Вести
Вучиќ - Србија е пред банкрот
Потпретседателот на Владата на Србија Александар Вучиќ најави намалување на платите во јавниот сектор со што ќе се заштедат меѓу 200 и 230 милиони евра, а пензиите ќе се зголемат со претходно утврдена динамика.
Вучиќ најави дека до крајот на годината во Србија ќе има милијарда долари од кредит од ОАЕ од кои 500 милиони ќе се потрошат за враќање долгови, а 500 милиони ќе се вложат во стопанството „со најголема контрола“.
Тој нагласи дека државата е „пред банкрот, во вистинска смисла“ и најави дека мерките за економско опоравување ќе бидат тешки, а не популистички. Со тие мерки според него, ќе бидат погодени меѓу 300.000 и 500.000 луѓе.
Вучиќ вели дека фискалниот дефицит мора да биде намален за 2 до 2,5 отсто што значи заштеда од 800 милиони евра.

Протести и насилства во Египет
Поддржувачи и противници на соборениот исламистички претседател Мохамед Морси протестираат во Египет, на 40-годишнината од арапско-израелската војна. Неколку илјади приврзаници на војската се собраа на централниот плоштад Тахрир во Каиро, додека поддржувачите на Морси протестираат на улиците низ главниот град. Полицијата употреби солзавец и истрели во воздух во обид да ги запре луѓето на Морси да стигнат до плоштадот Тахрир. Војниците поставија барикади на влезот на плоштадот со бодликава жица и оклопни возила. Во насилството во јужниот дел на Египет, еден поддржувач на Морси е убиен.
Иран бара нов пристап во преговорите за нуклеарната програма
Министерот за надворешни работи на Иран вели дека Техеран и светските сили мора да излезат со нов пристап во преговорите околу иранската нуклеарна програма. Министерот Џавад Зариф вели дека има потреба да се стави крај на сегашната ситуација во која се наоѓаат преговорите. Зариф ги опишани средби со своите западни колеги како „добар почеток“, но повика на взаемно почитување со САД.
Зариф освен министер за надворешни работи е и главен преговарач за нуклеарната програма, со што се зголемија надежите за решение за спорот кој трае повеќе од една деценија.
Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус изјави дека има „нов тон“ во односите со Техеран, додавајќи дека времето за решавање на спорот е ограничено .

Олимпискиот факел пристигна во Москва
Олимпискиот оган пристигна во Москва во пресрет на Зимските олимписки игри во Сочи. Говорејќи на аеродромот, првиот заменик премиер Дмитриј Козак изјави: „Патот до овој ден не беше лесен за нашата земја, но тој пат ние го поминавме со чест“. Потоа од аеродромот факелот ќе биде пренесе на Црвениот плоштад во Москва, а на церемонијата ќе присуствува и претседателот Владимир Путин. Факелот беше запален во Грција на 29 септември. Олимписките игри во Сочи ќе започнат на 7 февруари 2014.
Партиски препукувања за вработувања
СДСМ денеска го повика Министерството за образование и наука да каже кога и како ќе бидат вработени 294 психолози и педагози и да ја објави анализата според која има недостиг од овие кадри во основните и средните училишта.
Членот на Извршниот комитет на СДСМ, Петар Атанасов на прес-конференција рече дека како партија се сомневаат во намерите на Владата и оти најавените вработувања се со цел да се добијат нови гласачи.
Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека психолозите и педагозите ќе се вработат преку транспарентна постапка при што ќе се запазат сите законски правила и процедури.

Грција и догодина во рецесија
Економијата во Грција и следната година ќе биде во рецесија – седми пат по ред, а невработеноста ќе биде на рекордно ниво – 28,5 отсто, наведува во анализа рејтинг-агенцијата Стандард енд Пурс.
Агенцијата очекува и намалување на БДП за еден отсто во следната година. Потврден е и рејтингот за Грција „В“ минус.
Високото ниво на долгот како и ризиците од политичка и социјална нестабилност се основни фактори врз кои се изведени анализите на Агенцијата. Оваа година БДП на Грција регистрира пад од четири отсто. Прогнозата на Стандард енд Пурс е во согласност со очекувањата на грчката Влада и меѓунардоните кредитори кои сметаат дека економијата ќе бележи извесен раст идната година.

Либија бара објаснување од САД за вчерашната акција
Властите во Либија соопштија дека побарале од американските власти да го објаснат воениот упад во Триполи, при што беше заробен Либиец кого САД го бараат за бомбардирање на американските амбасади во Африка пред 15 години. Либиската влада соопшти дека имаат желба на либискиот граѓанин да му се суди во нивната земја, без разлика на обвиненијата изнесени против нив. Владата, исто така, изрази надеж дека инцидентот нема да му натети на „стратешко партнерство“ со Соединетите Американски Држави. Изјавата доаѓа еден ден откако американски командоси го заробија лидерот на огранокот на Ал Каеда во Либија, Нази Абдул-Хамед ал-Ругаи, познат како Анас ал Либи, обвинет за нападите на американските амбасади во Кенија и Танзанија во кои загинаа 224 луѓе.
Германија предаде база на авганистанските сили
Германија ја предаде својата клучна воена база во северен Авганистан на локалните сили за безбедност. Трансферот на базата во северната провинција Кундуз е дел од постепеното повлекување на западните сили до крајот на следната година. Повеќе од 20.000 германски војници беа распоредени во Кундуз.
УЈП - во помалите градови има поголема фискална недисциплина
Управата за јавни приходи (УЈП) при спроведените контроли утврдила дека голем дел од објектите не издаваат фискални сметки во вечерните часови и за време на викендите.
„ И покрај тоа што најголемиот број на затворени објекти се во Скопје (над 150), сепак според анализите од досега извршените контроли, во помалите градови е увидена поголема фискална недисциплина, како што е примерот со Свети Николе, Дебар и Крушево, велат од УЈП.

Започна уништувањето на сириското хемиско оружје
Меѓународните инспектори започнаа со уништувањето на сириските резерви на хемиско оружје и опремата за негово производство, потврдуваат извори од ОН.
На инспекторите од ОН им е наредено до половината на 2014 да го уништат сириското хемиско оружје. Иницијативата за уништување на оружјето е покрената по нападот со хемиско оружје во август во околината на Дамаск, при што загинаа стотина цивили.

Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете