Достапни линкови

Вести

Рикер верува дека Белград и Приштина може да постигнат договор

Американскиот дипломат задолжен за Западен Балкан, Филип Рикер,
Американскиот дипломат задолжен за Западен Балкан, Филип Рикер,
Американскиот дипломат задолжен за Западен Балкан, Филип Рикер, вечерва во Брисел изјави дека верува оти е можно да се постигне договор во дијалогот меѓу Белград и Приштина. Но, според него, под услов двете страни да бидат конструктивни и насочени на иднината на своите народи. Рикер денеска имаше средба со лидерите на двете земји на кои им порачал дека САД силно го поддржуваат процесот на нормализација меѓу Србија и Косово.
Рикер смета дека со учеството во преговорите двете земји ја прават вистинската работа и неопходно е политичките лидери да имаат конструктивен пристап, да се фокусираат на европската иднина, а не на минатото.

Сириските власти бараат независна истрага за хемискиот напад

Повредени лица од наводно хемискиот напад во Алепо
Повредени лица од наводно хемискиот напад во Алепо
Сириските власти соопштија дека побарале од генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун да спроведе истрага за наводниот хемиски напад од страна на бунтовниците во градот Алепо. Сирискиот амбасадор во ОН Башар Јафари изјави дека властите побарале формирање на независна комисија.
Потпаролот на ОН Мартин Несирки изјави дека организацијата се уште не добила официјално барање. Сириските власти и режимот на претседателот Башар ал Асад меѓусебно се обвинуваат за нападот.

Мала пауза во дијалогот меѓу Србија и Косово

Високиот претсавник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон
Високиот претсавник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон
Седмиот круг од дијалогот меѓу премиерите на Србија и Косово, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ бил прекинат поради мала пауза по која разговорите меѓу двајцата лидери ќе продолжат со високиот претсавник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон.
Тоа на новинарите им го пренеле дипломатите кои ги следат преговорите, а европските функционери неофицијално соопштиле дека до паузата дошло поради тоа што Ештон сакала да се консултира со еврокомесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе.

Судот ја одби жалбата на членките на бендот Пуси Рајот

Рускиот суд ја одби жалбата на трите членки на групата Пуси Рајот. Судот ја донел одлуката против Јекатерина Самуцевич, Надежда Толоконикова, Марија Аљохина на 15 март, но таа беше денеска објавена. Според веб сајтот на судот, пресудата против членките на бендот била фер и пропорционална на прекршокот.
Тие беа осудени на две години затвор за „хулиганизам мотивиран од верска омраза“.

Средба на политичките лидери на Кипар

Гласањето во кипарскиот парламенто против предлогот за спас на меѓународната заедница
Гласањето во кипарскиот парламенто против предлогот за спас на меѓународната заедница
Политичките лидери во Кипар се сретнаа за да разговарат за пронаоѓање на алтернативно решение за избегнување банкрот на земјата, откако Парламентот го одби предлогот за спас од меѓународната заедница.
ЕУ и ММФ се сложија на Кипар да му дадат 10 милијарди евра, но само доколу земјата обезбеди 5,8 милијарди евра. Владата сакаше да ги собере парите со оданочување на бакарските депозити, но законодавците го одбија планот.

Перез-веруваме во политиката на САД кон Иран

Израелскиот претседател Шимон Перез и американскиот претседател Барак Обама
Израелскиот претседател Шимон Перез и американскиот претседател Барак Обама
Израелскиот претседател Шимон Перез изјави денеска дека земјата им верува на САД кои сакаат да ја спречат нуклеарната програма на Иран. Говорејќи по средбата со американскиот претседател Барак Обама во Ерусалим Перез рече дека Иран претставува најголема опасност за безбедноста на Израел, како и Хамас и Хизбалах.
Тој порача и дека резервите на хемиско оружје во Сирија не треба да се најдат во рацете на терористичките групи. Обама порача дека Израел нема да има поголем пријател од САД.

Оџалан утре ќе повика на разоружување на курдските бунтовници

Лидерот на Курдската работничка партија Абдула Оџалан
Лидерот на Курдската работничка партија Абдула Оџалан
Копретседателот на прокурдската Партија за мир и демократија Селахатин Демирташ изјавил дека пораката на лидерот на Курдската работничка партија Абдула Оџалан за разоружување на курдските бунтовници ќе се прочита утре на турски и курдски јазик, јави турскиот весник Хуриет.
Според него, повикот на Оџалан ќе биде прочитан пред граѓаните на разглас од двајца пратеници во градот Дијарбекир по повод чествувањата на курдската Нова година, Невруз. Во Турција во тек се преговорите за мирно надминување на курдскиот конфликт со Оџалан, кој издржува казна доживотен затвор.

Кипар со нов план за стабилизирање на финансиската ситуација

Нов план за стабилизирање на финансиската ситуација разработиле кипарската влада и Централната банка со кој се предвидува користење на активите од фондовите за социјално осигурување, јави БТА, според извори од Европската унија. Целта на новиот план е да се соберат 5 милијарди евра, а уште милијарда кипарските власти планираат да добијат преку размена на дел од банкарските депозити со обврзници, кои ќе се плаќаат со приходите од експлоатацијата на подводните наоѓалишта на гас.
Се очекува во текот на денот овој план да им биде претставен на меѓународните кредитори.

Уште еден маж се самозапали во Бугарија

Бугарските медиуми јавија дека еден 40 годишен невработен маж се самозапалил во знак на протест против сиромаштијата во земјата. Мажот се полил со бензин и се обидел да изврши самоубиство во селото Ситово, при што бил однесен во болница и се наоѓа во критична состојба.
Националното радио јави дека неиндентификуваниот маж не можел повеќе да купи ниту леб за неговото дете и дека повеќе не можел да го издржи таквиот начин на живот. Претходно пет бугарски граѓани се самозапалија.

Европол-Западен Балкан голем извор на нарко шверцери

Земјите од западен Балкан не се само транзитен регион, туку и голем извор на нарко шверцери, а во ЕУ се активни околу 3.600 организирани криминални групи, се оценува во студија на Европол. Според нив, меѓународната трговија со дрога и натаму е главна активност на организараниот криминал, но има и појава на нови криминални феномени поврзани со актуелната економска криза и интернетот. Турција и Албанија во соопштението се наведени како земји каде доминира пазарот со наркотични средства .

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG