Достапни линкови

Вести

Самата закана за банкрот на САД е штетна

Претседателот на Светската Банка Џим Јонг Ким денеска изјави дека самата закана за банкрот на САД може да им нанесе штета на економиите на земјите во развој и на најранливите групи на населението во светот.
Тој за Си Ен Ен потсети на драматично вознемирените пазари во светот кога САД во август 2011 не можеа да ги сервисираат своите долгови.

Алиев и по трет пат ќе биде претседател на Азербејџан

Илхам Алиев
Илхам Алиев
Во Азербејџан денеска се одржаа претседателски избори на кои според првичните резултати, актуелниот претседател Илхам Алиев го доби третиот мандат со над 80 насто освоени гласови.
Опозицијата обвини за низа нерегуларности. Нејзиниот кандидат Камил Хасанли изјави дека станува збор за тотален фалсификат.
Опозицијата и активистите посочија видеа како доказен материјал.
Преставниците на посматрачката мисија порано изјави дека не се уште не виделе нарушувања.

Брамерц: Хашкиот трибунал најверојатно ќе работи и во 2015 година

Главниот обвинител на Меѓународниот трибунал во поранешна Југославија, Серж Брамерц денеска во Сараево изјави дека Трибуналот најверојатно ќе работи и во 2015 година.
Тој посочи дека е многу важно обвинетите во Хаг да имаат доволно време за својата одбрана, како и да има доволно време Радован Караџиќ и Ратко Младиќ да бидат осудени за геноцид.
Тридневната посета на Брамерц на Босна и Херцеговина е во рамките на подготовката на извештајот за стратегијата за завршување на работата на Трибуналот, што треба да биде претставен годинава во Советот за безбедност на Обединетите нации.

Балкан - Словенците користат најмногу Интернет, најмалку Турците

На Балканот, Интернет се користи најмногу во Словенија, која се наоѓа на 42-то место во светот по број на корисници според бројот на население, а најмалку во Турција, која е на 83-то место.
Според извештајот на глобалната Броудбенд комисија за дигитален развој на второ место по Словенија е Босна и Херцеговина, која во светски рамки се наоѓа 45-то место. Потоа следуваат Македонија, на 49-то место, Хрватска на 50 - то, Црна Гора на 58 и Грција на 59-то место во светот. Бугарија е на 62-то место во светот, по која следуваат Албанија, на 65-то, Србија на 75-то и Турција на 83-то место.
Лидерското место во светот припаѓа на Исланд, каде околу 96 отсто од населението редовно користи Интернет.
И покрај високиот развој на глобалната мрежа над 90 отсто од населението во 49 најслабо развиени земји во светот воопшто немаат пристап до Интернет, покажува извештајот на комисијата.

Нерегуларности на претседателските избори во Азербејџан

Во Азербејџан денеска се одржуваат претседателски избори за кои опозицијата тврди дека се нерегуларни и оти се прави масовен фалсификат. Опозицисјки регионален посматрач, како што јавува дописникот на Радио Слободна Европа, бил претепан пред едно гласачко место. Инаку, има 10 претседателски кандидати, но речиси е сигурно дека актуелниот претседател Илхам Алиев, ќе победи и ќе добие трет 5-годишен мандат.

ОН бараат од Белорусија да запре со егзекуциите

Специјалниот известувач на Обединетите Нации за човековите права во Белорусија ги повика властите во Минск веднаш да спроведат мораториум на извршувањето на смртните казни. Во периодот 2010-та, 2012-та, во Азербејџан биле извршени 5 егзекуции, што според меѓународните претставници, е неприфатливо со оглед на нетрансперентните судски процеси со кои не е гарантирано фер судење.

Нобелот за хемија за Карплус, Левит и Воршел

Професорите Мартин Карплус, Мајкл Левит и Арија Воршел ја добија годинашната Нобелова награда за хемија. Институтот Каролинска во Стокхолм денеска соопшти дека тие наградата ја добиле за развојот на повеќескални модели за сложени хемиски системи.

Претседателски избори во Азербејџан

Претседателот Илхам Алиев на избирачко место. 09.10.2013.
Претседателот Илхам Алиев на избирачко место. 09.10.2013.
Во Азербејџан денеска се одржуваат претседателски избори на кои се очекува сегашниот шеф на државата Илхам Алиев лесно да добие трет петгодишен мандат. Приврзаниците на опозицискиот кандидат Камил Хасанли го обвинија режимот на Алиев за корупција и за кршење на човековите права. Поддржувачите на Алиев сметаат дека тој заслужува да биде реизбран со оглед на постојаниот економски раст на оваа со нафта богата земја. Алиев е на власт од 2003 година, односно по смртта на неговиот татко Хајдар Алиев.

Шефот на Гринпис бара средба со Путин

Шефот на „Гринпис“ Куми Наидо
Шефот на „Гринпис“ Куми Наидо
Шефот на „Гринпис“ Куми Наидо му пишал на рускиот претседател Владимир Путин барајќи средба со него во врска со апсењето на 30 активисти на Гринпис за време на протестот против вадењето нафта од Арктикот. Уапсените, меѓу кои и 18 странски државјани, во минатата недела беа обвинети за пиратство и се соочуват со казна затвор до 15 години. „Гринпис“ и други невладини организации побараа нивно итно пуштање на слобода.

Израел му честита на Самарас за борбата против неонацизмот

грчкиот премиер Андонис Самарас
грчкиот премиер Андонис Самарас
Израелските лидери го поздравија цврстиот став на грчкиот премиер Андонис Самарас против неонацистите во неговата земја. Израелскиот претседател Шимон Перес на средбата со Самарас во Ерусалим му честиташе на за неговото противење спрема насилните организации. Премиерот Бенјамин Нетанјаху пак, ги истакна неговите храбри чекори во справувањето со крајно десничарската партија „Златна зора“. Петмина од 18 пратеници на оваа партија во минатиот месец беа упасени по убиството на еден грчки рапер за што беше обвинет член на „Златна зора“. Самарас повтори дека нема да дозволи неонацизам во, како што рече, колевката на демократијата.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG