Вести
Пентагон ги осуди заканите на Северна Кореја
Пентагон ги осуди заканите од Северна Кореја за напади врз американски воени бази и соопшти дека е подготвен да одговори на секоја непредвидлива ситуација. Потпаролот на Пентагон Џорџ Литл ги нарече заканите „воинствена реторика“ која ја следи добро познатата шема за создавање тензии и заплашување. Националната новинска агенција на Северна Кореја соопшти дека ракетите на земјата сега се насочени кон американските бази.
Бомбашки напад во Сирија, четири жртви
Сириските национални медиуми јавија дека во самоубиствен бомбашки напад во Дамаск загинале четири лица. Според нив, бомбашот го детонирал неговиот експлозив во автомобил како одговор на нападите од страна на бунтовниците кои се борат против режимот на претседателот Башар ал Асад.
Турција негира дека започнало повлекувањето на курдските бунтовници
Турската армија ги отфрли информациите дека првата група на курдски бутовници се повлекле од земјата по повикот на нивниот лидер Абдула Оџалан, објави страницата „Тудејс заман“. Турските медиуми претходно јавија дека првата група бунтовници ја минала границата во Северен Ирак под надзор на турски воени авиони. Според некои од нив, групата броела околу 100 лица.
Генералштабот на Армијата во своето соопштение наведува дека информациите се неточни, истакнувајќи дека турски авиони летале во 13 зони над Северен Ирак само со разузнавачка цел. Армијата негира и дека ги прекинала сите операции против курдските бунтовници пред три месеци.

Италијанскиот министер за надворешни поднесе оставка
Италијанскиот министер за надворешни работи Џулио Терези поднесе оставка од функцијата во знак на протест против одлуката на владата да испрати двајца маринци на судење во Индија, каде се обвинети за убиство. Тој се решил на таквиот чекор поради солидарност со маринците и со цел да ја сочува репутацијата на Италија.
Маринците се обвинети дека застрелале двајца индиски рибари во минатата година, додека работеле како безбедносни чувари на карго брод. Обвинетите соопштија дека мислеле дека рибарите се пирати.
Маринците се обвинети дека застрелале двајца индиски рибари во минатата година, додека работеле како безбедносни чувари на карго брод. Обвинетите соопштија дека мислеле дека рибарите се пирати.
Британија ќе покрене истрага за смртта на Березовски
Британската полиција соопшти дека истрагата за смртта на поранешниот руски олигарх Борис Березовски ќе биде покрената на 28 март. Во текот на истрагата ќе бидат разгледани доказите за случајот и причините за смртта.
Телото на Березовски беше пронајдено во неговиот дом во близина на Лондон, а аутопсијата покажа дека причината за смртта била бесење. Но, полицијата не соопшти дали Березовски самиот се обесил.
Телото на Березовски беше пронајдено во неговиот дом во близина на Лондон, а аутопсијата покажа дека причината за смртта била бесење. Но, полицијата не соопшти дали Березовски самиот се обесил.
Членките на БРИКС ќе основаат развојна банка
Членките на групата БРИКС ќе основаат развојна банка со која ќе им конкурираат на западните институции како Светската Банка или Меѓународниот монетарен фонд. Лидерите на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка треба да се сретнат утре во Дурбан, кога официјално на Самитот ќе биде соопштена нивната одлука.
На Самитот се очекува да стане збор и за трговската соработка меѓу земјите-членки на БРИКС.
На Самитот се очекува да стане збор и за трговската соработка меѓу земјите-членки на БРИКС.
Груевски-го разбирам револтот на граѓаните на Кичево
Премиерот Никола Груевски за време на денешната посета на Кичево изјави дека го разбира револтот кај граѓаните, затоа што тоа е и негов гнев и револт. Груевски нагласи дека не бега од народот и дека нивните предизвици и проблеми се и негови и затоа дошол во Кичево. Според него, владата и натаму ќе работи за да им помогне на жителите на градот, бидејќи Кичево е Република Македонија и така и ќе остане.
Груевски се сретна со граѓаните на Кичево да разговара за новонастанатата ситуација, бидејќи досегашниот градоначалник Благоја Деспотовски не успеа да добие нов мандат. Градоначалничкото место во првиот круг го освои Фатмир Дехари од ДУИ, поддржан и од ДПА.

Јахјага-на сите им е јасно дека не се преговара за статусот на Косово
Косовската претседателка Атифете Јахјага изјави денеска дека на сите им е јасно дека дијалогот меѓу Приштина и Србија не е за статусот на Косово, туку за Уставот и законите во земјата. Според соопштението, сите компромиси се со цел да им помогнат на двете земји во евроинтегративниот процес.
Јахјага откако беше информирана за текот на преговорите од премиерот Хашим Тачип орача дека ја подржува нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија.
Јахјага откако беше информирана за текот на преговорите од премиерот Хашим Тачип орача дека ја подржува нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија.
Груевски во тензично Кичево
Поголема група граѓани денеска се собрала во центарот на Кичево, во моментот кога таму дошол премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Како што јавуваат македонските медиуми, дел од собраните ги исвиркувале премиерот и оние што биле во негова придружба, незадоволни од поразот на заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за градоначалник на Кичево, одоносно од победата на кандидатот на ДУИ. Груевски беше на состанок во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево.
И сега и секогаш кога е потребно ќе ги посетувам кичевчани, а не како некои политичари кои ги заборавија овие луѓе, изјави Груевски во Кичево.
За време на престојот на Груевски, во касарната во Кичево било забележано големо полициско присуство, но во центарот имало само десетина полицајци.

Уапсени шпиони на Иран во Саудиска Арабија
Министерството за внатрешни работи на Саудиска Арабија соопшти дека лицата кои беа уапсени во минатата недела под обвинение дека се шпиони работеле за Иран. Истрагата покажала дека тие имале директни врски со иранските тајни служби. Според министерството, упасените признале дека добивале пари од Техеран во замена за информации за витални локации во земјата.
Иран негираше било каква вмешаност во шпионажа на Саудиска Арабија.
Иран негираше било каква вмешаност во шпионажа на Саудиска Арабија.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете