Вести
Нападнат дански писател - критичар на исламот
Данските медиуми објавија дека непознат напаѓач пукал во данскиот писател и историчар Ларс Хедегаард, кој е познат критичар на исламот, но го промашил. Напаѓачот дошол во неговата куќа претставувајќи се дека носи пакет и кога му била отворена вратата испукал најмалку еден куршум. Полицијата соопшти дека нема поврдени, но не кажа дали писателот бил мета на нападот. Хедегаард е претседател на Данското друштво за слобода на говор што органира јавни собири и предавања на кои се критикува исламот. Данските власти лани го казнија писателот со 1.000 долари поради навредливи коментари за муслиманите.
Бугарија го обвини Хезбулах за ланскиот бомбашки напад во Бургас
Министерот за внатрешни работи на Бугарија Цветан Цветанов ја обвини либанската милитантна организација Хезбулах за бомбашкиот напад врз туристички автобус во Бургас во јули минатата година во кој загинаа петмина израелски туристи и возачот на автобусот. Цветанов рече дека во нападот учествувале три лица, од кои едниот имал оригинален канадски, а едниот оригинален австралиски пасош. Тој рече дека има докази за финансиски врски меѓу тие двајца и Хезбулах. Израел и САД побараа од ЕУ да преземе дејствија против Хезбулах. Израел и претходно ја обвини оваа организација, но и Иран за нападот. Техеран негираше вмешаност, а Хезболах не ги коментираше обвинувањата.
Гроган - Македонија треба да донесе тешки одлуки
Надминувањето на политичката криза треба да биде приоритет за Владата и политичките партии и не смее да се дозволи таа да ја попречи иднината на земјата. Тие треба да направат се за ЕУ да има позитивна оценка. Ирското претседателство и ЕК не можат да го направат тоа, туку тоа останува на вас самите. Ова го изјави ирскиот амбасадор Оливер Гроган кој денеска во ЕУ Инфо центарот ги презентираше политиките и приоритетите на ирското претседателство во однос на процесот за проширување.
„Ова е историски момент за вашата земја, до извештајот на Комисијата остануваат неколку недели и треба да бидат донесени тешки одлуки“, рече Гроган.
Тој попладнево се сретна со вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи.

Владата ќе даде 10 илјади евра за Трескавец
Владата одлучи да се исплати еднократна интервентна парична помош во износ од 615 илјади денари, односно околу 10 илјади евра, за санирање на првичните последици од пожарот во манастирскиот комлекс Трескавец. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев попладнево изјави дека Владата го задолжила Министерството за култура најдоцна за еден месец да изработи комплетен проект за реконструкција и рестарвација на целокупниот манастирски комплекс, односно деловите кои беа изгорени во пожарот. На Министерството за транспорт и врски и на Јавното претпријатие за државни патишта им е наложено да се интензивира работата за изградба на патот кој води до манастирскиот комплекс Трескавец. Владата потоа треба да излезе со дополнителна финансиска поддршка, рече Ѓорѓиев.
Во меѓувреме, Советот за култура на опозициската СДСМ ја обвини власта за постојана негрижа за културното наследство и побара одговорност за пожарот во Трескавец од Министерството за култура и од Управата за културно наследство. Министерство за култура, пак, реагира дека СДСМ користи еден немил настан за дневно-политички цели.

Најмногу сомнителни фудбалски натпревари во Турција
Истрагата на Европол досега покажа дека има 380 сомнителни натпревари во Европа, а најголемиот број од нив - 79 се одиграни во Турција, објави италијанскиот весник „Газета дело Спорт“. Италијанскиот спортски весник наведува дека по Турција, следат Германија со 70 натпревари, Швајцарија со 41 и Финска со 32 сомнителни натпревари. Во Унгарија сомнителни се 20 натпревари, еден помалку во Белгија, а во Хрватска под истрага се 18 натпревари. На дното на списокот се Австрија со 16 и Словенија и Босна и Херцегодина со по седум сомнителни фудбалски натпревари.
Ранет претседателски кандидат не сака одложување на изборите во Ерменија
Ерменскиот претседателски кандидат Параир Хаирикиан, кој беше ранет при обид за атентат минатата недела, денеска изјави дека нема да бара од Уставниот суд да ги одложи изборите закажани за 18 февруари. Тој во петокот рече дека поради здравствената состојба може да го искористи правото да побара одложување на претседателските избори за две недели. Хаирикиан е еден од осумтемина кандидати на изборите на кои се очекува да победи актуелниот претседател Серж Саркисијан. Хаирикиан се смета за еден од аутсајдерите на изборите.
Жерновски - Провидни се обидите на власта да си формира опозиција
Претседателот на опозициската ЛДП Андреј Жерновски ги оквалификува како провидни и штетни за демократијата, како што тврди, обидите на власта да создаде своја опозиција. Се формирале нови партии и се вршеле притисоци на оние кои се членови на опозициските партии, наведе Жерновски во одговор на новинарско прашање.
Опозицискиот „Сојуз за иднината“ и денеска организира протестен авто-караван во Скопје на кој го повторија барањето за предвремени парламентарни избори.
Предлогот на претседателот Ѓорѓе Иванов за формирање експертска комисија која што ќе треба да ги расветлува инцидентите во Собранието од 24 декември, според Жерновски, може да биде еден дел од пакетот за решавање на кризата, но не и основа за нејзино надминување.

Продолжуваат разговорите за иранската нуклеарна програма
Новата рунда разговори меѓу шесте големи светски сили и Иран за нуклеарната програма на Техеран ќе се одржи во главниот град на Казахстан, Алмати, на 26 февруари. Портпаролот на шефицита за надворешната политика на ЕУ Кетрин Ештон, Мајкл Ман, потврди дека ЕУ и иранските дипломати се согласиле за времето и местото на средбите. Тој рече дека Ештон се надева дека „може да се направи конкретен прогрес кон договарањето решение за загриженоста на меѓународната заедница поради иранската нуклеарна програма“. Западните земји се сомневаат дека Техеран се обидува да произведе атомска бомба, но Иран тврди дека има цивилна нуклеарна програма. ЕУ ги координира разговорите меѓу САД, Русија, Франција, Велика Британија, Кина и Германија со Иран.
Стоковата размена со странство намалена за речиси 1 милијарда долари
Стоковата размена на Македонија со странство во 2012 година е околу 10,5 милијари долари, што е за околу 950 милиони долари помалку од претходната 2011 година, но трговскиот дефицит е речиси непроменет. Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит во 2012 од околу 2,5 милијарди долари е за околу 43 илјади евра помал во споредба со претходната 2011 година, што значи дека речиси подеднакво се намалиле и увозот и извозот.
Минатата година земјава увезла стоки во вредност од околу 6,5 милијарди долари, а извезла за околу 4 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61,5 проценти.
Најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.

Општина Прилеп издвои 16 илјади евра за Трескавец
Целото прилепско стопанство ќе ги стави сите финансиски и човечки ресурси на располагање за да се возобнови манастирот Трескавец, што изгоре во вчерашниот пожар, заклучи бизнис секторот на денешната седница на Економскиот совет на Прилеп, пренесува МИА. Општината од локалниот буџет веднаш ќе издвои еден милион денари, или околу 16 илјади евра, кои пред сè ќе се искористат за расчистување на изгорените конаци на манастирот Трескавец кои настрадаа во пожарот, соопшти градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој воедно е и претседател на Економскиот совет. Тој побара да забрза изградбата на патот до манастирот.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете