Достапни линкови

Вести

Хашкиот трибунал со казна од 22 години за Станишиќ и Жупљанин

Миќо Станишиќ и Стојан Жупљанин
Миќо Станишиќ и Стојан Жупљанин
Судот за воени злосторства во поранешна Југославија денеска ги осуди на 22 години затвор двајцата поранешни функционери во Република Српска Миќо Станишиќ и Стојан Жупљанин. Судот ги прогласи виновни за прогон, убиство и мачење на Муслиманите и Хрватите за време на војната во БиХ во 1992 година.
Стојановиќ тогаш ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи во Република Српска, а Жупљанин началник на Центарот за безбедност во Бања Лука.

Путин-земјите членки на БРИКС да ги искористат сопствените ресурси

Рускиот претседател Владимир Путин
Рускиот претседател Владимир Путин
Рускиот претседател Владимир Путин по денешната средба на земјите-членки на БРИКС во Дурбан изјави дека со цел да се надминат негативните тенденции на глобалните пазари тие треба максимално да ги искористуваат сопствените ресурси и можности.
Според него, земјите треба заеднички да инвестираат и да започнат мултилитерални бизнис проекти за да ја подобрат и прошират меѓусебната економска соработка. Земјите членки на БРИКС на Самитот начелно се договорија да основаат банка за развој.

Каримов се појави во јавност по гласините за нарушено здравје

Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов
Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов
Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов оствари средба со казахстанскиот министер за надворешни работи Јерлан Идрисов во Ташкент. Според соопштението, тоа е првиот јавен настап на Каримов по гласините за неговата нарушена здравствена состојба во минатата недела.
Каримов беше прикажан на телевизија за време на прославата на курдската нова година во Ташкент на 19 март. Но, оттогаш не се појави во јавност.

Кипарските банки ќе го ограничат износот за подигање пари

Кипарските власти планираат да го ограничат дозволениот износ за подигање од банкарските сметки, на само еден ден од отворањето на банките во земјата. Според банкарски службеници, целта на ограничувањето ќе се однесува на трансакции на средства од двете најголеми кипарски банки со цел да се спречи прекумерното повлекување пари.
Кипарските банки планираат и дневниот лимит за повлекување пари од банкоматите да се зголеми од 100 на 300 евра. Кипарските банки се затворени речиси две недели.

Сириската опозиција отвори амбасада во Катар

Лидерот на сириската опозиција Ахмед Муаз ал Хатиб на отварањето на амбасадата во Доха
Лидерот на сириската опозиција Ахмед Муаз ал Хатиб на отварањето на амбасадата во Доха
Сириската опозициска група, која беше признаена од Арапската лига ја отвори својата прва амбасада. Нејзиниот лидер Ахмед Муаз ал Хатиб кој присуствуваше на церемонијата на отварањето на амбасадата во Катар упати критика до светските лидери поради тоа што не успеаа да им помогнат на бунтовниците да го соборат режимот на претседателот Башар ал Асад.

ЕУ-мерките за спас на Кипар не се пример за други земји

Протестите во Кипар против мерките за спас
Протестите во Кипар против мерките за спас
Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт изјави денеска дека мерките за спас на Кипар од финансиската криза не се пример за идни програми за други земји. Според него, Кипар е единствен случај и порача дека се решавале индивидуалните проблеми на земјата.
Зајберт порача дека повеќето кипарски банки се финансираат со парите на штедачите и даночната основа на островската држава е исклучително слаба.

ЕК-Хрватска на време ќе ги заврши подготовките за ЕУ

Потпретседателот на ЕК Марош Штефчович изјави денеска дека административните подготовки за пристапување на Хрватска во ЕУ течат добро и дека ќе бидат готови на време. Штефнович додаде дека „едвај чека“ да и посака добредојде на земјата во европското семејство.
Во извештајот на ЕК е заклучено дека сите подготовки ќе бидат довршени пред влезот на Хрватска во Унијата на 1 јуни.

Русија со критика до Арапската лига за Сирија

Сириската делегација на Самитот на Арапската лига
Сириската делегација на Самитот на Арапската лига
Русија упати критика до Арапската лига за одлуката да и отстапи место на сириската опозиција во организацијата. Според нив, таквиот чекор бил незаконски, неоправдан и анти-сириски. Во нивното соопштение е наведено дека одлуката на Арапаската лига ќе ги охрабри поддржувачите на военото решение за сирискиот конфликт. Сириската опозиција го зазема местото на властите од земјата на вчерашниот Самит во Доха.
Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад ја обвини Арапската лига дека им го препуштила местото на „бандити и силеџии“.

Авганистанска воена делегација ја откажа посетата на Пакистан

Припадници на авганистанската армија
Припадници на авганистанската армија
Авганистанскиет власти го откажа патувањето на воената делегација која требаше да го посети Пакистан. Според соопштението делегацијата составена од 11 членови на авганистанската национална армија нема да го посети Пакистан, поради бомбашките напади на земјата врз авганистанската покраина Кунар во изминативе два дена.
Делегацијата требаше да учествува на симулација на воени вежби.

Српските власти го одбиле предлогот на Ештон

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон во текот на седмата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина понудила концепт на Заедница на српски општини на Косово без извршни надлежности. Документот, кој беше објавен на веб страната на РТС содржи осум точки и станува збор за предлогот кој Ештон му го дала на српскиот премиер Ивица Дачиќ на 20 март во Брисел. Србија ја одбила понудата на Ештон, а дијалогот со Косово продолжува на 2 април.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG