Вести
Грузиски пратеници се степаа на ТВ дебата
Двајца грузиски пратеници се степаа на телевизиска дебата. Тоа ја покажува затегнатоста во односите меѓу владејачката партија на премиерот Бидзина Иванишвили и опозицијата на претседателот Михаил Саакашвили. Во синоќешната емисија во живо, пратениците прво си разменувале навреди, а потоа почнале да се „објаснуваат“ и со тупаници, по што дошло обезбедувањето и ги раздвоило. Партијата на претседателот Саакашвили ја изгуби власта на парламентарните избори што се одржаа во октомври.
Ештон бара ослободување на Мусави и Каруби
Шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон ги повика иранските власти да ги ослободат опозициските лидери Мир Хосеин Мусави и Мехди Каруби од домашен притвор. Ештон наведува дека е многу загрижена што тие се затворени веќе две години. Таа бара од иранските власти да им дозволат слобода на движење. Мусави и Каруби му беа противкандидати на претседателот Махмуд Ахмадинеџад на претседателските избори во 2009 кога тој го доби вториот претседателски мандат. Тие тврдеа дека изборите се фалсификувани. Двајцата беа затворени на почетокот на 2011 година.
Заедничка стратегија за борба против тероризмот во Пакистан
Претставници на политичките и верски партии во Пакистан се согласија за заедничка стратегија за борба против тероризмот на собирот во Исламабад. Во едногласно усвоената декларација се наведува дека „постигнувањето мир преку дијалог треба да биде главен приоритет“ и дека проблемите со тероризмот треба да се решаваат во согласност „со Уставот, законите и безбедноста и суверенитетот на државата“. Конференцијата се одржува откако забранетата исламистичка организација Техрик-е Талибан Пакистан понуди условни мировни разговори со владата.
СДСМ незадоволен од отфрлањето на иницијативата на АМАН
СДСМ е незадоволен од начинот на кој Собранието ја отфрли иницијативата на Граѓанското здружение АМАН за промена на Законот за енергетика и за враќање на евтината дневна тарифа за електричната енергија. Наместо да ги штити интересите на граѓаните, Регулатирната комисија за енергетика стана битна
компонента во штитењето на бизнисот на моќните од една страна и осиромашувањето на граѓаните од друга страна, изјави Јани Макрадули од СДСМ на дешната прес-конференција пред Комисијата. ВМРО-ДПМНЕ ги оценува изјавите на Макрадули како непринципиелни и прашува со кое лице претставници на СДСМ говорат за енергетиката во Македонија, потсетувајќи дека токму СДСМ го приватизираше ЕСМ.

Белорусија не сака да регистрира геј-организација
Белоруското Министерство за правда одби законски да регистрира организација за правата на хомосексуалците во Минск. Организацијата на својата интернет страница gaybelarus.by објави дел од писмото од Министерството во кое се образложува одлуката.
Во писмото се наведува дека „организацијата во својот статут нема членови за поддршка на социјалната зрелост и сеопфатниот развој на белоруската младина“. Во статутот на организацијата се вели дека главните активности ќе им бидат поврзани со одбрана на правата на хомосексуалците, бисексуалците и трансексуалците.
Организацијата, која не може легално да работи ако не е регистрирана од Министерството за правда, најави дека ќе се жали пред Врховниот суд.
Иако хомосексуалноста во Белорусија беше декриминализирана по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, хомофобијата е сè уште голема.

Фудбалерите ќе играат пријателски натпревар со Норвешка
Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Норвешка на 11 јуни во Осло. За селекторот на „црвено-жолтите“ Чедомир Јаневски, натпреварот против скандинавската селекција е одлична можност нашата репрезентација да го продолжи континуитетот на добри резултати. Македонија има еден нерешен резултат и еден пораз од Норвешка во
претходниот циклус квалификации за СП. На ранг листата на ФИФА Норвешка е на 27 место, а Македонија е на 78 позиција.
претходниот циклус квалификации за СП. На ранг листата на ФИФА Норвешка е на 27 место, а Македонија е на 78 позиција.
Русија распишува потерница по грузиски пратеник
Рускиот истражен комитет соопшти дека грузискиот пратеник Гиви Таргамадзе е обвинет во отсуство за организирање масовни нереди во Русија. По него ќе биде распишана потерница. Русија добила известување од Грузија дека тој нема пратенички имунитет. Провладина телевизија во Русија во октомври објави документарец во кој се тврди дека Таргамадзе се сретнал со рускиот опозициски активист Сергеј Удалцов да испланираат протести во Москва. По емитувањето на филмот. Удалцов и двајцата опозициски активисти Константин Лебедев и Леонид Развожајев, беа обвинети за организирање насилни антивладини протести на плоштадот Болотнаја во Москва во мај минатата година. Тројцата, како и Таргамадзе, ги отфрлаат обвинувањата.
ВМРО-ДПМНЕ: Нема одложување на локалните избори
Информациите објавени во јавноста за можен договор за предвремени парламентарни избори и за одложување на локалните избори се шпекулации и апсолутно неточни, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во денешната реакција. Локални избори ќе се одржат во со Устав и закон предвидениот термин 24 март 2013 година, а рокот за поднесување на партиските кандидатури завршува на 16 февруари 2013, потенцира ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.
Невработеноста во Грција достигна 27 отсто
Стапката на невработеност во Грција во ноември 2012 година достигна 27 отсто, покажуваат податоците на Националната статистичка служба ЕЛСТАТ. Во тој месец без работа биле 1.350.181 лице, што е за 323.808 повеќе отколку во ноември 2011 година.
Иванов - Ќе видиме што ќе правиме со политичката криза
Претседателот Ѓорге Иванов најави можности за преземање нови активности за надминување на актуелната политичка состојба во државата.
„Да видиме деновиве што ќе се случи, кога поминуваат сите рокови, а подоцна ќе направиме анализа и ќе видиме што може да се преземе за надминување на состојбата“, рече претседателот Иванов одговарајќи на новинарско прашање за актуелната политичка состојба во државата и неговата иницијатива за формирање експертска комисија.
Иванов денеска беше на лозовите насади во Хамзали, општина Босилово, и присуствуваше на прославата на православниот празник Свети Тирифун - заштитник на лозарите.

Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете