Вести
Косово - поради изборни инциденти приведени 18 лица
Косовската полиција соопшти дека се покренати 7 предмети поради попречување на изборниот процес на Косово. При тоа биле повредени 18 лица.
портпаролот Брахим Садриу изјави дека станува збор за полесни повреди на процесот во регионите на Приштина, Подуево, Липљан и Глоговац.
При тоа имало и притисоци да се гласа за одреден политички субјект.
портпаролот Брахим Садриу изјави дека станува збор за полесни повреди на процесот во регионите на Приштина, Подуево, Липљан и Глоговац.
При тоа имало и притисоци да се гласа за одреден политички субјект.
Излезност од 33 проценти до 15 часот на изборите во Косово
Централната изборна комисија во Косово соопшти дека излезноста до 15 часот била над 33 проценти. Најслаба излезност имало во северниот дел на Митровица, каде жителите се жалеле на закани за да не гласаат. Шефот на изборната комисија Валдете Дака изјави за сервисот на Радио Слободна Европа во Косово дека одредени групи во севрениот дел на земјата не им дозволуваат на граѓаните да гласаат. Србите од северниот дел исто така спроведувале и кампања за бојкот на изборите.
Најмала излезност на изборите во Митровица
Централната изборна комисија во Косово соопшти дека излезноста до 11 часот утрината била 12 проценти. Најслаба излезност од 3 отсто имало во северниот дел на Митровица. Шефот на изборната комисија Валдете Дака изјави за сервисот на Радио Слободна Европа во Косово дека одредени групи во северениот дел на земјата не им дозволуваат на граѓаните да гласаат. Србите од северниот дел исто така спровеле кампања за бојкот на изборите.
Штрајк со глад во Иран
Четворица ирански политички затвореници, меѓу кои и проминетниот адвокат за човекови права Абдолафатах Солтани започнале штрајк со глад поради лошите услови во затворите. Неговата ќерка Маеде изјави за Радио Фарда дека протестот е поради недостигот на медицинска грижа за дисидентите во затворите. Солтани беше уапсен во 2011 година и осудин на 13 години затворска казна.
Полска-Илјадници луѓе на погребот на Тадеуш Мазовјецки
Илјадници граѓани на Полска заедно се европските лидери денеска се собраа во Варшава да присуствуваат на погребот на Тадеуш Мазовјецки, кој е првиот премиер на поранешниот Источен блок по падот на комунизмот. Продемократскиот активист и писател Мазовјецки беше советник на Лех Валенса, кој беше лидерот на движењето за слобода Солидарност, кое го собори комунистичкиот режим во Полска во 1989 година. Мазовјецки почина во понеделникот во болница во Варшава на 86 години.
Кери-САД се посветени на соработката со Египет
Американскиот државен секретар Џон Кери за време на посетата на Египет изјави дека Вашингтон е посветен на соработката со исламистички лидери на земјата. Тој ги повика властите да продолжат со „маршот кон демократијата“. Ова е прва посета на Египет на Кери по соборувањето на исламистичкиот претседател Мохамед Морси.
Анастасиадис-нема да трпиме уцени и времени рамки за преговорите
Претседателот на Кипар Никос Анастасиадис го отфрли барањето на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун во рок од четири дена да бидат обновени преговорите за кипарското прашање. Тој порача дека нема да трпат уцени и поставување времени рамки во процесот.
Бан Ки Мун на вчерашната средба со специјалниот претставник на ОН за Кипар Александар Даунер, изразил загриженост заради фактот дека кипарските Грци и Турци цел месец не успеале да се договорат за заедничка декларација, со која би почнале преговорите.
Бан Ки Мун на вчерашната средба со специјалниот претставник на ОН за Кипар Александар Даунер, изразил загриженост заради фактот дека кипарските Грци и Турци цел месец не успеале да се договорат за заедничка декларација, со која би почнале преговорите.
Пакистанските талибанци назначија привремен лидер
Пакистанските талибанци назначија нов лидер по смртта на досегашниот Хакимулах Мехсуд кој загина при напад на американско беспилотно лето. Талибански командат за Сервисот на Радио Слободна Европа во Пакистан, Радио Маршал изјави дека Асматулах Шахин Битани бил избран за привремен лидер, и дека се уште не одлучиле кој трајно ќе го замени Мехсуд. Пакистанските власти изразија загриженост дека поради убиството на Мехсуд ќе биде нарушен мировниот процес во земјата.
Иран-Каменеи не е оптимист за нуклeарните преговори
Иранскиот врхоевн лидер Ајатолахот Али Каменеи денеска изрази поддршка за преговорите за нуклеарната програма на земјата и предупреди на поткпувањето на дипломатите кои се вклучени во процесот. Според него, иранскиот преговарачки тим е на тешка мисија. Каменеи порача и дека не е оптимист за преговорите, но дека Иран нема да страда или загуби нешто доколку тие не успеат.
Затворени кина и клубови за видео игри во Куба
Кубанските власти наредија веднаш да се затворат десетина приватни кина и клубови за видео игри. Според соопштението, таквите бизниси никогаш не биле одобрени и целта на акцијата е да се воспостави дисциплина во приватниот сектор. Претседателот Раул Кастро откако го наследи неговиот брат Фидел на функцијата во 2008 година спроведе низа пазарни реформи во комунистичката земја.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете