Вести
Вашингтон нема да прифати „лош договор“ со Иран
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД верува оти Иран е далеку од производство на нуклеарна бомба. Во интервју за Асошиетед прес, одговарајќи на прашањето во врска со американската разузнавачка проценка за временската рамка кога Иран би произвел нуклеарно оружје, Обама изјави дека проценката им е дека една или повеќе години го делат Иран од атомско оружје. Тој вели дека нивната проценка е веројатно поконзервативни од проценките на израелските разузнавачки служби. Израел соопшти дека Иран е само неколку месеци далеку од тоа да биде во можност да направи нуклеарна бомба.
Обама исто така изјави дека мора да се тестира дали иранскиот претседател Хасан Рохани е сериозен во врска со решавањето на спорот околу иранската нуклеарна програма преку дипломатија. Обама, меѓутоа, посочи дека Вашингтон нема да прифати „лош договор“ со Иран.

Двајца новинари убиени во Ирак
Двајца ирачки новинари кои работеле за приватната телевизија Ал-Шаргија се убиени во градот Мосул. Од телевизијата и властите соопштија дека новинарот и снимателот биле убиени денеска, додека работеле на извештај. Засега никој не презеде одговорноста за нападот. Денеска во одделни инциденти се убиени три лица, а пет се повредени во експлозија на бомба во близина на Багдад.
Романија ја легализира марихуаната за медицинска употреба
Романија ја легализира медицинската марихуана, со што стана десеттата земја-членка на ЕУ која дозволи употреба на производи од ова наркотично средство за медицински цели.
Досега во земјата употребата на канабис во било каква форма беше забранета.
Производите, кои содржат марихуана, се користат за намалување на болките и честите кризи кај болните од епилепсија, рак, склероза и други тешки болести. Моментно се спроведуваат тестирања за нивна ефикасност при лекување на Паркинсова болест, Алцјамер и синдромот на Турет.
Пред две недели и Франција ги отстрани од „црниот список“ производите кои содржат марихуана. Овие лекови, кои се даваат само на рецепта, во најбрзо време треба да се појават во аптеките.

Европската народна партија побара ослободување на Тимошенко
Европската народна партија во Европскиот парламент ја повика украинската влада веднаш да ја ослободи поранешната премиерка Јулија Тимошенко. Адвокатотот на Тимошенко, Сергеј Власенко вчера изјави дека двајца претставници на ЕУ се сретнале со украинскиот претседател Виктор Јанукович да го прашаат за аболиција на Тимошенко. Тој исто така изјави дека Тимошенко ја прифатила понудата да се лекува во Германија. ЕУ побара помилување за Тимошенко пред Украина да потпише договор за Асоцијација со ЕУ во ноември. Тимошенко вели дека обвиненијата против неа се политички мотивирани.
Либија - вооружени лица убиле 15 војници
Најмалку 15 војници загинале, а четворица се повредени, кога непознати вооружени лица нападнале воена база во Либија, југоисточно од главниот град Триполи, соопштија либиските официјални лица и тамошните медиуми. Официјалните лица изјавија дека воената база била затворена веднаш по нападот, во обид да се пронајдат напаѓачите. Во последниве месеци, Либија е погодена од бран на напади врз воени и безбедносни офицери, активисти и судии.
Политиката не смее да биде пречка за бизнис соработката
Една милијарда американски долари е економската размена со Република Грција. Јужниот сосед е втор наш партнер и најголем инвеститор. Ние сакаме оваа соработка и натаму да се зајакнува и да се продлабочува. Затоа ги поздравуваме и ги поттикнуваме добрите економски односи меѓу двете економии, изјави претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески на денешната средба со претседателот на Регионалната комора на Пела, Јорданис Цоцос.
Азески и Цоцос во текот на разговорите ја истакнаа потребата од зајкнување на регионалната институционална и бизнис соработка на компаниите.
„Како економија и бизнис заедница не не засегаат политичките случувања. На идентичен поглед наидовме и кај претставниците на грчките партнери. Сметам дека можеме да соработуваме како добри соседи во многу сектори на економската размена и освојувањето трети пазари, рече Цоцос кој беше домаќин на средбата на регионалните комори од Битола и Воден.

Египет - Муслиманското братство да запре со насилните протести
Египетските власти го предупредија Муслиманското братство да запрат со насилните протести. Владата во саботата соопшти дека се стега безбедноста во сите градови и на стратешките места, откако вчера во Каиро загинаа најмалку четири лица. Судирите започнаа кога стотици поддржувачи на соборениот исламистички претседател Мухамед Морси се обидоа да се соберат на плоштадот Тахрид во Каиро. Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изрази загриженост поради зголемувањето на немирите во Египет.
Ставрески - изборот за вработување ќе биде транспарентен
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека утрешното јавно извлекување за вработување на 1.600 лица од социјални категории ќе се спроведе на транспарентен начин и оти работа ќе добијат оние кои најмногу и ја заслужуваат.
„Со оглед на фактот дека распределбата ќе биде пренесувана на телевизија и изборот ќе се изврши јавно, а јавноста ќе може да го следи, убеден сум дека ќе се спроведе на најдобар транспарентен начин и оти оние кои ќе добијат работа, ќе бидат лицата кои најмногу и заслужуваат, иако и сите други кои конкурирале спаѓаат во овие категории на граѓани, изјави денеска во Петровац вицепремиерот Ставрески.
На огласот се пријавени повеќе од 20 илјади граѓани, а компјутерското рангирање на кандидатите ќе се изврши утре со директен пренос на Македонската телевизија.

Монтенегро ерлајнс отпушта странски работници
Управата на црногорскиот национален авиопревозник соопшти дека од работа ќе бидат отпуштени сите странски државјани како мерка за намалување на трошоците на компанијата.
„Мора да ги намалиме трошоците бидејќи само за станови и останати трошоци на странски работници годишно досега се издвојувале по околу 400.000 вера“, изјави претседателката на Одборот на директори на црногорскиот авиопревозник Монтенегро ерлајнс, Далиборка Пејовиќ.
Според неа, од компанијата се отпуштени работници од Србија кои покрај останатите биле задолжени за авиомеханика, електронски системи.

Италија - прекината потрагата по мигрантите од потонатиот брод
Италијанските власти ја прекинаа потрагата по тела на луѓето кои беа на бродот кој потона во четвртокот. Бродот пренесуваше околу 500 илегални мигранти . Шефот на финансиската полиција мајорот Леонардо Ричи денеска изјави дека временските услови не дозволуваат нуркачите да продолжат со потрагата по луѓе. Само 155 луѓе ја преживеаја несреќата, 111 тела беа пронајдени, а повеќе од 200 луѓе се уште се водат за исчезнати.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете