените морнарици на трите држави во спасувачки операции, при евакуации на реонот и при гаснење на пожари на бродовите.
Воената вежба ќе трае до 21 март.

Попоски оствари средба со евроамбасадорот Орав

Министерот за надворешни работи Никола Попоски
Министерот за надворешни работи Никола Попоски
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретна со евроамбасадорот во Македонија Аиво Орав. Според соопштението Попоски информирал за тековните активности на Владата за остварување на Акцискиот план за почеток на преговорите меѓу Македонија и Европската унија со посебен акцент на активностите кои ги презема за унапредување на односите и соработката со земјите од соседството. Тој изразил уверување дека Пролетниот извештај на Европската комисија ќе го рефлектира постигнатиот напредок, што би овозможило Советот на Европската унија во јуни оваа година да донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија.
Орав ја реафирмирал поддршката на Европската комисија за отпочнување на преговорите за членство на Македонија во Унијата, при што ја нагласил важноста од продолжување на реформската агенда и испорачување конкретни резултати.

ОН со нови санкции за Северна Кореа

Гласањето на Советот за безбедност на ОН за Северна Кореа
Гласањето на Советот за безбедност на ОН за Северна Кореа
Советот за безбедност на ОН јавно гласаше за воведување на нови санкции против Северна Кореа со цел да ја казни земјата за последниот нуклеарен тест. Гласањето за резолуцијата, која беше изготвена од Пекинг и Вашингтон е одраз на меѓународната осуда на земјата.
Санкциите се со цел да се и се отежне на Северна Кореа финансирањето и одржувањето на програмата за вооружување. Американскиот амбасадор во ОН, Сузан Рајс изјави дека санкциите се тешки и ќе ја зголемат изолацијата на Северна Кореа.

Апел од граѓани, организации и активисти за смирување на тензиите

Група активисти, граѓански организации и граѓани денеска во Старата скопска чаршија повикаа на смирување на страстите и воздржување од натамошни инциденти. Тие бараат институциите што поскоро да ги расветлат причините за избувнувањето на инцидентите за време на меѓуетничките протести, а предизвикувачите на насилството да бидат соодветно казнети.
Истовремено уаптија апел до сите граѓани да не наседнуваат на провокации и манипулации.

Видео со заробените мировници на ОН објавено на интернет

Сириските бунтовници пред возило на ОН во Голанската висорамнина каде беа заробени мировниците
Сириските бунтовници пред возило на ОН во Голанската висорамнина каде беа заробени мировниците
Во видео објавено на интернет наводно се прикажани филипинските мировници на ОН кои беа заробени од страна на сириските бунтовници во Голанската висорамнина. Еден од мировниците во видеото вели дека тие се безбедни и згрижени. Сириската организација за човекови права го објави видеото.
Филипините најостро го осудија настанот и побара итно ослободување на заробените.

Лукашенко ќе присуствува на погребот на Чавез

Белорускиот претседател Александар Лукашенко
Белорускиот претседател Александар Лукашенко
Кабинетот на белорускиот претседател Александар Лукашенко соопшти дека тој ќе отпатува во Каракас за да присуствува на погребот на венцуелски претседател Уго Чавез. Лукашенко ги откажа сите јавни настапи на кои требаше утре да присуствува по повод одбележувањето на меѓународниот ден на жената. Белорусија исто така прогласи три дена жалост во чест на Чавез.
Лукашенко беше во добри односи со Чавез, кој често ја посетуваше Белорусија за потпишување на договори за нафта и природен гас.

Рускиот суд го обвини балетанот од Бољшој театарот

Рускиот суд денеска го обвини балетанот Павел Дмитриченко за предизвикување на тешки телесни повреди и нареди да остане во притвор, поради неговата вмешаност во нападот на директорот на театарот Бољшој Сергеј Филин. Дмитриченко призна дека сакал да го нападне Филин, но дека не сакал да истури киселина врз неговото лице. Тој исто така призна дека го планирал нападот заедно со осомничениот Јури Зарутски.
Полицијата соопшти дека Дмитриченко бил вознемирен, бидејќи Филин не сакал да и додели улога на неговата девојка и дека најверојатно тоа бил мотивот за нападот.

Филе најави вработувања и социјални реформи во Западен Балкан

Комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе
Комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе
Комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе, на денешната дебата во Европскиот парламент најави дека се подготвува програма за проширување со која би се обезбедиле средства за земјите од Западен Балкан и со кои ќе се градат енергетски капацитети, транспортни системи и ќе се инвестира во социјалниот сектор. Според него, од голема корист за земјите од Западен Балкан ќе биде и засилувањето на зоната на слободна трговија „Цефта“, што го најавила Европската комисија во Стратегијата за проширување од октомври месец во 2012 година.
Филе додава дека во истата стратегија е предвиден и дијалог за вработување и социјални реформи во земјите од регионот кои се залагаат за членство во Унијата.

Дачиќ-бевме излажани дека Косово е наше

Српскиот премиер Ивица Дачиќ
Српскиот премиер Ивица Дачиќ
Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека Србите биле излажани дека Косово е нивно. Коментарот на Дачиќ доаѓа по текстот објавен во неделникот НИН по повод десетгодишнината од смртта и атентатот врз поранешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ.
Според Дачиќ, Косово 10 години е табу тема и биле излажани дека територијата им припаѓа на нив. Но, денес српскиот претседател не може да оди во Косово, ни премиерот, ни министрите или пак полицијата и армијата. Единствено, според него, само Србите можат да го напуштат Косово.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG