Достапни линкови

Вести

Силен земјотрес во Јапонија, нема жртви

disputed islands in the East China Sea, 25Sep2012
disputed islands in the East China Sea, 25Sep2012
Јапонската метеоролошка агенција денеска информираше дека земјотрес со јачина од 6,6 степени денеска ги погодил северноисточните делови од земјата. Агенцијата соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во северниот остров Хокаидо, на морска длабочина од 120 километри. Нема информации за можни штети. Нема предупредување од властите дека е можно цунами.

Иванов: НАТО од РМ направи кандидат за гинис

Ова го изјави македонскиот шеф на државата, Ѓорге Иванов на конференцијата за безбедност во Минхен. Имаме 14 акциски планови за членство, 18 ротации на македонски мировници во Авганистан, а ги имаме сите обврски и ризици како учесници, меѓутоа, немаме ниту една привилегија.
„Затоа сме незадоволни од НАТО. ЕУ најде начин да биде иновативна и креативна, отвори дијалог на високо ниво... Ќе се радуваме ако има таква креативност и од НАТО. Алијансата сепак е архитектура која треба да се гради“, е пораката што ја упати македонскиот претседател Иванов на сесијата на која учествуваа и претседателите на хрватска Иво Јосиповиќ, на Азербејџан Илхам Алиев и МНР на грзија и на Казахстан Маја Панџикидзе и Ерлан Идрисов, а претседаваше Марти Ахтисари.

Беџети:измените во изборниот законик продолжуваат

Измените на Изборниот законик не е завршено прашање, напротив во однос на таа тема продолжува да се работи во континуитет, посочува во интервју за МИА, министерот за правда Блерим Беџети.Тој додаде дека континуирано се работи со цел да бидат вградени сите препораки дадени од ОБСЕ/ОДИХР вклучувајќи го и гласањето на дијаспората која, како што вели, претставува приоритет на Владата на Република Македонија.
Членовите на Работната група, како што посочи, побарале прво да заврши постапката во Собранието, каде на предлозите беа доставени повеќе амандмани. Министерството за правда, односно Владата на Република Македонија ќе направи се што е во рамките на нејзината надлежност во однос на продолжување со работа на Работната група, вели Беџети.

Можни одрони на неколку патни правци

Mожни се зачестени одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес, соопштија од Македонија пат. Оттаму велат и дека редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци. Инаку, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно, во зимски услови, по претежно суви коловози, соопшти ЈП „Македонија пат“.

ДХКП-Ц презеде одговорност за нападот во Анкара

Турската илегална левичарска милитантна група Револуционерна партија-фронт за народно ослободување (ДХКП-Ц) денеска презеде одговорност за вчерашниот самоубиствен бомбашки напад врз Американската амбасада во Анкара, при што загинаа две лица.
„Нашиот борец Алисан Санли на 1 февруари 2013 година се жртвуваше влегувајќи во Амбасадата на САД, кои убиваат луѓе ширум светот, се нaведува во соопштението објавено на интернет сајтот на ДХКП-Ц.“
Претходно, и турските власти инфромираа дека напаѓачот бил припадник на ДХКП-Ц, но не го соопштија неговото име.

Протести против српскиот јазик во Вуковар

Во хрватскиот град Вуковар денеска се одржа нов протест поради воведувањето на српскиот јазик и неговото кирилично писмо во службена употреба во вуковарската општина. Mеѓу демонстрантите најбројни беа ветераните од војната од 1991 до 1995 година.Според пописот на населението од 2011 година, 34.87 проценти од жителите на Вуковар се Срби, со што согласно хрватското законодавство, српскиот јазик и неговото писмо можат да се користат во службена употреба во општината.

Египет:Полицијата ја чува претседателската палата

Египетски полицајци се распоредени во близина на претседателската палата во Каиро бидејќи протестите продолжија и по целоноќешните насилни судири меѓу безбедносните сили и активистите на опозицијата. Демонстрантите денеска фрлаа камења и шишиња по поворката со која египетскиот премиер, Хишам Кандил се обиде да се појави на плоштадот Тахрир каде што неколку илјади демонстранти се собраа во текот на ноќта како дел од националните протести во кои до сега загинаа 60 лица. Едно лице загина а стотина се повредени откако безбедносните сили употребија солзавец и водени млазеви за да се изборат со протестите против како што велат монополската моќ на претседателот Мухамед Морси.

Шпанскиот премиер демантираше учество во аферата

Шпанскиот премиер, Маријано Рахој демантираше дека добивал нелегано пари од градежните фирми и најави дека ќе објави извештај за своите приходи. Тој исто така рече дека не се занимава со политка поради пари. Шпанските медиуми го објавија премиерот Рахој како еден од политичарите кои добивале нелегално пари од градежните фирми, односно дека поранешниот благајник Луис Барсенас им доставувал парични бонуси на партиските лидери.

Сомнежи за иранското лансирање мајмун во вселената

Постојат нови сомнежи дека Иран испратил мајмун во вселената и го вратил назад минатава недела. При прегледот на сликите кои ги достави Tехеран за своите орбитални достигнувања, се забележуваат два различни мајмуни. Оригиналниот има светло крзно , црвена крт над десното око а а тој што се вратил има темно крзно. Американскиот стејт департмент рече дека нема потврда дека лансирањето се случило.

Индија: Обвинетите за силување пред судот

Петмината обвинети за силување и убиство на студентка во автобус во Њу Делхи се изјаснија за невини во случајот што ја вознемири цела Индија. Тие беа сослушувани зад затворени врати а расправата околу исказите на сведиците, судот ќе ја започне во вторник. Обвинителството рече дека има силни докази кои вклучуваат окрвавена облека, ДНК анализи и изјави на сведоци. Студентката почина две недели по настанот во болница во Сингапур.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG