Вести
Филипини: 12 жртви од тајфунот Нари
Најмалку 12 лица загинаа денеска на Филипини при ударот на тајфунот Нари, а повеќе од два милиони луѓе останаа без електрична енергија, соопштија властите во Манила. Нари најпрвин ги зафати источните брегови на Филипините а потоа тргна кон западните зафаќајќи ја плодната земја на островот Лусон. Голем дел од подрачјата се поплавени.
Сирија:експлозија крај хотелот со инспекторите на ООН
Во експлозија на две гранати во близина на хотелот во кој биле сместени меѓународните инспектори на ООН, денеска во Дамаск е убиено едно дете а 11 лица се повредени, јавија државните сиријски медиуми.Едната од бомбите паднала покрај училиште а другата на покривот. Екслозиите се случиле на 300 метри од хотелот Четири годишни времиња каде што биле сместени инспекторите на ООН за хемиско разоружување и други претставници на ООН.
СДСМ бара јавна дебата со владините министри за предлог мерката за ДДВ
СДСМ ја обвини Владата дека неаргументирано ја одбива нивната предлог мерка за враќање на 15% од ДДВ.
Потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов на прес-конференција оцени дека ВМРО ДПМНЕ со вчерашната реакција на последната изјава на Зоран Заев за оваа предог-мерка, манипулирала наместо да даде издржан коментар со факти и бројки.
Според него, во буџетот на РМ, по основ на ДДВ, годишно се собираат околу 45 милијарди денари, а даночното затајување се проценува на околу 35%. СДСМ тврди дека со предложената мерка затајувањето кај ДДВ-то би се намалило за две третини и тогаш во буџетот би се собирале 55 милијарди денари годишно по основ на ДДВ.
Узунов ги повика министрите во Владата, за ефектите од примената на мерката на СДСМ да излезат на отворена јавна дебата.

Иран побара од Авганистан да ја ослободи водата
Ирански пратеник го повика Авганистан да ослободи повеќе вода за да се спаси регионално езеро. Медиумите јавија дека брзото сушење на езерото Хамун во југоисточниот дел од земјата се должи на недостигот од вода. Езеротот се суши со децении но пратеникот Пирмозаен рече дека најновата состојба се должи на големиот број изградени брани на реките кои се влеваат во него од страна на Авганистан.Авганистан и Иран имаат потпишано договор за слободен проток на прекуграничните води уште во 1973 година.
Азербејџaн: Протести против реизборот на Алиев
Опозициските активисти се собираат на стадионот во главниот град на Азербејџан да се спротивстават на убедливата победа на претседателот Илхам Алиев што се случи неделава. Собирот се случува на повик на опозициската Национален совет на демократските сили.Според официјалните резултати, Алиев беше избран за трет петгодишен мандат со 85 насто од гласовите. Кандидатот на опозицијата, Камил Хасанли освои 5 насто од гласовите. Набљудувачите на ОБСЕ ги оценија анкетите како „сериозно погрешни“ велејќи дека тие се нарушени од страна на рестриктивната медиумска атмосфера и заплашувањата.
САД: дозволено натамошно снимање телефонски разговори
Тајниот американски суд кој се занимава со надзор на терористичката и странска шпионажа ја овласти Националната агенција за безбедност да продолжи со собирање снимки од телефонски разговори на лица во САД.
Директорот на националнотот разузнавање на САД, Џејмс Клепер соопшти дека ова е дел од напорите на администрацијата на Обама подобро да се објасни како американските разузнавачки агенции ги користат податоците добиени од извори во САД.
Протекувањето на информациите пролетта преку поранешниот разузнавач Сноуден откри дека американските агенции собираат милиони податоци за тоа кој кого повикал и колку долго траеле разговорите во САД. Критичарите пак ова го нарекуваат нарушување на приватноста и злоупотреба во контекст на борбата против тероризмот.

Расмусен: Западен Балкан да продолжи со реформите
Вратата на НАТО останува отворена за земјите од Западен Балкан, порача генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен и оцени дека Хрватска може да помогне во неопходните реформи на тој пат.Но земјите кои тежат кон членство мораат да ги направат неопходните реформи за да минат низ таа врата, рече синоќа Расмусен во Дубровник, по средбата со шефот на хрватската дипломатија Весна Пусиќ.Во Дубровник вчера почна 59. годишна седница на Парламентарното Собрание на НАТО, која ќе трае до 14 октомври
Локалните избори на Косово ќе ги следат 7029 набљудувачи
Косовската Централна изборна комисија соопшти синоќа дека локалните избори во Косово, кои ќе бидат одржани на 3 ноември, ќе ги следат 7.029 набљудувачи.
Според информациите од ЦИК, набљудувачите на изборниот процес за локалните избори се од четири политички субјекти, две меѓународни организации и една амбасада.
ЦИК именуваше Совети на гласачките места за локалните избори во 38 општини и донесе одлука за одредување надзорни комисии за печатење гласачки ливчиња.
Пјонгјанг го отфрли предлогот на САД за договор за ненапаѓање
Северна Кореја го отфрли договорот за ненапаѓање кој го понуди американскиот државен секретар Џон Кери минатата недела под услов Пјонгјанг да се откаже од нуклеарната програма. Севернокорејските медиуми денеска јавија дека портпаролот на Националната комисија за одбрана рекол дека САД треба претходно да ги укинат санкциите кон Северна Кореја воведени поради нуклерната проба која земјата ја спровела во февруари.Во текот на посетата на Јапонија, минатата недела, Кери рече дека на Северна Кореја вратата за преговори и е отворена доколку се откаже од атомското оружје и ги исполни меѓународните барања.
Пакистанската активистка Малала се сретна со Обама
Пакистанската тинејџерка активист за образование, Малала Јусуфзаи, која преживеа обид за атентат од страна на талибанците, минатата година, се сретна со американскиот претседател, Барак Обама, во Белата Куќа.
Во соопштението од Белата Куќа се вели дека Обама и неговата сопруга, Мишел и се заблагодариле на 16-годишната Малала за нејзината посветеност на образованието на девојчињата во Пакистан. Јусуфзаи му се заблагодарила на Обама за поддршката на образованието во Пакистан и во Авганистан како и на сириските бегалци. Малала е номинирана за Нобеловата награда за мир за оваа година.

Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете