Достапни линкови

Вести

Македонија ќе ја продолжи мисијата во Авганистан

Македонската армија ќе остане во Авганистан и по завршувањето на ИСАФ-мисијата во таа земја и тоа најверојатно во контингентот на Германија, јавува МИА од Брисел. Ова денеска го потврдил министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, по завршувањето на состанокот на Северно-атлантскито совет на НАТО што во седиштето на Алијансата се одржа со контрибуторите во мисијата во Авганистан што не се членки на НАТО.
Министерот Џафери, во својот говор порачал дека
водени од позитивното искуство, Македонија сака да продолжи во соработката со Германија.

ХК: Кривична пријава против наредбодавачот на полициската интервенција

Хелсиншкиот комитет во Македонија ќе поднесе кривична пријава против непознат полициски службеник кој ја издал незаконската наредба за спречување на денешниот протест на новинарите. Во соопштението е наведено дека според Законот за јавни собири, јавен собир за мирно изразување мислење или протест може да се одржува на секое место кое е соодветно, освен до здравствени установи, детски градинки и училишта. Според тоа, музеите не се забранети зони, се вели во соопштението и се додава дека правото на јавен собир и слобода на движење се темелни вредности на уставниот поредок. Хелсиншки наведува и дека полицијата употребила непотребна физичка сила против насобраните.

Средба Кери - Нетанјаху во Рим

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Рим разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток, како и за иранската нуклеарна програма. Кери изјави дека Иран мора да го убеди светот дека неговата нуклеарна програма е за мирољубиви цели, а Нетанјаху нагласи дека светот нема да прифати делумен договор и оти на преговорите мора да се бара од Техеран да запре со збогатувањето ураниум.

НАТО ќе продолжи да го помага Авганистан

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен изјави дека Алијансата ќе продолжи да го подржува АВганистан и по повлекувањето на странските зили од таа земја догодина. По состанокот со министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, Расмусен додаде дека подршката ќе биде политичка, финансиска и практична, но Авганистан мора да ги оствари ветените реформи. На состанокот, министрите разговараа за финалната фаза од безбедносната транзиција во Авганистан.

Музејот со соопштение против протестот на новинарите

Музејот на македонската борба за државност и самостојност остро реагира на денешниот протест кој се одржа пред институцијата од страна на новинарите.
- Ве молиме вашите протести да не ги одржувате пред музејските институции, како што тоа денеска го направивте пред Музејот на македонската борба. Не не користете за дневно-политички цели, држете ги вашите собири пред партиите и другите соодветни институции. Го разбираме правото на слободен протест и слободна мисла секаде и секогаш, но не може никого да уверите дека организирањето на овој настан токму денеска и токму тука немаше дневно-политичка позадина, се вели во соопштението од Музејот на македонската борба за државност и самостојност.
Во соопштението се подвлекува дека денес е голем ден за Република Македнија, ја одбележуваме нејзината долгогодишна борба за државност и самостојност. - Не го сквернавете овој голем празник и дозволете музеолошката дејност да функционира онака како што треба, стои во соопштението од Н.У. Музеј на македонската борба за државност и самостојност.

НАТО - Русија: напредоки отворени прашања

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека има напредок во односите на Алијансата со Русија, но дека двете страни се уште не најдоа заеднички јазик за голем број прашања.
На отворањето на Советот nНАТО-Русија во Брисел, Расмусен изјави дека не е никаква тајна оти се уште не е најден начин како да се придвижат работите околу ракетната одбрана.

Премиерите на Косово, Албанија и Турција во Приштина

Реџеп Таип Ердоган
Реџеп Таип Ердоган
Премиерите на Косово, Хашим Тачи, на Албанија, Еди Рама и на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска ќе се сретнат во Приштина Косово. Средбата се одржува на покана на Тачи по повод пуштањето во употреба на новиот терминал на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина, кој под концесија го има турската компанија „Лимак“.

Во серија напади во Анбар загинаа 19 лица

anbar
anbar
Најмалку 19 луѓе биле убиени во серија напади во западниот дел на ирачката провинцијата Анбар во текот на ноќта Според властите, цел на нападите биле полициските сили. Во еден напад, камион натоварен со експлозив разнесол мост и при уривањето загинале четири полицајци на контролен пункт и три возачи на камиони. Други напади беа извршени во градот Рутба. Според АФП, над 520 луѓе се убиени во насилствата во Ирак досега овој месец.

Отпуштен вработен во Белата Ќука

U.S. -- A dog runs to its owner as visitors flock back to the Lincoln Memorial after it was reopened to the pubic in Washington October 17, 2013.
U.S. -- A dog runs to its owner as visitors flock back to the Lincoln Memorial after it was reopened to the pubic in Washington October 17, 2013.
Член на националната безбедност Белата куќа е отпуштен поради навредливи пораки испраќани преку Твитер.
Според веб сајтот Дејли Бист, Џофи Јосиф, вработен во Националниот совет за нуклеарно неширење, бил отпуштен откако бил идентификуван како автор на твитови испратени под прекар @ NatSecWonk.
Тој навредувал високи личности во администрацијата на претседателот Барак Обама, конзервативни коментатори, и политичари од опозиционата Републиканска партија.
Џозеф се извини дека било привилегија да служи во оваа администрација оти длабоко жали за кршењето на довербата.

Специјалци го спречија новинарскиот протест

Новинарите кои сакаа мирно да го изразат незадоволство поради казната затвор на новинарот Кежаровски беа спречени да дојдат до Музејот на македонската борба. Имено, кордон полицајци ги спречиле да пристапат на закажаното место за да одржат мирен протест, по што новинарите се обидоа да го пробијат кордонот.
Но потоа беа повикани специјални полициски сили кои ги заобиколија новинарите. Како што е познато Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски повика на мирен протест денес во 12.05 пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност.
Во оваа пресуда на Основниот суд Скопје 1, останатите обвинети меѓу кои имаше судии, адвокати и обвинители добија казна затвор од 1 до 5 години. Судскиот процес за овој случај траеше два месеца. Тие беа обвинети за примање поткуп, злоупотреба на службена положба, неовластено оддавање информации и податоци за заштитен сведок.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG