Достапни линкови

Вести

Преставници на ЕУ бараат помилување на Тимошенко

Двајца пратеници на ЕУ побараа украинскиот претседател Виктор Јанукович да ја помилува поранешната премиерка Јулија Тимошенко.
Ова го изјави нејзиниот адвокат Сергеј Власенко, кој додеде дека поранешниот претседател на Европскиот парламент, Пат Кокс, и поранешниот полски претседател Александар Квашњевски ова денеска го побарале на средбата со Јанукович. Кокс и Квашњевски ја посетија Тимошенко во затвор.
Тимошенко е осудена на седум години затвор во 2011 година за злосторства поврзани со наводно штетниот договор за гас со Русија. Таа изјави дека обвиненијата се политички мотивирани.
ЕУ бара помилување за Тимошенко пред очекуваното потпишување на договорот за асоцијација со Украина на ЕУ во Вилнус во ноември.

Египетските сили се судрија со подржувачите на Морси

Египетските безбедносни сили се судрија денеска во Каиро и во други градиви со приврзаниците на остранетиот претседател Мохамед Морси.
На плоштадот Тахрир против стотиците приврзаници на Муслиманското Братство беше употребен созлавец и водени топови.

Колку чини Музејот на македонската борба?

Министерството за култура како лаги и невистини ги оцени податоците за трошоците за изградбата на Музејот на македонската борба, пласирани од страна на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.
Според Манчевски, основниот договор за негова изградба е 4,5 милиони евра, а од известувањата од Бирото за јавни набавки за 113 договори, достигнувала вредноста достигнала околу 10,2 милиони евра.
Министерството за култура, пак посочи дека склучените договори за изградбата на Музејот на македонската борба, беа презентирани и дадени на увид на јавноста во рамките на отчетот за проектот „Скопје 2014“.

Жалост во Италија за африканските мигранти

Во Италија е прогласена национална жалост за африканските мигранти кои се удавија во близина на медитеранскиот остров Лампедуса, додека потрагата по стотици исчезнати и натаму продолжува.
Италијанските власти соопштија дека 111 тела се пронајдени а 115 луѓе преживеаа во несреќата на претоварениот брод на кој имало над 500 луѓе.
Министерот за внатершни работи Анџелино Алфано изјави дека Италија не може самата да се справува со мигрантите кои со бродови пристигнуваат од Африка.

Коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во Струга се распадна

Струга
Струга
За нов претседател на Советот на општина Струга е избран Абдула Ќазимоски, по предлог на градоначалникот Зијадин Села, член на ДПА.
За него гласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ и еден советник на СДСМ. Ова беше причина СДСМ да ја напушти коалицијата со ВМРО ДПМНЕ на локално ниво „Заедно за Струга“.
Според координаторот на советничката група на општина Струга Даме Лажанковски коалицијата „Заедно за Струга“ беше договорена токму за претседавачкото место во Советот, кое што требаше да го добие коалицијата, во интерес на граѓаните Македонци од Струга.

Министерот за одбрана Џафери во посета на македонските мировници во Босна

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, денеска престојува во посета на контингентот од Армијата на Република Македонија која е во рамки на ЕУФОР-АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
АРМ во мисијата АЛТЕА учествува од 2006 година и тоа со хеликоптерски деташман до 2008 година и со медицински тим, во моментов 14.ротација. Министерот Џафери положил и цвеќе на споменикот на трагично загинатите припадници на АРМ во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце.

Постапка за ослободување на активистите на Гринпис

Холандија започна правна постапка против Русија за ослободување на 30 активисти на Гринпис обвинети за пиратство.
Холандскиот министер за надворешни работи Франс Тимерманс изјави дека Холандија се повикува на Конвенцијата на ОН за „Законот на морињата“. Активистите од 18 земји беа приведени од страна на руската крајбрежната стража откако се обиделе да се искачат на платформа на Гаспром во Баренцовото Море како проптест на руски планови да се вежби на Арктикот. Според Гринпис, екипажот на бродот не извршил никакво злосторство.

Москва - 20 години од нападот врз парламентот

Во Русија денеска се одржаа комеморации, главно организирани од страна на левичарски и националистички групи, во чест за оние кои загинаа пред 20 години за време на вооружените судири во Москва. Откако парламентот го отповика тогашниот претседател Борис Елцин во 1993 година, руската армија го подржа од Елцин и отвори оган врз зградата каде што пратениците беа забарикадирани. Се проценува дека на бројот на жртвите бил меѓу 150 до 2.000 лица.

Хрватска го смени законот што и беше спорен на ЕУ

Хрватскиот Сабор денеска ги прифати измените на Законот за правосудната соработка со Европската унија. Со тие измени е избршано ограничувањето на примените на европскиот налог за апсење за кривични дела направени по 7 август 2002 година. Пред влегувањето во Европската унија, Хрватска ги усвои измените на овој закон со што беше оневозможена екстрадиција на Јосип Перковиќ кого Германија го товари дека како агент на југословенската тајна служба УДБА учествувал во убиството на хрватскиот емигрант Стјепан Ѓурековиќ во 1983 година во Баварија. Измените предизвикаа спор со Европската комисија која најави и воведување санкции против Хрватска.

Рахмон повторно кандидат за претседател на Таџикистан

Емомали Рахмон
Емомали Рахмон
Таџикистанската владејачка Народно демократска партија денеска го кандидира сегашниот претседател Емомали Рахмон за кандидат на претстојните претседателски избори што се закажани за 6 идниот месец. Шеесет годишниот Рахмон е на власт во таа земја од 1992 година. Досега шест кандидат се пријавиле да учествуваат на изборите. Конечниот список треба да го објави Централната изборна комисија на 7 овој месец.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG