Достапни линкови

Вести

Проруска партија ќе биде формирана во Грузија

Поранешниот грузиски министер за национална безбедност Валери Хабурџанија изјави дека планира да формира нова политичка партија, која ќе биде со проруска агенда. Според него, Грузија има прозападни и проамерикански партии, тогаш зошто не би имало една која би била проруски ориентирана.
Тој наведе дека неговата партија нема да работи на унапредување на руските интереси, туку ќе бара области во кои интересите на двете земји се совпаѓаат. Хабурџанија, кој живее во Москва од 2004 година смета дека целта на партијата ќе биде да развие вистинска конкуренција меѓу другите политички фактори во Грузија.

Нелсон Мендела пуштен од болница

Нелсон Мендела
Нелсон Мендела
Нелсон Мендела е отпушен од болница по извршените медицинските тестови. Поранешниот претседател на Јужна Африка престојуваше во болницата во Преторија на како што тој го опиша, редовен медицински преглед. Според соопштението, Мендела се вратил во неговиот дом во Јоханесбург, каде неговото здравје е надгледувано од тим на лекари.
Мендела, кој има 94 години, беше задржан во болница на речиси три недели во декември поради инфекција на белите дробови и му беше извршена операција за отстранување на камен.

Извршено жребувањето за локалните избори

Државна изборна Комисија (ДИК) врши жрепка за утврдување на редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за локалните избори 2013 година
Државна изборна Комисија (ДИК) врши жрепка за утврдување на редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за локалните избори 2013 година
ДИК на денешната јавна седница го изврши дополнително жребување за утврдување на редоследот на гласачкото ливче за локалните избори на кандидатите на политичките партии кои поднеле листи за членови на совети и на кандидати за градоначалници во дополнителниот рок до 8 март на полноќ. Во дополнителниот рок се пријавиле СДСМ со нивните коалициски партии, Либерална партија, Движење за национално единство на Турците и Републиканска алијанса.
Пред жребувањето седницата ја напушти членот на ДПА Бедредин Ибраими, а не присуствуваше и потпрестедателот на комисијата од ДУИ Субхи Јакупи. Ибраими побара разрешување на судиите од Управниот суд кои ја донесоа одлуката со која на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ им е овозможено на изборите во Струга и Кичево да одат со заеднички листи. Според него, со ваквите решенија е суспендирано правото и правната држава и во овој случај функционирала партиската држава, партиската државна изборна комисија и партискиот управен суд.

Уапсени 150 лица поврзани со нередите во Пакистан

Протестите на христијанската заедница во Лахоре
Протестите на христијанската заедница во Лахоре
Пакистанската полиција соопшти дека уапсила повеќе од 150 лица кои се поврзани со нападот на муслиманите во една христијанска населба во градот Лахоре. Апсењата доаѓаат по обвинението против околу 3000 муслимани кои уништија 178 куќи и продавници во населбата Бадами Баг, при што немаше повредени лица.
Според полицијата, продолжува потрагата по одговорните лица. Нередите беа предизвикани откако еден христијан беше уапсен, бидејќи направил несосодветни забелешки за пророкот Мухамед, што е казниво со смрт во земјата. Илјадници христијани протестираа низ Карачи и Лахоре, барајќи подобра заштита од властите.

Италија и Грција потврдија дека нивни државјани се убиени во Нигерија

Припадници на исламистичката група Ансау
Припадници на исламистичката група Ансау
Италијанското министерство за надворешни работи соопшти дека нивниот државјанин, кој беше киднапиран во Нигерија, како и другите шест странски лица најверојатно се убиени. Грчкото министерство за надворешни работи исто така соопшти дека нивниот државјанин кој беше меѓу киднапираните бил убиен и дека неговото семејство е информирано.
Италијанските власти ги демантираа шпекулациите дека имало обид заложниците да бидат ослободени. Исламистичката група Ансау потврди дека ги убила лицата, кои беа киднапирани на северниот дел на Нигерија.

Одложена обновата на преговорите за кипарското прашање

Никос Анастасиадес, претседател на Кипар
Никос Анастасиадес, претседател на Кипар
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на кипарскиот парламент Авероф Неофиту изјави денеска дека обновата на преговорите за решавање на кипарското прашање се одлага на неопределено време. Неофиту кој е во посета на САД имал средба со првиот заменик на генералниот секретар на ОН, Јан Елијасон со кого разгледале перспективи за процесот на преговори.
Неофиту посочил пред ОН дека новиот кипарски претседател Никос Анастасиадис е подготвен за барање начини за мирно решавање на кипарското прашање со посредство на ОН. Според него, несоодветно е да се обноват преговорите меѓу заедниците на Кипар во момент кога се даваат големи напори за стабилизирање на економијата во државата.

Северна Кореа е подготвена за војна

Вежби на војската на Северна Кореа
Вежби на војската на Северна Кореа
Северно Корејскиот весник Родонг Синмун јави дека земјата е подготвена за војна против САД и јужниот сосед. Според весникот, војните групи на предната линија, меѓу кои и стратешките ракетни сили влегле во крајната фаза на подготовката и ја чекаат наредбата за напад. Соопштението доаѓа во време на големи тензии на корејскиот полуостров.
Во минатата недела, Северна Кореа најави дека ќе го прекине договорот со кој се стави крај на корејската војна и дека можеби ќе изврши напад со нуклеарно оружје. ОН вчера воведоа нови санкции против Северна Кореа поради нуклеарните тестирања. Пјонгјанг пак е против заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореа.

ЕУ фокусирана на последиците врз БиХ со влезот на Хрватска во ЕУ

Портпарол на европскиот комесар за проширување Петер Стано
Портпарол на европскиот комесар за проширување Петер Стано
Портпарол на европскиот комесар за проширување Петер Стано изјави дека Европската комисија работи на изнаоѓање решение со кое ќе се намалат негативните економски последици врз БиХ со влезот на Хрватска во ЕУ. Според него, Европската комисија сега работи на воспоставување посебен режим на проток на стоки од БиХ низ хрватското пристаниште Плоче по 1 јули, кога е во план влезот на Хрватска во Унијата.
Стано смета дека членството на Хрватска во ЕУ ќе има позитивен ефект за БиХ доколку таа држава се фокусира врз реформи.

Парламентот го усвои буџетот на Иран

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад
Пратениците во Иран по доцнење од три месеци го усвоија буџетот на земјата. Одлуката доаѓа откако претседателот Махмуд Ахмадинеџад доцнеше речиси 90 дена со поднесувањето на неговиот предлог буџет. Одложувањето беше во време кога земјата се соочи со засилени санкции од меѓународната заедница, поради спорната нуклеарна програма.
Трета година по ред пратениците не се во можност да го донесат буџетот на почетокот на новата фискална година.

Судири на полицијата и демонстрантите во Азербеџан

Протестите во Баку
Протестите во Баку
Азербеџанската полиција употребила гумени куршуми, водени топови и солзавец со цел да ги растера демонстрантите во Баку. Азербеџанскиот сервис на Радио Слободна Европа јави дека десетици демонстранти биле уапсени за време на протестите против смртта и злоупотребата на регрути во војската.
Стотици демонстранти се собрале на централниот плоштад и покрај силното полициско обезбедување и блокадите на патиштата.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG