Вести
Капитол во Вашингтон е повторно отворен
Полицијата во Вашингтон соопшти дека зградата на Капитол е повторно отворена. Имено, претходно, полицијата соопшти дека зданието на Конгресот, е под безбедносна блокада.
Како што јавија, новинските агенции Ројтерс и Асошиетед Прес, пред зградата се слушнале истрели.
Како што јавија, новинските агенции Ројтерс и Асошиетед Прес, пред зградата се слушнале истрели.
Обама: републиканците виновни за владината блокада
Американскиот претседател Барак Обама директно ги обвини спикерот на Претставничкиот дом на Конгресот Џон Бенер и републиканците за предизвикување на делумното затворање на владата, бидејќи се противат на законот за здравствена заштита познат како Обамакер. Тој денеска во близина на Вашингтон ги повика републиканските лидери да гласаат само за финансирањето на владата, но не и за Обамакер. „Гласајте и запрете ја оваа блокада. Колку што повеќе трае, ќе биде потешко“, изјави Обама. Околу 800 илјади федерални службеници од вторникот се испратени на принуден одмор.
Во Русија обвинети сите 30 активисти на Гринпис
Истражните органи во рускиот град Мурманск и официјално покренаа обвинение за пиратство против сите 30 активисти на Гринпис кои беа уапсени поради нивниот протест. Станува збор за четворица руси и 26 странски државјани кои беа приведени откако двајца од нив се обиделе да се искачат на платфорамата за вадење нафта на Газпром во водите на Арктикот. Гринпис и организациите за човекови права побараа итно ослободување на активистите. Доколку бидат прогласени за виновни им се заканува казна затвор од 15 години.
Во Кина од убоди на гигантски оси загинале 40 луѓе
Кинеските државни медиуми објавија дека роеви гигантски оси во провинцијата Шанкси предизвикале смрт кај најмалку 40 луѓе и повреди кај над илјада и шестотини други. Повеќето од повредените биле во критична здравствена состојба. Азиските гигантски оси растат до 5 сантиметри и се меѓу најголемите во светот. Нивните убоди може да предизвикаат алергиски реакции и откажување на работењето на повеќе органи.
Србија ги бојкотира разговорите со Косово во Брисел
Делегацијата на Србија во Брисел денеска го бојкотира состанокот со тимот на Косово на кој требало да се разговара за слободата на движење на Косово, соопшти косовската влада во Приштина. На вчера одржаниот состанок се разговарало за спогодбата за царините, односно за плаќањето царини на граничните премини меѓу Србија и Косово.
Македонија, Црна Гора и Србија со спогодба во областа на ИКТ
Македонија, Црна Гора и Србија денеска во Подгорица потпишаа спогодба за соработка во областа на информатичко комуникациските технологии. Спогодбата ја потпишаа македонскиот министер за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, вицепремиерот и министер за информатичко општество и телекомуникации на Црна Гора, Вујица Лазовиќ и вицепремиерот и министер за надворешна и внатрешна трговија и телекомуникации на Србија, Расим Љајиќ. Со спогодбата владите на трите држави ќе се залагаат и за создавање услови за инвестиции и заеднички вложувања во проекти од взаемен интерес.
Ахмети бара директно вклучување на Брисел во спорот со името
Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во Брисел разговарал со европратеникот Ричард Ховит за извештајот за напредокот на Македонија кон Европската унија. Притоа, како што соопшти ДУИ, Ахмети побарал директно вклучување на Брисел во изнаоѓањето компромис со Грција околу името. Европратеникот Ховит ветил целосна негова поддршка за европската перспектива на земјата и додал дека локалните власти треба да им помогнат на пријателите во Брисел за да се постигне посакуваниот успех.
Во идната недела можна средба меѓу Обама и Путин
Претседателите на Русија и на Соединетите држави Владимир Путин и Барак Обама би можело да одржат разговори во идната недела во Индонезија. Руските новински агенции го цитираат претставникот на Кремљ Јури Ушаков кој рекол дека Вашингтон позитивно реагирал на рускиот предлог Путин и Обама да одржат разговори на маргините на економскиот самит во Бали. Тој не ги коментираше извештаите дека Обама би можело да го откаже учеството на самитот поради привременото затворање на американската влада.
ЕУ го истражува монополското работење на Газпром
Европската Унија соопшти дека подготвува тужба против рускиот енергетски гигант Газпром за кршење на анти-монополските правила во централна и источна Европа. Ова денеска во Виљнус, Литванија, го соошти евро-комесарот Хоакин Алмуниа.Тој додаде дека анти-монополската истрага во врска со Газпром, се однесува на Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска и Словачка. Се очекува истрагата да заврши во првата половина од наредната година, а доколку биде утврдено прекршување на анти-монополските правила, компанијата би можела да биде казнета со 10 насто од годишниот профит.
Црна Гора најблиску до НАТО
Црна Гора е кандидат број еден за членство во НАТО, а нејзината лидерска улога во Западен Балкан е позната во светот, изјавил американскиот сенатр Ричард Лугар, кој во Подгорица се сретнал со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.
Лугар истакнал дека Црна Гора веќе постигнала многу за развојот на правниот поредок, како и развојот на добрососедските односи.
Тој додал дека земјата успеала да ја зачува стабилноста и мултиетничкото разбирање и станала активен поддржувач на евроатлантските вредности на Балканот и активен градител на регионалната соработка.
Лугар истакнал дека Црна Гора веќе постигнала многу за развојот на правниот поредок, како и развојот на добрососедските односи.
Тој додал дека земјата успеала да ја зачува стабилноста и мултиетничкото разбирање и станала активен поддржувач на евроатлантските вредности на Балканот и активен градител на регионалната соработка.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете