Вести
Протести во Кипар против данок на банкарските депозити
Околу илјада лица денеска протестираа пред кипарскиот парламент против одлуката на власта да го прифати условот на Еврогрупата за воведување данок врз банкарските депозити, пренесоа руските медиуми. Демонстрантите биле организирани преку социјалните мрежи и носеле транспаренти испишани со паролите „Не ги чепкајте нашите пари“, „Не сакаме да плаќаме за туѓи грешки!“, „Не на Еврогрупата!“.
Кипарскиот парламент треба утре да расправа за предлогот, кој доколку биде усвоен штедачите ќе треба да плаќаат 10 отсто данок на нивните депозити.
Преговори за договорот за трговија со оружје во ОН
Започнаа преговорите околу договорот за трговијата со оружје во ОН. Генералниот секратар Бан Ки Мун ги повика светските сили да направат отстапки и да се трудат да биде постигнат договорот, кој за прв пат ќе биде обврзувачки и со кој ќе се регулира трговијата со оружје. Според него, договорот ќе им ја отежне работата и пристапот на криминалците и терористите до оружје.
Разговорите во јули завршија без успех, поради несогласувањата околу тоа каков договорот треба да биде.
Разговорите во јули завршија без успех, поради несогласувањата околу тоа каков договорот треба да биде.
Русија бара осигурување за ракетниот систем на САД
Руските власти соопштија дека промените во американскиот одбранбен ракетен систем се потврда дека им е потребно правно обврзувачко осигурување од Вашнгтон дека нивниот систем не е насочен кон Русија. Новата стратегија на САД е да одржи ракети со долг отстрел во Полска во наредната деценија како дел од ракетниот штит на НАТО, што наиде на неодобрување од Русија.
САД соопштија дека ќе додадат дополнителни пресретнувачи на Аљаска и радарска станица во Јапонија за да и се спротистават на заканата од Северна Кореја.
САД соопштија дека ќе додадат дополнителни пресретнувачи на Аљаска и радарска станица во Јапонија за да и се спротистават на заканата од Северна Кореја.
Лидерот на курдските бунтовници најавува историска вест
Лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан изјави дека мировните преговори со Турција бележат напредок и дека планира на 21 март да објави историска вест, кога се слави курдската Нова година, Невруз. Во пораката, која ја пренесоа пратеници од прокурдската Партија за мир и демократија, Оџалан, нагласува дека турскиот парламент треба да ги усвои реформите за поддршка на мировните напори.
Се очекува Оџалан кој отслужува доживотна казна затвор да ги повика курдските бунтовници да прогласат прекин на огнот и да почнат да се повлекуваат од Турција.
Се очекува Оџалан кој отслужува доживотна казна затвор да ги повика курдските бунтовници да прогласат прекин на огнот и да почнат да се повлекуваат од Турција.
Расмусен-обвинувањата на Карзаи се смешни
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен го отфрли обвинувањето од авганистанскиот претседател Хамид Карзаи дека САД заедно со талибанците ја прават земјата нестабилна за меѓународните сили да имаат изговор да останат во Авганистан и по 2014 година.
Расмусен ги нарече обвинувањата смешни и изрази надеж дека Кабул е свесен за парите и жртвите кои ги дале за земјата да се движи напред.
Расмусен ги нарече обвинувањата смешни и изрази надеж дека Кабул е свесен за парите и жртвите кои ги дале за земјата да се движи напред.
Филе ја поздрави новата динамика во дијалогот меѓу Србија и Косово
Еврокомесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе ја поздрави новата динамика во дијалогот меѓу Србија и Косово. Но, тој порача дека Белград мора да продолжи да ги унапредува односите доколку сака да добие датум за отпочнување на преговори со Унијата.
Филе денеска во Белград се сретна со српскиот претседател Томислав Николиќ пред започнувањето на нвоата рунда на преговори меѓу српскиот и косовскиот премиер, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи.
Филе денеска во Белград се сретна со српскиот претседател Томислав Николиќ пред започнувањето на нвоата рунда на преговори меѓу српскиот и косовскиот премиер, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи.
Невработени 290 276 лица во четвртиот квартал во 2012
Во четвртото тримесечје од 2012 година активното население во Македонија изнесувало 948.125 лица од кои 657.849 се вработени, а 290.276 невработени. Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на активност во овој период изнесува 56,7 стапката на вработеност 39,3 додека стапката на невработеност 30,6.
Во четвртото тримесечие од 2011 година стапката на активност изнесувала 56,5, стапката на вработеност 38,5, а на невработеност 31,8.
Во четвртото тримесечие од 2011 година стапката на активност изнесувала 56,5, стапката на вработеност 38,5, а на невработеност 31,8.
Николиќ-Србија треба да ги започне преговорите со ЕУ
Српскиот претседател Томислав Николиќ по денешната средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе во Белград изјави дека земјата досега направила многу и дека е подготвена да направи се што е потребно. Според него, Србија заслужува да добие датум за преговори со ЕУ.
Николиќ порача дека Србија во преговорите ќе влезе како земја која сака да стане членка на Унијата, а со тоа доаѓаат и некои одговорности и привилегии.
Николиќ порача дека Србија во преговорите ќе влезе како земја која сака да стане членка на Унијата, а со тоа доаѓаат и некои одговорности и привилегии.
Започна дијалогот за помирување во Јемен
Започна дијалогот во Јемен, кој е поддржан од ОН со цел да се отвори пат за новиот Устав и изборите во земјата во наредната година. Повеќе од 500 претставници од неколку политички партии ќе учествуваат во дијалогот во главниот град Сана.
Но, некои фракции од јужниот дел на Јемен ги бојкотираат разговорите. Илјадници лица протестираа против иницијативата, при што еден од учесниците бил убиен од страна на безбедносните сили во Тарим.
Но, некои фракции од јужниот дел на Јемен ги бојкотираат разговорите. Илјадници лица протестираа против иницијативата, при што еден од учесниците бил убиен од страна на безбедносните сили во Тарим.
Еврогрупата на телеконференција со Кипар
Еврогрупата вечерва ќе одржи вонредна телеконференциja, на која ќе се разгледа планот за спас на Кипар, потврди висок официјален претставник во Никозија. Се очекува на конференцијата посебно внимание да се посвети на предлогот на кипарската Влада за оданочување на банкарските депозити.
Намалувањето на депозитите предизвика големи несогласувања на островот, што доведе до одлагање на гласањето во Парламентот за антикризната програма за Кипар.
Намалувањето на депозитите предизвика големи несогласувања на островот, што доведе до одлагање на гласањето во Парламентот за антикризната програма за Кипар.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете