Достапни линкови

Вести

Баросо предупреди на национализмот и ксенофобијата

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо предупреди против појавите на национализам, протекционизм и ксенофобијата пред изборите за Европскиот парламент следната година.
Баросо во интервју за Ројтерс ги повика главните политички партии да зборуваат за европските вредности, и изрази уверување дека тие ќе останат доминантни и во новиот парламент по изборите во мај 2014 година.
Според анкетите, партиите со анти – ЕУ ориентација, како и екстремната десница и левица ќе добијат поддршка во услови на растечкото незадоволство поради невработеноста предизвикана од финансиската криза.

Растат акциите на глобалниот пазар

Акциите на глобалните берзи се искачија на највисоко ниво за изминатите речиси шест години поради увереноста дека Америакнските федерални резерви и натаму ќе ја задржат поддршката.
Истовремено вредноста на американскиот долар и натаму опаѓа што пак ја подржува цената на златото и бакарот.

Изградбата на Јужен Поток во Србија ќе почнела во декември

Српскиот претседател Томислав Николиќ по денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва изјавил дека зградбата на трасата од гасоводот „Јужен поток“ низ Србија ќе почне во декември.
Како што јави ИТАР-ТАСС, Путин рекол дека од реализацијата на овој проект српската економија дополнителнио ќе добие 1,9 милијарди евра.

Израел и натаму ќе гради во Рамат Шломо

Рамат Шломо
Рамат Шломо
Израел објави планови за изградба на нови домови во еврејските населби во Источен Ерусалим. Станува збор за околу 1.500 станбени единици во Рамат Шломо. Израел , исто така, планира да ја развие археологијата и туризмот во близина на Стариот Град.
Соопштението за овие планови уследи неколку часа откако Израел објави дека се ослободени 26 палестински затвореници како дел од договорот за продолжување на израелско- палестинските мировни разговори по три години пауза. Претседателот на палестинските власти Махмуд Абас изјави дека Палестинците ќе го отфрли секој обид од страна на Израелците да тргуваат ослободувањето на затворениците за изградба на нови еврејски населби.
Израел го зазеде источен Ерусалим од Јордан во Блискоисточната војна во 1967. Палестинците сакаат источен Ерусалим да биде главен град на нивната идна држава.

Русија - успешен тест на балистички проектили

Мурманск - архива
Мурманск - архива
Руското Министерство за одбрана објави дека е извршено успешено лансирање на балистички проектил од копно и од море.
Атомската подморница " Брајанск" лансираше проектили од Баренцовото Море , а " Свети Ѓорѓи Победоносец " лансираше ракета од Охотско море.
Проектилите ги погодиле целите во вво северна Русија. Министерството за одбрана не соопшти за кој вид балистички проектили станува збор.

Пратеникот на Арапската Лига Брахими во Дамаск

Пратеникот на Арапската Лига Лакдар Брахими се состана со сирискиот претседател Башар ал Асад во обид да обезбеди подршка за одржување мировна конференција.
Државната телевизија го цитираше Асад дека успехот на таа конференција е поврзан со запирање на подршката на терористите од страна на нивите држави патрони.
Брахими е на регионална тура со цел да го стартува политичкиот процес следниот месец.

Форбс - Путин најмоќна личност во светот

Рускиот претседател Владимир Путин е број 1 на листата на Форбс за најмоќни луѓе во светот. Американскиот магазин го оцени Путин како најмоќната фигура меѓу шефовите на држави, финансиери, филантропи и претприемачи.
Путин всушност го смени американскиот претседател Барак Обама, кој лани беше рангиран на прво место.
На трето место е кинескиот претседател Кси Џинпинг, па потоа следат папата Франческо и германската канцеларка Ангела Меркел.

Во Германија рекордна вработеност

Во овој месец во Германија без работа биле 2 милиона и 800 илјади луѓе, што е најмало ниво во последните 12 месеци. Министерството за труд соопшти дека во однос на септември, бројот на невработените се намалил за околу 50 илјади. Така стапката на невработеност во Германија сега изнесува шест ипол насто. Истовремено бројот на вработените за прв пат во историјата на таа земја ја надмина бројката од 42 милиона.

Москва демантира дека прислушувала на самитот на Г20

Кремљ ги демантира наводите по медиумите дека руските тајни служби се обиделе да ги шионираат странските делегации за време на последниот самит на Г20 во Санкт Петербург. Портпаролот на Кремљ Дмитри Пешков изјави дека ваквите наводи биле обид да се отргне вниманието од американското шпионирање на светски лидери. Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ пишува дека флеш стиковите и полначите за мобилни телефони што им ги дале организаторите на самитот имале опрема за шпионирање.

Во Пакистан девојче живо закопано откако било силувано

Тринаесет годишно девојче во Пакистан преживеало откако било силувано и живо закопано, јавуваат агенциите повикувајќи се на изјава на нејзиниот татко. Девојчето било пресретнато од двајца возрсни мажи додека одела на часови за Коранот. Тој додал дека ќерка му успеала да излезе од местото каде што била закопана.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG