Вести
Анастасиадес победи на претседателските избори во Кипар
Лидерот на десничарската партија Демократски собир, 66-годишниот Никос Анастасиадес е нов претседател на Кипар. Конечните резултати од вториот круг на изборите што се одржуваат денеска покажуваат дека тој освоил 57,5 отсто од гласовите, за разлика од неговиот противкандидат, 45-годишниот Ставрос Малас кој ја има поддршката од комунистите, кој освоил 43,5 отсто од гласовите. Економијата беше главна тема во предизборната кампања. Анастасиадес се залага за брз договор со Европската комисија, Европската централна банка и со ММФ за спасувачки пакет од 17,5 милијарди долари што ќе ја спаси земјата од банкрот.
Уапсени 45 луѓе по протестите во Мадрид
Шпанските власти соопштија дека уапсиле 45 луѓе, меѓу кои и девет малолетници, по протестите против мерките за штедење во Мадрид. Десетици илјади луѓе протестираа против зголемувањето на даноците, намалувањето на расходите и против високата невработеност. Полицијата соопшти дека групи од младинци синоќа биле вклучени во улични насилства во близина на главната железничка станица по завршувањето на протестите. Десетици луѓе се полесно повредени. Протестите во Шпанија зачестија по серијата владини мерки за намалување на високиот дефицит.
Попушта браната на Слатинското Езеро, опасност од уривање
Дел од браната на Слатинското Езеро попушти, а големи количества вода се излваат по полето. Македонските медиуми објавуваат дека ситуацијата е алармантна, напукнатата брана може да се урне и да ги поплави околните села и нивите. Надлежните не успеаја да ги реализираат мерките за празнење на езерото. Нуркачите отворија еден испустен вентил, но после ризичните обиди се откажаа од отворањето на главниот вентил за да се намали притисокот на водата. Вториот вентил, на длабочина од 8 метри, не можел да се отвори поради неисправен механизам. Земјено насипната брана е изградена во 1963 година и во минатото се случувале напукнувања но, никогаш олку сериозни.
Карзаи бара протерување на американските специјалци
Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи му наложи на Министерството за одбрана да ги протера американските специјални единици од провинцијата Вардак за две недели. Портпаролот на претседателот, Аимал Фаизи, соопшти дека одлуката била донесена на денешниот состанок на авганистанскиот Национален совет за безбедност, поради Авганистанците што се сметаат за дел од американските специјални сили. На денешната прес-конференција во Кабул, Фаизи ги обвини американските специјални сили и нивните авганистански единици за „предизвикување несигурност, нестабилност и малтретирање на локалното население“ во провинцијата. Тој рече дека деветмина луѓе од Вардак исчезнале откако американските специјални сили спровеле воена операција во провинцијата. Авганистанските единици, пак, се обвинети за обезглавување еден студент во Вардак. Оваа провинција во последно време е во фокусот на анти-бунтовничките операции.
Испитаното млеко произведено во Македонија е безбедно
Млекото и млечните продукти произведени во Македонија, кои се во продажба и кои беа тестирани, се безбедни за употреба. Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека се работи за резултати од над 20 земени примероци, но од утре ќе се проверуваат и уште 15-ина други мостри од млеко за да се утврди присуство на афлатоксин. Директорот на Агенцијата Дејан Рунтевски рече дека резултатите од мониторингот на суровото млеко, што е уште поважно, направен на почетокот на февруари, покажува дека во ниту еден случај од земените девет мостри од девет региони во Македонија нема надминување на максимално дозволената граница прошишана во Правилникот за присуство на афлатоксин М1 од 0,05 микрограми.
„Сојузот на иднината“ најавува ревизија на локалните избори
Предвремени избори, неучество на локалните избори, враќање на мандатите на пратениците од опозицијата, ревизија на локалните избори на кои не учествува опозицијата, се дел од мерките опфатени во Декларацијата за обнова на демократијата, слободата и правдата на Македонија, која денеска ја усвои опозицискиот „Сојуз на идината“ на конвенција во Куманово. Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски рече дека отпорот ќе јакне и ќе се интензивира во целата земја, а секој глас на оние што нема да излезат на изборите нема да биде пропаднат, туку ќе претставува глас на народот. Црвенковски рече дека опозицијата инсистира на предвремени парламентарни избори.
Кери на турнеја во Западна Европа и на Блискиот Исток
Американскиот државен секретар Џон Кери денеска ја почна својата прва турнеја во странство, откако ја презеде функцијата пред три недели. Портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд соопшти дека Кери ќе ја посети Западна Европа и Блискиот Исток и ќе се сретне со клучните американски сојузници. Кери ќе ги посети Лондон, Берлин, Париз и Рим, каде што ќе присуствува на Собирот на држави што ја поддржуваат сиријската опозиција. Потоа ќе отпатува во Турција, Египет, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, за да ја заврши турнејата на 6 март во Катар. Освен Сирија, во фокусот на разговорите ќе бидат и конфликтите во Мали и во Авганистан, како и иранската нуклеарна програма.
Митрополитот Неофит е нов поглавар на Бугарската православна црква
Митрополитот русенски Неофит денеска е избран за нов поглавар на Бугарската православна црква. На изборниот црковен собир за неговата кандидатира во вториот круг гласале мнозинството членови. На претходниот, прв круг, митрополитот Неофит добил најмногу гласови (72), втор бил митрополитот Гаврил, со освоени 43 гласа, а третиот кандидат, митрополитот Галактон добил 22 гласа.
Неофит, роден како Симеон Николов Димитров на 15 октомври 1945 година, од 1989 година беше ректор на Духовната академија во Софија, од 1991 година декан на Богословскиот факултет при Софијанскиот универзитет, а од 1994 година митрополит доростолски и червенски, за после поделбата на епархијата на русенска и дорастолска, да стане митрополит русенски.
Неофит, роден како Симеон Николов Димитров на 15 октомври 1945 година, од 1989 година беше ректор на Духовната академија во Софија, од 1991 година декан на Богословскиот факултет при Софијанскиот универзитет, а од 1994 година митрополит доростолски и червенски, за после поделбата на епархијата на русенска и дорастолска, да стане митрополит русенски.
Зголеменото ниво на афлатоксини во млекото е регионален проблем
Хрватскиот министер за земјоделство Тихомир Јаковина изјави дека зголеменото ниво на афлатоксини во млекото, утврдено со лабараториски наоди, е проблем на целиот регион и на млекопроизводителите им вети помош, откако им е запрен откупот на млекото. Тој порача дека Оперативниот кризен штаб секојдневно контактира со сите производители, потенцирајќи дека на крајот е многу важно да се има и разбирање од потрошувачите.
„Во вака кризни ситуации одговорноста е на сите и мораме да направиме апсолутно сè за вакво нешто никогаш да не се повтори“, рече Јаковина.
„Во вака кризни ситуации одговорноста е на сите и мораме да направиме апсолутно сè за вакво нешто никогаш да не се повтори“, рече Јаковина.
Црвенковски - Неизлегувањето на избори е глас на народот
Отпорот ќе јакне и ќе се интензивира во целата земја, а секој глас на оние што нема да излезат на изборите нема да биде пропаднат, туку ќе претставува глас на народот, порача претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски на денешната конвенција на опозицискиот „Сојуз за иднината“ во Куманово.
„Од Никола Груевски, до секоја шуша, единствена грижа им е кога и како ќе се повлечам. Решиле СДСМ од мене да ја спасуваат. Дваесет години од мене се комплексираат и фрустрираат. Да им порачам и до мај и по мај, бил или не претседател, од мене за вас спас нема“, рече Црвенковски.
Јасно е дека власта ја помина црвената линија - донесе буџет на противуставен начин, брутално исфрли новинари и опозоционери и не покажа чувство за одговорност, вели Црвенковски, и затоа бараме предвремени парламентарни избори зашто државата му припаѓа на народот, само тој може да одлучи.
„Од Никола Груевски, до секоја шуша, единствена грижа им е кога и како ќе се повлечам. Решиле СДСМ од мене да ја спасуваат. Дваесет години од мене се комплексираат и фрустрираат. Да им порачам и до мај и по мај, бил или не претседател, од мене за вас спас нема“, рече Црвенковски.
Јасно е дека власта ја помина црвената линија - донесе буџет на противуставен начин, брутално исфрли новинари и опозоционери и не покажа чувство за одговорност, вели Црвенковски, и затоа бараме предвремени парламентарни избори зашто државата му припаѓа на народот, само тој може да одлучи.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете