Вести
Бан ки Мун се надева на решение за името
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун изрази надеж дека разговорите меѓу Македонија и Грција кои денеска и утре се водат во Њујорк, ќе вродат со плод и ќе се отворат пат за решавање на спорот.
Ова го изјави Мартин Несирки, портпаролот на генералниот секретар на денешната прес- конференција во Њујорк наведувајки дека Бан ки Мун смета дека решението за спорот за името е во интерес на двете земји и Западниот Балкан.
Како што јави МИА, во тек се одделните разговори кои посредникот на ОН Метју Нимиц ги закажа со претставниците на Македонија и на Грција, амбасадорот Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.
Утре во ОН ќе се одржи и заедничка средба на Нимиц со двајцата претставници по што е предвидена и изјава.
Ова го изјави Мартин Несирки, портпаролот на генералниот секретар на денешната прес- конференција во Њујорк наведувајки дека Бан ки Мун смета дека решението за спорот за името е во интерес на двете земји и Западниот Балкан.
Како што јави МИА, во тек се одделните разговори кои посредникот на ОН Метју Нимиц ги закажа со претставниците на Македонија и на Грција, амбасадорот Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.
Утре во ОН ќе се одржи и заедничка средба на Нимиц со двајцата претставници по што е предвидена и изјава.
Меркел: неопходна е доверба меѓу ЕУ и САД
Германскиот канцелар Ангела Меркел пред почетокот на самитот на Европската унија во Брисел изјави дека е неопходно да се обнови довербата меѓу Унијата и Соединетите држави. Таа додаде дека лутењето околу наводите оти Вашингтон го следел нејзиниот мобилен телефон не било од лични причини, туку во врска со почитувањето на граѓанското право на приватност. Вчера американскиот претседател Барак Обама ја уверил Меркел дека американските разузнавачки служби не го следат и нема да го следат нејзиниот мобилен.
Владата го усвои законот за објавување на даночните должници
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска во Дојран информира дека Владата го усвоила законот со кој јавно ќе се објавуваат имињата на должниците и оти ќе биде проследен во собраниска процедура. Ќе се објавуваат имињата на сите должници кои должат повеќе од 90 дена, односно за долг над 2 илјади евра за физички лица и над 5 илјади евра за правни лица по основ на даноци, царини, акцизи и придонеси. Даночниот должник неколку дена претходно ќе биде информиран дека доколку не го подмири долгот, ќе се најде на листата на должници.
Најмногу чини митото на Косово, најмалку во БиХ
Одделот на Обединетите нации за борба против криминалот и трговијата со дрога и Европската комисија во извештајот за корупцијата во Западен Балкан утврдиле дека во просек најмногу пари за мито за бизнис зделка се бара на Косово, 1787 евра. Најмалку пари за мито, според извештајот, бараат општинските и јавни службеници во Босна и Херцеговина, 327 евра. Во Македонија просекот за мито е 689, а во Албанија 904 евра.
Кличко, кандидат за претседател?
Светскиот шампион во бокс Виталиј Кличко, кој е лидер на укрианскиот опозициски Демократски сојуз за реформи ја повтори неговата намера да се кандидира за претседателските избори во март идната година. Ова тој го изјави само неколку часа откако парламентот ги усвои амандманите со кои украинци кои имаат постојано живеалиште во странска земја не можат да се сметаат за постојани жители на Украина. Според законот, само украинци кои најмалку 10 години имаат постојано живеалиште во Украина можат да се кандидираат за претседател. Кличко има постојано живелиште во Германија.
СЕЕМО загрижена за медиумите во Македонија
Организацијата за медиуми во Југоисточна Европа СЕЕМО денеска изрази загриженост од пресудата на новинарот Томислав Кежаровски, како и од спречувањето на новинарскиот протест во Скопје поради неговата долгогодишна казна. „Тие настани се алармантни и испраќаат јасна порака до другите новинари во земјата сами да се цензурираат и да прекинат со истражувачко новинарство. Ги повикувам властите веднаш да го ослободат Кежаровски, а од Советот на Европа и од Европската комисија која препорача почеток на пристапните преговори со Македонија силно да ги следи случувањата со медиумите во таа земја“, наведува генералниот секретар на СЕЕМО Оливер Вујовиќ.
ВМРО ДПМНЕ не поддржува разрешување на Вељановски
ВМРО ДПМНЕ не ја поддржува предлог одлуката за разрешување на претседателот на Собранието Трајко Вељановски и таа не мора да биде ставена на дневен ред на седница, бидејќи не е во форма на интерпелација, изјави денеска пратеникот Илија Димовски. Според него, барањата за Анкетната комисија и за надзорната расправа треба да бидат согласно со Деловникот и Законот за Собрание. СДСМ денеска во Собранието најави дека ќе поднесе предлог за разрешување на првиот парламентарец и оти ќе бара одржување надзорна расправа за нарушување на пресумпцијата на невиност, злоупотреба на притворот, загрозувањето на правото на изразување и медиумската слобода и одржување на посебна седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.
Ахмети се сретна со високиот комесар на ОБСЕ за заедници Торс
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во Скопје имаше средба со Високиот Комесар на ОБСЕ за заедници Астид Торс, која на таа функција го замени Кнут Волебек. Торс, како што се наведува во соопштението на ДУИ, изразила интерес за блиска соработка во афирмацијата на Охридскиот Договор и неговата прифатливост од сите граѓани, без оглед на етничката припадност. Ахмети од своја страна го нагласил постигнатиот напредок на Албанската заедница по 2001 година, но исто така подвлекол дека сите постигнувања се загрозуваат од статус квото во поглед на евроатлантските интеграции на Македонија.
Ставрески најави нова кредитна линија од ЕИБ
Македонија во ноември од Европската инвестициска банка ќе добие нова евтина кредитна линија во износ од 100 милиони евра, наменета за мали и средни претпријатија, најави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Според него, Бордот на ЕИБ утре треба да одлучи за новиот заем за Македонија, а парите треба да легнат на сметката на Македонската банка за поддршка на развојот во ноември и веднаш да станат оперативни за фирмите.
СДСМ бара разрешување на Вељаноски
Пратеничката група на СДСМ денеска најави дека ќе предложи одлука за разрешување на Трајко Вељаноски од функцијата претседател на Собранието. Барањето за разрешување на првиот парламентарец, како што изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски, е поради тоа што Вељаноски упорно го прекршува Уставот, законите и Деловникот, и свесно и директно работи на штета на угледот на институциите и правната држава. Исто така бара итно организирање на надзорна расправа за нарушување на пресумпцијата на невиност, злоупотреба на притворот, загрозувањето на правото на изразување и медиумската слобода.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете