Достапни линкови

Вести

Протест во Скопје за споменикот во Прешево

Група албанци мирно протестираа денеска во Скопје против отстранувањето на споменикот во Прешевво на Ослободителната војска на Прешево Бујановац и Медвеѓа. Протестот требаше да се одржи пред српската амбасада во Скопје, но полицијата, превентивно ги држеше на дистанца. Собирот го организирал студентскиот парламент на Универзитетот во Тетово, а им се приклучија и ветерани од ОНА како и здружението на политичките затвореници, албанци.

Саакашвили спречен да одржи годишно обраќање

Грузијскиот претседател Михаел Саакашвили денеска мораше да го одложи планираното годишно обраќање, бидеки стотици негови противници го блокираа влезот во Националната библиотека, каде што требаше да говори Саакашвили. Тој сепак ќе и се обрати на нацијата преку телевизија од неговиот кабинет. Вообичаено е претседателот на Грузија да има годишно обраќање во парламентот, но Саакашвили реши да не се обраќа таму бидејки законодавците донесоа одлука да биде одложен неговиот говор поради расправата за уставни измени, што е во тек. Мнозинството во парламентот го има партијата Грузијски сон на премиерот Бидзина Иванишвили. Од кабинетот на Саакашвили сметаат дека зад опструкцијата на претседателското обраќање стои премиерот Ивинишвили.

Иран демантира вмешаност во терористичкиот акт во Бугарија

Ирански дипломат во Софија ги отфрли наводите дека Техеран е вмешан во бомбашкиот напад во автобус во Бургас, Бугарија кога загинаа 5-мина израелски туристи. Техеран тврди дека нема ништо со нападот и нагласува дека Иран е против каква било форма на тероризам. До ваквата изјава доаѓа откако во бугарскиот официјален извештај за инцидентот од 18-ти јули минатата година, објавен деновиве, се наведува дека двајца осомничени биле членови на Хизбалах, либанска шиитска исламистичка група, која има подршка од Иран. Израел и Соединетите Држави побараа од Европската Унија да го стави Хизболах на листата терористички организации.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за буџетот до 2020-та

Лидерите на Европската Унија, по повеќе од 24-часовни преговори, постигнале договор за буџетот на ЕУ во наредните 7 години. Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј соопшти преку Твитер дека договор е постигнат. Предлог буџетот сега оди на усвојување во Европскиот парламент, процеј кој ќе трае неколку месеци. Станува збор за значително кратење на рамката на трошоци до 2020-та година, која беше во висина од 960 милијарди евра.

Лозарите добија ветување за исплата, но блокадата кај Росоман продолжува

Претставник на винарската визба „Винеа” денеска ги посети лозарите кои петти ден протестираат блокирајќи го патот Градско - Прилеп кај Росоман.
Драган Канзуров од „Винеа“ ги информира лозарите дека е поништена продажбата на винаријата, што е и едно од нивните барања. Тој нагласи дека сега, кога винарницата е вратена на сопствениците, лозарите ќе си ги добијат своите пари. Според него, исплатата на грозјето за 2009, 2010, 2011 година ќе заврши до крајот на овој месец, а грозјето од 2012 година ќе се исплатува до крајот на април согласно на законскиот рок.
- Нема да има влијание тоа кој од производителите на грозје ја тужел винаријата, а кој не. Сите ќе бидете исплатени како што ви кажав. На никого нема да му останеме должни, им вети тој на лозарите. Договорена е и средба в среда во присуство на претставник на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Росоман.
Лозарите најавија дека блокадите ќе продолжат се до исплата на грозјето.

Ахмети и Лалакос се заложиле за побрзо решавање на спорот со името

Харис Лалакос
Харис Лалакос
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска во Тетово имал средба со новиот грчки амбасадор во Македонија Харис Лалакос. Како што се наведува во соопштението од кабинетот на Ахмети, амбасадорот Лалакос истакнал дека Грција ја подржува имплементацијата на Охридскиот договор и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и НАТО, а ја изразил и готовноста на Атина за решавање на прашањето со името. Ахмети изразил надеж дека проблемот со името ќе биде решен за време на мандатот на амбасадорот Лалакос.

Две лица уапсени во врска со стрелањето врз Харикиан

Ерманските власти соопштија дека две осомничени лица се уапсени во врска со стрелањето врз претседателскиот кандидат Парир Харикиан.
Станува збор за Качатур Погосиан и Самвел Харутиниан кои признале дека се вмешани во нападот за кој мотивите се уште не се објавени. Кандидатот Харикиан е на домашно лекување по успешната операција во која од рамото му е изваден куршум.
Тој најави дека ќе ја продолжи кампањата за претседателските избори на 18 фебруари на кои се пријавени 8 кандидати.

Девет медицинари убиени во Нигерија

Кано
Кано
Нигериската полиција соопшти дека девет медицински работници кои работеле на полио вакцинација се убиени во два одвоени напади во северниот град Кано. Според сведоци, врз нив е стрелано од лица на мотор во здравствениот центар каде жени и деца чекале на вакцинација. Постои сомнеж дека зад нападот стои радикална исламска секта.

Расте бројот заболени од свински грип на Косово и во Албанија

Во Албанија и во Косово расте бројот на заразени лица од вирусот Х1Н1, познат како свински грип, јави МИА. Според директорот на секторот за здравствена политика во Министерството за здравство на Албанија, Пелумб Пиперо, регистрирани се седум случаи заболени од свински грип, како и пет други случаи заболени од американски грип. Сепак тој нагласува дека нема место за паника. Сите случаи се под контрола и ниту еден пациент не се наоѓа во животна опасност. На Косово досега се регистрирани 29 заразени од вирусот Х1Н1. Неодмана од свински грип во Инфективната клиника во Приштина почина 39- годишна жена. И надлежните косовски инситуции смируваат дека место за паника нема.

Над 30 жртви во серија бомбашки напади во Ирак

Ирачките власти соопштија дека при неколку експлозии на автомобили бомби во Багдад и во централен Ирак, при што најмалку 31 лице загинале. Само на еден пазар во Багдад 16 луѓе загинале, 40 тина беа биле повредени во двојна експлозија во делот претежно населен со шиити.
Цел и на другите експлозии исто така биле делови од Ирак каде што живеат шиити, што се поврзува со политичката криза и протестите на сунитите кои бараат оставка од шиитскиот премиер Нури Ал Малики.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG