Достапни линкови

Вести

Сомалија-ослободен новинарот кој интервјуираше силувана жена

Новинарот кој беше затворен во Сомалија поради тоа што интервјуираше една силувана жена е ослободен. Врховниот суд донесе одлука дека обвиненијата против Абдиазиз Абдинур се отфрлени. Абдинур никогаш не го објави интервјуто со Лул Али Осман, која надвоно била силувана од безбедносните сили. Двајцата во февруари беа осудени на една година затвор, под обвинение дека приказната била измислена.
На почетокот на месецов жената беше ослободена, додека казната на Абдинур беше намалена на шест месеци. Според организациите за човекови права, целта на новинарот била да го прикаже прикривањето на сексуалната злоупотреба на жените од страна на безбедносните сили.

Кипарскиот претседател ќе и се обрати на нацијата

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис
Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис
Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис се очекува вечерва да и се обрати на нацијата за да го одбрани спасувачкиот план во износ од 10 милијарди евра, договорен со ЕУ, пренесоа француските медиуми. Анастасиадис во Брисел ја склучи спогодбата која предвидува воведување данок од 10 отсто врз сите банкарски депозити.
Кипарската државна телевизија претходно соопшти дека претседателот за утре го откажал обраќањето, што првично беше предвидено за утринава.

Уапсени осомничените за силување на туристка во Индија

Индиската полиција соопшти дека уапсила пет осомничени за силувањето на една швајцарска туристка, која со својот маж со велосипед патувала низ земјата. Уапсените признале дека го извршиле нападот, а потрагата по другите двајца осомничени продолжува.
Според полицијата, напаѓачите го претепале мажот и го врзале за дрво додека ја силувале неговата жена. Тие притоа им го украле лап топот и парите.

Курдите побараа ослободување на лидерот на бунтовниците

Церемонија за прослава на Невруз
Церемонија за прослава на Невруз
Неколку илјади лица денеска во Истанбул ја прославуваа курдската Нова Година (Невруз), при што побараа лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан да биде ослободен.Турските власти во декември почнаа преговори со Оџалан со цел да се најде мирно решение на курдскиот конфликт. Оџалан на островот Имрала издржува казна доживотен затвор.
Според владини и курдски извори, Оџалан се очекува во четврток, по повод Невруз, да ги повика бунтовниците да прогласат примирје и до август целосно да се разоружаат.

Затвореник држи заложници во затвор во Грција

Илустрација
Илустрација
Еден од шестмината заложници во затворот Маландрино во централниот дел на Грција успеал да се ослободи. Тој избегал кога полицијата го опколила затворот и употребила солзавец. Затвореникот од албанска националност Алкет Ризај Ризај е вооружен со две рачни бомби и ножеви и се заканува дека ако не биде ослободен ќе ги активира бомбите.
Ризај во 2003 година е осуден на доживотна казна поради убиства. Освен чуварот кој избега, меѓу заложниците се уште тројца негови колеги и двајца осуденици.

Доживотна забрана за грчкиот фудбалер поради нацистички поздрав

Грчкиот фудбалер на клубот АЕК Јоргос Катидис доби доживотна забрана за настап во националниот тим, откако на натпревар со нацистичкиот поздрав го прослави дадениот гол. Фудбалскиот сојуз го нарече неговиот потег тешка провокација која ги навредила жртвите на нацизнот и дека го нарушила хуманиот карактер на играта.
Катидис се извини и изјави дека не бил свесен за значењето на неговиот гест, односно дека му отпоздравил на негов соиграч на клупата.

Тибетски свештеник се самозапали

Тибетски свештеник во покраината Сечуан
Тибетски свештеник во покраината Сечуан
Тибетски будистички свештеник се самозапали во еден манастир во кинеската покраина Сичуан. Радио Слободна Азија јави дека 28 годишниот свештеник подоцна починал од тешките изгореници на телото.
Тибетските организации за човекови права соопштија дека повеќе од 100 лица се самозапалиле од 2009 година во знак на протест против владеењето на Кина во Тибет.

Иран испрати разорувач во Каспиското море

Иран лансираше ракетен разорувач Јамаран-2 во Каспиското море. Претседателот Махмуд Ахмадинеџад присуствуваше на лансирањето во пристанишниот град Анзали, кој се наоѓа на околу 250 километри одалеченост од Техеран.
Тој изјави дека целта на лансирањето е да го зајакне мирот и пријателството во регионот, но и да им се спротистави на оние кои сакаат да ја загрозат безбедноста на земјите.

Кина-новиот премиер со ветување за загаденоста на воздухот

Премиерот на Кина Ли Кечијанг
Премиерот на Кина Ли Кечијанг
Новите лидери на Кина ветија дека ќе ја намалат загаденоста на воздухот и дека ќе ги решат проблемите со безбедноста на храната. Премиерот Ли Кечијанг изјави дека ќе го надополнат моделот за економскиот развој на земјата со тоа што на жителите ќе им овозможат чист воздух и безбедна храна и пијалоци.
Според него, владата со двата проблема ќе се бори со железна тупаници и цврста резолуција.

Папата Франческо ги повика верниците да се молат со него

Папата Франческо
Папата Франческо
Папата Франческо денеска за прв пат откако е на функцијата имаше заедничка молитва со околу од сто илјади луѓе кои беа собрани на плоштадот свети Петар во Рим. Првиот папа од Латинска Америка се појави пред толпата на прозорецот од неговиот стан.
Десетици знамиња од неговата земја Аргентина се вееја во толпата додека поранешниот кардинал ја изврши традиционалната неделна молитва.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG