Вести
За владата, предлогот на АМАН не може да се вклучи во законот
Собраниската Комисија за економски прашања на денешната седница почна да го разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика во прво читање поднесен преку Граѓанската иницијатива АМАН со 13.169 потписи од избирачи. АМАН бара враќање на дневната евтина струја и парно да не плаќаат тие што не го користат. Заменик-министерот за економија Христијан Делев рече дека правно, предлогот од АМАН не може да биде вклучен во Законот бидејќи тие работи се регулирани во подзаконски акти, односно во тарифникот кој е во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика.
„Повторното враќање на евтината дневна тарифа ќе значи дополнително оптоварување на нашите електрани или пак дополнителен увоз на скапа електрична енергија што во краен случај ќе придонесе на зголемување на цената на електричната енергија“, рече Делев.
Пратеникот Газмен Алии од ДПА реагира дека методологијата за цената на електричната енергија треба да се усогласи со животниот стандард.
„Повторното враќање на евтината дневна тарифа ќе значи дополнително оптоварување на нашите електрани или пак дополнителен увоз на скапа електрична енергија што во краен случај ќе придонесе на зголемување на цената на електричната енергија“, рече Делев.
Пратеникот Газмен Алии од ДПА реагира дека методологијата за цената на електричната енергија треба да се усогласи со животниот стандард.
Одложено гласањето за Хејгел за нов секретар за одбрана
Американскиот сенатски комитет за вооружени сили го одложи гласањето за предлогот на претседателот Барак Обама за нов секретар за одбрана. Гласањето за номинацијата на Чак Хејгел беше закажано за денеска, но 25 републикански сенатори го блокираа и побараа дополнителни лични финансиски детали за Хејгел. Тие бараат Хејгел да објасни кој ги финансира неговите приватни говори и дали е поврзан со странски донатори. Тој вети дека ќе поднесе оставка во која било организација за која може да се јави сомнеж за конфликт на интереси. Конзервативните пратеници и повеќето републиканци се противат на номинацијата на Хејгел.
Тешки разговори за новиот европски буџет
Европските лидери предупредуваат дека на дводневниот Самит на ЕУ во Брисел ќе се водат тешки разговори за новиот седумгодишен буџет на 27-члената Унија. Британскиот премиер Дејвид Камерон рече дека на Самитот нема да има договор без дополнителни кратења. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека позициите на земјите членки „сè уште се сосема различни“. Почетокот на самитот беше одложен за неколку часа за да се остави простор за билатерални разговори за наоѓање решение. Велика Британија, Германија и земјите од северот на Европа инсистираат на намалување на трошоците на ЕУ, за да се пресликаат кратењата на националните буџети. Државите од јужна и источна Европа, пак, бараат да продолжи поддршката за посиромашните земји-членки. Оригиналниот буџет од 1 билион евра предложен од Европската комисија веќе е скратен на 943 милијарди евра.
Отфрлени обвиненијата против поранешниот грузиски министер за одбрана
Апелациониот суд во Тбилиси го отфрли и последното обвинение против поранешниот министер за одбрана Иракли Окруашвили. Обвинението беше за небрежност поради купување погрешна муниција. Минатиот месец судот ја укина 11 годишната затворска казна на која во отсуство Окруашвили беше осуден во 2008 година поради поткуп. Тој избега од Грузија во 2007 година, но се врати во земјата во ноември минатата година, откако новата влада почна истрага против поранешни функционери во Министерството за внатешни работи. Минатиот месец беа повлечени обвиненијата против Окруашвили за злоупотреба на функцијата, нелегални бизнис активности и за формирање нелегална вооружена група. Тој денеска рече дека ќе бара јавно и лично извинување од претседателот Михаил Саакашвили поради „прогонот“.
Попоски се сретна со амбасадорите на земјите од ЕУ и НАТО
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретна со амбасадорите на земјите – членки на Европската унија и НАТО во Македонија. Тој ги презентира чекорите што ги презема Владата во пресрет на заклучоците од декемврискиот Самит, соопшти Министерството за надворешни работи. Попоски потенцирал дека фокусот на Владата е насочен кон преземените иницијативи за добрососедство.
Лозарите и денеска го блокираа патот Градско - Прилеп
Лозарите и денеска, четврти ден по ред, го блокираа патот Градско - Прилеп кај Росоман, со барање да им бидат исплатени над 600 илјади евра за предаденото грозје во винарската визба Винеа во изминатите неколку години. Винарите се против продажбата на винарницата оти стравуваат дека со парите од продажбата ќе бидат намирени обврските кон другите доверители, но не и кон нив.
Унгарија најави дипломатски мерки против Романија
Унгарија ќе преземе дипломатски мерки во врска со забраната од страна на Романија да се постави знамето на Секуите(етнички Унгарци, кои населуваат три округа во централна Романија) на јавните згради, изјави државниот секретар на унгарското Министерство за надворешни работи Жолт Немет за унгарското државно радио Кошут. Тој додаде дека мерките ќе бидат соопштени во текот на денешниот ден. Унгарија е отворена за преговори со Романија за оваа тема, посочи
унгарскиот претставник, меѓутоа, ја повтори позицијата на унгарското МНР дека Романија е таа што треба да го реши проблемот.
унгарскиот претставник, меѓутоа, ја повтори позицијата на унгарското МНР дека Романија е таа што треба да го реши проблемот.
Грчката економија може да тргне напред кон крајот на годинава
Заздравувањето на грчката економија може да започне кон крајот на оваа година, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас. Тој предупреди дека 2013 година ќе биде „една многу тешка година“, нагласувајќи дека се очекува намалување на каматите на грчките обврзници и враќање на парите во грчките банки. Стурнарас рече дека проблемот со заздравувањето на грчката економија не може да се реши со дополнителни рестрикции, туку со „раст и приватизација“.
Резолуцијата за Косово помина во Комисијата за надворешна политика на ЕП
Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент денеска со големо мнозинство гласови ја усвои финалната верзија на Резолуцијата за Косово, со која се поддржува ставот на Европската комисија дека потпишувањето на договор за стабилизација и асоцијација со Приштина нема да значи прејудицирање на косовскиот статус. Истовремено, во текстот се нагласува дека поделба на Косово не доаѓа предвид, а петте членки на ЕУ кои не ја признале независноста на Косово се повикуваат да го сторат тоа.
Комисијата денеска усвои и Резолуција со која на Србија и се дава силна поддршка во процесот на евроинтеграции, а Европскиот совет се повикува на Белград што поскоро да му одреди датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, под услов реформите и дијалогот со Приштина да продолжат. Конечното усвојување на резолуциите за Србија и за Косово се очекува на пленарната седница на ЕП на 14 март во Стразбур.
Комисијата денеска усвои и Резолуција со која на Србија и се дава силна поддршка во процесот на евроинтеграции, а Европскиот совет се повикува на Белград што поскоро да му одреди датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, под услов реформите и дијалогот со Приштина да продолжат. Конечното усвојување на резолуциите за Србија и за Косово се очекува на пленарната седница на ЕП на 14 март во Стразбур.
Теута Арифи во официјална посета на Тирана
Вицепремиерката за евро-интеграции, Теута Арифи денеска престојуваше во официјална посета на Тирана на покана на нејзината албанска колешка Мајлинда Брегу. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, за време на средбата станало збор за унапредување на евроинтеграциските процеси преку продлабочување на билатералните односи на двете земји на повеќе полиња, а особено преку размена на искуства за процесот на евроинтеграција.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете