Достапни линкови

Вести

Кипар може да добие претседател уште во првиот круг

Кипар.
Кипар.
Излезните анкети покажуваат дека конзервативниот лидер, 66-годишниот Никос Анастасиадес убедливо води на претседателските избори што се одржаа денеска и оти може да освои победа уште во првиот круг. Според анкетите, Анастасиадес освоил меѓу 49,6 и 52,6 проценти од гласовите. За победа во првиот круг се потребни повеќе од 50 отсто од гласовите. Независниот кандидат Ставрос Маљас кој ја има поддршката на комунистите, освоил 27,3 отсто од гласовите, а Георге Лиликас освоил околу 18 отсто. Главно прашање во кампањата беше како да се спаси земјата од банкрот. Анастасиадес вети брз договор за спасувачки пакет со ЕУ и со ММФ.

Масовни протести против високите сметки за струја во Бугарија

Илустрација.
Илустрација.
Десетици илјади луѓе протестираат ширум Бугарија против високите сметки за струја. Демонстрантите во 20 градови бараат оставка од владата и национализација на фирмите за дистрибуција на струја. Тие фрлаат со камења, петарди, шишиња, јајца и домати кон канцелариите на електродистрибутивните компании во пет градови и ги палат сметките за струја. Околу три илјади демонстранти во Софија блокираа неколку улици. Локалните медиуми јавуваат дека демонстрантите, меѓу кои има и жени и деца, се судриле со полицијата кога се обиделе да влезат во претставништвото на чешката компанија ЧЕЗ која ја снабдува со струја Софија и северозападна Бугарија.

Дијалог за окончување на кризата во Сирија?

Пратеникот на ОН и на Арапската лига за Сирија Лахдар Брахими.
Пратеникот на ОН и на Арапската лига за Сирија Лахдар Брахими.
Пратеникот на ОН и на Арапската лига за Сирија Лахдар Брахими изјави дека го поддржува повикот за дијалог на сирискиот опозициски лидер Муаз ал-Хатиб за окончување на конфликтот во земјата. Брахими оцени дека повикот на претседателот на опозициската коалиција „ги отвора вратите и ја предизвикува сиријската влада да ги исполни своите често повторувани тврдења дека е подготвена за дијалог и за мирно решение“. Брахими ова го изјави по разговорите со шефот на Арапската лига Набил Елараби.

Милетиќ - Свесен сум дека нанесов штета на опозицијата

Драгиша Милетиќ, претседател на Српската напредна странка во Македонија.
Драгиша Милетиќ, претседател на Српската напредна странка во Македонија.
Свесен сум дека со оваа моја постапка нанесов штета на „Сојузот за иднината“, иако лично верувам и целосно сум убеден во исправноста на одлуката за бојкот на локалните избори. Ова е ставот што денеска го објави Драгиша Милетиќ во врска со реакциите кои ги предизвикаа кандидатурите на Српска напредна странка. Како пратеник, стои во писмената реакција, ја потпишав оставката и истата ќе ја депонирам во Собранието на денот на одржување на локалните избори.

„Јас лично до крај ќе се залагам и борам за зедничките цели на здружената опозиција и останувам дел од Сојузот за иднината“, стои во писмената реакција од Милетиќ.

Неговата партија поднесе советнички листи во општините Куманово, Старо Нагоричане и Карпош, а актуелниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски токму преку партијата на Милетиќ ќе се бори за нов мандат.

И партијата ПЕИ на Фиат Цаноски не ги бојкотира изборите. Партијата истакнала свој кандидат за градоначалник и советничка листа во општина Маврово-Ростуше.

Владата жали поради опозицискиот бојкот на локалните избори

Александар Ѓорѓиев, портпарол на македонската влада.
Александар Ѓорѓиев, портпарол на македонската влада.
Владата жали и е разочарана од одлуката на опозицијата за бојкот на локалните избори, рече владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Тој рече дека изборите не може да се одложат и ќе се одржат на 24 март и дека владата гарантира дека ќе бидат организирани согласно сите меѓународни стандарди, односно ќе обезбедуваат услови тие да бидат фер, слободни и демократски.

На новинарско прашање да ја коментира поднесената кандидатура за градначалник од Стевчо Јакимоски, владиниот портпарол истакна дека како Влада е некоректно да се коментираат поединечни одлуки за искористување на демократското право за учество во избори. Тој посочи дека тоа пред сè е работа на политичките партии, поединци и субјекти.

НАТО ќе ги почитува барањата на Карзаи

Американскиот генерал Џозеф Данфорд.
Американскиот генерал Џозеф Данфорд.
Командантот на силите на НАТО во Авганистан изјави дека Алијансата ќе ја почитува желбата на претседателот Хамид Карзаи да им забрани на авганистанските сили да бараат воздушна поддршка од НАТО кога се борат против бунтовниците во населени места. Американскиот генерал Џозеф Данфорд, кој го презеде командувањето со силите на НАТО пред една недела изјави дека странските сили се подготвени да овозможат поддршка во согласност со барањата на претседателот.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи вчера изјави дека на авганистанските безбедносни сили ќе им биде забрането да бараат помош од НАТО за извршување на воздушни напади во населени места.

Претседателски избори во Кипар

Кипар.
Кипар.
Претседателски избори се одржуваат денеска во Кипар. Битката за претседателската функција се води меѓу тројца кандидати, а најважно прашање во кампањата беше како да се спаси државата од банкрот. Според првичните прогнози, фаворит за функцијата е десноориентираниот кандидат, лидерот на главната опозициска партија Демократски збор, 66-годишниот Никос Анастасиадис, за кого се подготвени да гласаат околу 40 отсто од Кипарците. Тој ветува брз договор со ЕУ и со ММФ за спасувачки пакет за земјата. Главен противкандидат на Анастасиадис е кандидатот на левите сили Ставрос Малас. Тој учествува како независен кандидат, но ја има поддршката на Прогресивната партија на работниот народ на Кипар, наследничка на комунистичката партија. Третиот во претседателскиот натпревар е Јоргос Лиликас, независен кандидат, кој ја има поддршката на Движењето на социјалдемократите. Во случај денеска да нема победник, на 24 февруари ќе има втор круг. Кипар има претседателски систем на управување, во кој шефот на државата ја има и извршната власт.

СДСМ - Предавнички чин од Јакимовски со позајмен печат

Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош.
Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош.
Кукавички и предавнички чин е кандидирањето на Стевчо Јакимовски за градоначалник на општина Карпош, реагира СДСМ. Тие соопштуваат дека неговата кандидатура е спротивна на одлуките на партиите од „Сојузот за иднината“ и дека од денеска Јакимовски повеќе не е член на СДСМ.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека во изминативе денови, власта на секаков можен начин се обидуваше преку злоупотреба на државните институции, закани, уцени, па дури и со непристојни понуди, да убеди некој кандидат или партија од здружената опозиција да одигра епизодна улога за Никола Груевски. Нема никакви дилеми дека тоа единствено им успеа со Стевчо Јакимовски, новиот глумец на „фамилијата“, кој со задоволство ја прифати улогата на тројански коњ. За жал, од вчера во Карпош, ВМРО-ДПМНЕ има двајца свои кандидати за градоначалник“, реагира СДСМ во соопштение до јавноста.

Дојче веле, пак, објави дека од СДСМ велат дека претседателот на Српската напредна странка во Македонија Драгиша Милетиќ синоќа му се јавил на највисокото партиско раководство и им потврдил дека и натаму останува во опозицискиот блок и дека ја потврдува оставката на пратеничкиот мандат депонирана во СДСМ. Тој објаснил дека бил замолен од Стевчо Јакимовски само да му го даде партискиот печат на СНСМ, во име на претходна соработка и пријателска услуга.

„За тврдењето дека Српска напредна странка на Македонија само му го изнајмила печатотот на Јакимовски сведочи и факот што на листа на Јакимовски нема ниеден Србин, а има Албанци“, велат од СДСМ за Дојче веле.

Јахјага - Независноста на Косово е неповратна

Претседателката на Косово Атифете Јахјага.
Претседателката на Косово Атифете Јахјага.
Независноста на Косово е неповратна, рече претседателката Атифете Јахјага во телевизиското обраќање по повод петгодишнината од прогласувањето независност по отцепувањето од Србија. Таа рече дека „Република Косово е непобитна реалност“.

Со бомбардирањето на НАТО во пролетта 1999 година од Косово беа истерани српските сили, отворајќи го на тој начин патот за независноста, што беше прогласена на 17 февруари 2008 година со поддршката на САД и на мнозинството од земјите од ЕУ.

Независноста на Косово досега ја признаа од околу 100 држави.

Србија не го признава Косово, но нормализирањето на односите со Приштина е услов за продолжување на евроинтеграциите на Србија.

Повеќе од една третина од 1,8 милиони жители на Косово живеат со помалку од еден долар на ден, а БДП-то од 2.600 евра по жител е едно од најмалите во Европа.

Маскирани Грци запалиле фабрика за злато

Илустрација.
Илустрација.
Околу 40 маскирани лица измината ноќ ги нападнаа канцелариите и машините на компанијатаа за преработка на злато во северна Грција, пренесоа агенциите. Во местото Скурос на полуостровот Халкидики постои силен отпор против проектот за изградба на рудник за злато и фирма која ќе го преработува. Локалните жители сметаат дека тоа ќе ја уништи животната средина. Рударската компанија „Хелас Голд“ е во 90-процента сопственоста на канадската рударска компанија „Елдорадо Голд“. Пожарникарите и полицијата изјавија дека напаѓачите во објектот влегле утринава пред изгрејсонце и употребиле молотови коктели и запаллива течност, за да ги потпалат машините и контејнерите, употребувани како канцеларии.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG