Вести
ЕУ ги заостри санкциите против Северна Кореја
ЕУ ги заостри санкциите против Северна Кореја по нуклеарната проба изведена минатата недела. Ова го договорија министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ на денешниот состанок во Брисел. ЕУ ги проширува санкциите воведени од Советот за безбедност на ОН во јануари. Северна Кореја на 12 февруари изврши трета нуклеарна проба.
Црвенковски - Ако се реши името, нема да бараме парламентарни избори
Не е издржан аргументот дека не треба да има парламентарни избори во 2013 за да се даде шанса на процесот на решние на спорот за името и дека ако има избори тоа ќе се поремети, рече претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски во интервју за интернет-порталот Нова ТВ. Тој рече дека власта го одбила предлогот на СДСМ, ако се реши името, да нема предвремени избори.
„Ако навистина се деблокираат евроатлантските интеграции и ако Македонија навистина стане членка на НАТО и ги почнеме преговорите со Европската унија, тогаш ние се откажуваме од предвремените парламентарни избори“, рече Црвенковски.
Во однос на кандидирањето на Стевчо Јакимовски за градоначалник на Карпош, тој рече дека од таа одлука ќе се срами и Јакимовски и неговото семејство.
Црвенковски рече дека во изминатиов период од страна на власта биле одбиени сите нивни предлози за надминување на политичката криза.

Кацин - Србија може да биде лидер во Западен Балкан
Србија, како најголема земја на Западен Балкан, може да биде лидер во регионот, оцени известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин, истакнувајќи дека е дојдено време Белград да стане „мотор на напредокот на Западен Балкан“. Тој нагласи дека Белград предолго бил сопирачка, оценувајќи дека „Србија, Црна Гора и Косово географски, економски и историски се упатени едни кон други“. Кацин потсети дека Надворешно-политичкиот комитет на ЕП во третата недела од март повторно ќе го разгледа извештајот за напредокот на Србија.
По протестите, Бугарија ги чешла електродистрибутивните компании
Бугарските власти покренаа контрола во тамошната електродистрибутивна компанија, која е во сопственост на чешкиот ЧЕЗ. Доколку бидат пронајдени неправилности во работата на компанијата, можно е да и биде одземена лиценцата на ЧЕЗ, јавуваат бугарските медиуми. ЧЕЗ негира дека имало неправилности во работата и ја критикува политизацијата на целиот проблем.
Чешката компанија во јануари ја загуби лиценцата за дистрибуција на електрична енергија во Албанија.
Слични контроли се спроведуваат и во дистрибутивното претпријатие во сопственост на чешката фирма Енерго-Про и во австриската ЕВН. Сите три дистрибутери се на удар на критикита поради високите јануарски сметки за струја, против кои илјадници Бугари протестираа изминатите денови.
Министерот за правда и енергетика Дељан Добрев ја исклучи можноста Владата да ги национализира дистрибутивните претпријатија, што е едно од барањата на демонстрантите.
Бугарскиот министер за финансии Симеон Џанков денеска поднесе оставка од функцијата, по масовните демонстрации против политиката на владата и високите сметки за струја.

Исламисти киднапирале странски градежници во Нигерија
Исламистичка организација ја презеде одговорноста за киднапирање седуммина странци во Нигерија. Организацијата која се нарекува Ансару е-маилед испрати соопштение до медиумите во кое се наведува дека организацијата држи „седум лица, Либанци и нивните странски колеги“. Милитантите нападнале едно градилиште во северна Нигерија доцна во саботата при што наводно убиле еден од чуварите. Меѓу заложниците има Британец, Грк, Италијанец и четворица Либанци. Исламистите наведуваат дека киднапирањата се одмазда против европските држави за „злосторствата кон религијата на Алах“ во Авганистан или во Мали.
Ограбена Јованка Броз
Засега непознати лица во текот на вчерашниот ден го ограбиле домот на Јованка Броз, вдовица на претседателот на некогашна СФР Југославија, Јосип Броз - Тито. Како што соопшти денеска српската полиција, крадците упаднале во куќата што се наоѓа во белградската елитна населба Дедиње и украле засега неутврден број вредни предмети. Истрагата околу грабежот е во тек, се наведува во полициското соопштение, без да се соопштат повеќе детали за целиот случај.
Дачиќ и Тачи утре на нова рудна разговори во Брисел
Петата рунда од политичкиот дијалог под патронат на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон почнува утре во Брисел, а главна тема ќе бидат институциите на северот на Косово и статусот на офицерите за врска во Белград и Приштина. Премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, ќе се состанат утре околу пладне, прво одвоено со Ештон, а потоа на заеднички ручек, по што дијалогот и формално ќе почне, објави Танјуг повикувајќи се на извори од Европската комисија.
Чешки политичари на просрпските демонстрации во Чешка
На демонстрациите во чешкиот главен град, што здружението „Пријатели на Србите на Косово“ ги организира секоја година на денот на годишнината на прогласувањето на независност на Косово, присуствувале и чешки пратеници, објави порталот „Парламентни листи“. Сенаторот Јарослав Дубрава ги обвинил поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш и американската државна секретарка Медлин Олбрајт како главни иницијатори за состојбата на Србите во Косово. Новиот чешки претседател Милош Земан во предизборната кампања пред еден месец рече дека Косово е терористички режим кој се финансира од нарко-мафија.
НАТО ги распореди противракетните системи Патриот во Турција
НАТО заврши со распоредувањето на шестте системи за противракетна одбрана „Патриот“ во Турција, соопшти денеска претставник на прес-службата на НАТО. Распоредувањето на ракетните комплекси е целосно завршено, сите комплекси се во оперативна готовност, изјави претставникот на Алијансата. Во декември 2012 година во Брисел министрите за надворешни работи на земјите од НАТО официјално одобрија распоредување на ракети „Патриот“ во Турција со цел за заштита од евентуални ракетни напади од Сирија. САД, Германија и Холандија испратија по два ракетни системи и 350 војници во рамките на мисијата, која е предвидено да трае околу една година.
Ангелов - Поранешен командант на ОНА не смее да ја води одбраната
Претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не му дадат поддршка на Талат Џафери да стане нов министер за одбрана. На прес-конференција пред Собранието, Ангелов рече дека Џафери не треба да раководи со одбраната затоа што е поранешен командант на ОНА кој пред 12 години ја нападна Македонија. Изборот на Џафери, според него, е понижување на македонските бранители.
„Ги повикувам сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои во срце останале вистински вмровци и за кои сум убеден дека сè уште ги има во ВМРО-ДПМНЕ. Соберете се барем десетина и не гласајте за овој понижувачки предлог. Само 9 вистински вмровци од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се доволни за да се избегне оваа национална катастрофа“, рече Ангелов.
Собранието денеска треба да избере нови министри. По оставките на Теута Арифи од евроинтеграции и Невзат Бејта од локална самоуправа, премиерот Никола Груевски предложи министерот за одбрана Фатмир Бесими да ги преземе евроинтеграциите, на негово место да дојде пратеникот Талат Џафери, а актуелниот-заменик министер за транспорт и врски Тахир Хани треба да биде нов министер за локална самоуправа. Промени ќе има и на заменик-министерските места. Арифи и Бејта поднесоа оставки, затоа што се кандидираа за градоначалници на Тетово, односно Гостивар.

Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете