Вести
ЕБОР со нов фонд за Западен Балкан
Европската банка за обнова и развој и Германската развојна банка денеска соопштија дека покренале нов фонд од 100 милиони евра за обнова на општинската инфраструктура на Западен Балкан. Од фондот ќе бидат финансирани проекти во Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина. Минималните заеми ќе бидат 100 илјади, а максималните пет милиони евра.
Сноуден сака да сведочи во Конгресот на САД
Поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден побарал меѓународна помош во убедувањето на Соединетите држави да се откажат од судски процес против него. Ова денеска во Берлин го изјави пратеникот на германската еколошка партија Ханс Кристијан Штребеле кој претходно се сретнал со Сноуден во Москва. Сноуден му рекол дека сакал и да сведочи пред американскиот Конгрес во врска со тајните следења на Агенцијата за национална безбедност.
Во напад со беспилотно летало убиен лидерот на талибанците во Пакистан
Пакистанската разузнавачка служба соопшти дека во напад изведен најваројатно од американско беспилотно летало биле убиени четворица талибански милитанти во Северен Вазиристан. Радио Машал на Радио Слободна Европа јави дека пакистанските талибанци потврдиле оти при нападот бил убиен нивниот лидер Хакимулах Мехсуд. Ова е втор ваков напад откако во минатиот месец во Вашингтон пакистанскиот премиер Наваз Шариф побара запирање на акциите со беспилотни летала.
Во судар на два трамваја во Сараево, повредени 45 лица
45 лица биле повредени денеска во судар на два трамваја во Сараево. Портпаролот на сараевската полиција Ирфан Нефиќ изјави дека меѓу повредените немало посериозни случаи, а експерти се уште ги истражуваат причините за инцидентот. Сведоци тврдат дека судирот бил многу силен.
Вучиќ ги повика косовските Срби да гласаат в недела
Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ денеска на митинг во Грачаница ги повика Србите на Косово да излезат на локалните избори в недела. „Гласањето в недела ќе им овозможи на Србите да добијат меѓународно признание за постоењето на Заедницата на српските општини“, изјави Вучиќ според кој, оние што повикуваат за бојкот на изборите, всушност се против Заедницата на српските општини и сакаат „да му наштетат на својот народ“, бидејќи со неучеството на изборите нема да имаат штета Албанците. Повик да гласаат в недела до косовските срби упатија и претседателот Томислав Николиќ и премиерот Ивица Дачиќ.
ВМРО ДПМНЕ и ставот на ДУИ за Законот за медиуми
ВМРО ДПМНЕ не ги знае причините за ставот на ДУИ во однос на Законот за медиуми, соопшти денеска партискиот Центар за комуникации. „Тоа што нам ни било соопштено од ДУИ и од Ахмети е дека за овој закон немаат конкретни забелешки и оти неговото усвојување треба да го почека декемврискиот самит на ЕУ. Оваа партија во врска со ставовите на лидерот на ДУИ Али Ахмети изнесени во интервју за Алсат дека во преговорите со Грција не се чепкале идентитетот и јазикот, туку само името и тоа за надворешна употреба вели: „ВМРО ДПМНЕ нема впечаток каков што имаат ДУИ и Ахмети. Секако не исклучуваме можност дека и ДУИ имаат информации кои ние ги немаме.
Елена Гошева нов претседател на Уставниот суд
Судијката Елена Гошева е новиот претседател на Уставниот суд. Избрана е со тајно гласање, по предлог на еден од колегите. Гошева доаѓа на функцијата откако денеска му истече мандатот на досегашниот претседател Бранко Наумовски кој раководеше со Судот во последните три години и нема право на повторен избор. Неговиот деветгодишен мандат како уставен судија завршува на 6 декември годинава. За изборот на Гошева гласале повеќе од неопходните две третини од судиите.
Пак: „името“ може да создаде нови меѓуетнички проблеми
„Македонија треба да ги започне пристапните преговори со ЕУ, оти предолго чека на тоа. Името може да се решава паралелно со преговорите“, изјави европратеничката Дорис Пак, која од денеска престојува во посета на Македонија. Според неа, проблемот со името може да создаде и нови меѓуетнички проблеми во земјата. Прашана дали смета дека новата Предлог резолуција што треба да ја поднесе известувачот во Европскиот парламент за Македонија Ричард Ховит ќе помине без проблеми во Брисел, таа посочува дека сака земјата да напредува, но и да се справи со забелешките за медиумите. Таа додаде дека била зачудена кога и Бугарија истапила со проблеми со Македонија, како и Грција.
Иванов не е ни оптимист ни песимист за проблемот со името
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска изјави дека не е ниту песимист, ниту оптимист, туку е реалист во однос на спорот за името и можноста за негово решавање.
Ако сме реалисти, ја знаеме изјавата на господинот Нимиц кој е најдобро информиран во целиот процес, така што немам ништо ни да додадам ни да одземам, рече Иванов, одговорајќи на новинарско прашање дали Македонија и Грција сега се најблиску до решение за името, како што тврди лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Прашан дали ќе се кандидира за уште еден претседателски мандат, Иванов рече дека „кога ќе дојде моментот, ќе им ја соопшти одлуката на граѓаните“.
Ако сме реалисти, ја знаеме изјавата на господинот Нимиц кој е најдобро информиран во целиот процес, така што немам ништо ни да додадам ни да одземам, рече Иванов, одговорајќи на новинарско прашање дали Македонија и Грција сега се најблиску до решение за името, како што тврди лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Прашан дали ќе се кандидира за уште еден претседателски мандат, Иванов рече дека „кога ќе дојде моментот, ќе им ја соопшти одлуката на граѓаните“.
Собранието расправа за ребалансот на буџетот
Собранието на Република Македонија во рамките на денешната 75-тата седница ја продолжи расправата за ребаласност на Буџетот на Македонија за оваа година.
Со предложените измени, се врши корекција и реалокација на средства во рамки на постојната маса на плати меѓу буџетските корисници заради обезбедување на дополнителни финансиски средства за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и дополнителни средства за опремување на лаборатории.
За пратеникот Миле Андонов од СДСМ, ребалансот за 2013 е непотребен и резултат на погрешните политики, но и на начинот на кој лани беше донесен Буџетот.
Пратеничката Владанка Авировиќ од СПМ истакна дека во ребалансот станува збор за минимална корекција на Буџетот преку релокација на средства.
Со предложените измени, се врши корекција и реалокација на средства во рамки на постојната маса на плати меѓу буџетските корисници заради обезбедување на дополнителни финансиски средства за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и дополнителни средства за опремување на лаборатории.
За пратеникот Миле Андонов од СДСМ, ребалансот за 2013 е непотребен и резултат на погрешните политики, но и на начинот на кој лани беше донесен Буџетот.
Пратеничката Владанка Авировиќ од СПМ истакна дека во ребалансот станува збор за минимална корекција на Буџетот преку релокација на средства.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете