Достапни линкови

Вести

Најмалку 22 жртви во бомбашки напади во Багдад

Во серија бомбашки напади во главниот град на Ирак, Багдад, загинале најмалку 22 лица, а десетици биле повредени. Агенциите јавуваат дека имало најмалку 6 координирани експлозии во попладневните часови, претежно во населбите населени со Шиити, а една експлозија имало и во сунитска населба. Во Ирак во последните месеци се интензивираат меѓу-верските насилства.

Кери: Иран да понуди предлози за нуклеарната програма

Американскиот државен секретар Џон Кери го повика Иран да даде предлози за начините на кои ќе ја убеди меѓународната заедница дека неговата нуклеарна програма е за мирољубиви цели. Зборувајки на маргините на Азијскиот економски самит, Кери истакна дека Техеран досега не одговорил целосно на предлогот на Советот за безбедност на ОН од февруари за преговорите за науклеарната програма.

Русија го забрани увозот на млечни производи од Литванија

Русија го суспендира увозот на млечни производи од Литванија, која моментално е претседавач со Европската Унија. Руската агенција за заштита на потрошувачите тврди дека ваквата мерка е воведена поради сомнителниот квалитет на производите. Сепак, според познавачите, ваквиот потег на Москва е со цел да биде извршен протисок врз Литванија, како домаќин на наредниот самит на Европската Унија, на кој се очекува на неколку поранешни советски републики да им бидат понудени поблиски економски односи со ЕУ. Портпарол на европската комисија за здравје и за потрошувачка политика, изјави дека ЕУ има еден од најстрогите системи за безбедноста на храната и оти Русија должи објаснување.

ДИК ги отфрла тврдењата на Груевски за избирачкиот список

Државната изборна комисија како неосновани и неточни ги оценува обвинувањата за кочење на работата на ДИК при прочистувањето на Избирачкиот список од страна на претседателот Борис Кондарко.
- Во услови кога мнозинството членови во ДИК го имаат партиите од власта, апсурдно е да се тврди дека претседателот на ДИК има каква било можност да ја кочи работата на овој колективен орган, ниту пак може самиот претседател да донесува одлуки, да го надгласува мнозинството или да спречува нивни иницијативи, се вели во соопштението од ДИК.
Во моментов, се посочува, од страна на ОБСЕ-ОДИХР се ангажирани експерти кои ќе дадат свои анализи и препораки во врска со Избирачкиот список. За тоа претходно е склучен Меморандум за соработка со ДИК.
Од ДИК потсетуваат дека од 2012 година, во континуитет функционира Работната група за проверка на Избирачкиот список, формирана од Управувачкиот комитет на високо ниво при Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија.
- Со оваа група претседава членот на ДИК Бедредин Ибраими, а во нејзината работа учествуваат претставници на министерствата за внатрешни и за надворешни работи, за правда, Државниот завод за статистика, Комисија за заштита на лични податоци, Мост, ОБСЕ, Амбасадата на САД и ЕУ. Работната група секогаш заседава јавно, пред медиумите, посочуваат од ДИК.

Бројот на удавени кај Лампедуса се искачи на 211

Нуркачите на италијанската крајбрежна стража извлекле уште 17 тела од потонатиот брод во близина на островот Лампедуса, со што бројот на загинатите се изкачи на 211. 20-метарскиот брод на кој се превезувале околу 500 илегални имигранти од Еритреја и Сомалија, потона во минатиот четврток. Многумина сеуште се сметаат за изчезнати, а 155 лица ја преживеаја несреќата.

Груевски бара од ДИК да го среди избирачкиот список

Премиерот Никола Груевски денеска го повика претседателот на СДСМ Зоран Заев да му даде налог на неговиот сопартиец и претседател на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко да започне со пречистување на Избирачкиот список.
- Надлежноста за пречистување на Избирачкиот список е исклучиво на ДИК. Го поставувам прашањето зошто шест месеци не го почнуваат тоа и ги повикувам јавно да го почнат веднаш и да го завршат за да не бараат потоа алиби дека поразот којшто ќе им следи доаѓа заради тоа што списокот не бил пречистен или други алибија коишто се поврзани со Избирачкиот список, изјави премиерот Груевски одговарајќи на прашање по поставувањето камен-темелник на објектот на Текнохозе во ТИРЗ Скопје 1.
Тој посочи дека околу Избирачкиот список се случува нешто чудно, зашто, како што нагласи, поминаа речиси шест месеци од денот кога завршија Локалните избори и оттогаш до сега има тотален бојкот од страна на претседателот на ДИК во однос на пречистување на Изборниот список.

Груевски прецизира дека Владата и некои државни институции можеби можат и нешто да помогнат и да се вклучат доколку од ДИК го побараат тоа.

Самит на АПЕК за регионалната и глобалната економија

Лидерите на Азиско – пацифичкиот самит во Индонезија дискутираат за начините за засилување на регионалната економија.
Американскиот државен секретар Џон Кери порача дека САД остануваат посветени на регионот.
Кери ова го рече во обраќањето на самитот на АПЕК каде го менува претседателот Барак Обама кој го откажа учеството поради делумното затворање на американските федерални инситуции и капацитети како последица на немањето договор межу републиканците и демократите во Конгресот.
Поради осуството на Обама, се очекува централно место на самитот да добие Кина.

Египет - напади врз армиските сили

Најмалку 10 египетски војници се убиени денеска во Египет. Во првиот случај кај Исмаилија во близина на Суецкиот канал биле убиени 5 војници кога бил отворен оган врз нив на контролен пункт.
Истовремено на Синај при силна експлозија на автомобил бомба биле убиени 5, а биле ранети 50 војници.

ПКК ќе го прекине примирјето ако турските сили преземат акции

Бунтовниците од Курдската работничка партија ќе го прекинат примирјето во Турција, само доколку турските сили за безбедност преземат воени акции, изјави денеска претседателот на политичкото крило на ПКК, Сојузот на курдските општини, Мурат Карајлан. Турските власти почнаа мировни преговори со лидерот на ПКК, Абдула Оџалан пред околу една година. Во март Оџалан објави прекин на огнот и курдските бунтовници во мај почнаа да се повлекуваат од турска територија. Карајлан потсети дека на почетокот на минатиот месец ПКК го прекина повлекувањето на борците од Турција, бидејки додека тие се повлекувале државата и Владата не направиле ниту еден чекор за зголемување на довербата, насочена кон пронаоѓање на решение за конфликтот.

Американско - германско трио за Нобелова награда за медицина

Американците Џејмс Ротман и Ренди Шекман и германецот Томас Сидхоф се добитници на Нобеловата награда за медицина.
Според шведската академија на науките која ги доделува Нобеловите награди ова е признание за нивното откритие како ќелијата се движи, односно како го организира својот транспортен систем. Станува збор за прва од наградите за оваа година што ги доделува Шведската академија во Стокхолм.
Во петок, пак, во Осло ќе биде доделена наградата за мир.
Меѓу фаворитите за таа награда е пакистанската активистка, тинејџерката Малала Јусуфари, која беше застреланa во главата од страна на талибанците, минатата година.
Таа бараше образование за девојчињата во нејзината земја. Нобеловата награда ја основал пронаоѓачот на динамитот, шведскиот физичар Алфред Нобел.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG